За Силата на Младите
Јас Сум Ученик на Исус Христос
Јануари 2024


„Јас Сум Ученик на Исус Христос,“ За Силата на Младината јан. 2024.

Месечна Порака за јануари на За Силата на Младината , 2024

Јас Сум Ученик на Исус Христос

Можете да го следите Спасителот и да го ширите Неговото слово а другите.

Слика
2024 лого на Младинска Тема

Дали некогаш сте се прашувале зошто, после исцелување на народот, Исус им кажа на некои од нив да не кажуваат никому (види Марко 7:36)? Една причина можеби еповрзана со типот на следбеници кои на Него му се потребни. Можеби мислите дека ако народот зборува наоколу за нивните исцелувања тоа би било добар начин за Исус да привлече следбеници. Сепак, на Исус не му требале само следбеници. Нему му требале ученици.

Исус им кажал на Петар и Андреј, „Следете ме“ (Матеј 4:19). Преводот на Џозеф Смит вели, „Јас сум тој за кого е пишано од пророците; следете ме“ (Џозеф Смит Превод, Матеј 4:18 [во Матеј 4:19, фуснота а]). Поканата беше да не се дружат со Него само некое време. Тој сакаше тие засекогаш да бидат Негови ученици.

Тој не сакаше само да го гледаат како Тој ги поучува луѓето, ги сака, и прави чуда. Тој сакаше и тие да го прават истото. Тој сакаше Неговото дело да стане нивно дело. Одбирајќи го Христос значело да научат да служат како што Тој служеше и да размислуваат ат како што Тој мисли. Ќе се обидуваат да живеат како Него, и Тој ќе ги подучува и ќе им ја даде потребната помош за да станат повеќекако Него.

Слика
Исус Христос

Грчкиот збор за ученик е mathetes. Тоа значи повеќе од следбеник односно ученик. Тоа често се преведува како чирак или калфа. Во Христовото време, учениците вообичаено го избирале учителот од кого сакале да научат, со цел и самите да станат учители. Христос не ја следел вообичаената пракса. Го сторил спротивното и наместо тоа ги побарал Неговите ученици. Денес, Христос нѐ повикува да дојдеме при Него. Тој нѐ повикува да бидеме Негови ученици и да го објавуваме Неговото слово помеѓу Неговиот народ за да може да имаат вечен живот (види 3 Нефи 5:13).

Една млада жена од Хаити на Карибите ја покажа нејзнината желба да биде учител на Христос со тоа што ја покани нејзината пријателка која не беше член на Црквата да дојде со неа на конференција ЗСМ. Таткото на нејзината пријателка прво не сакал да и даде дозвола на неговата ќерка да оди. Црковните водачи ги објасниле позитивните искуства што ја чекаат и ги претставиле прексрасните советници за млади возрасни лица кои би ја надгледувале. Таткото дал дозвола неговата ќерка да присуствува, и откако видел каква промена направи тоа кај неа, тој и даде дозвола да присуствува на Црковни средби—и по шест месеци—да биде крстена.

Еден млад маж од Аргентина во Јужна Америка ја изрази својата желба да стане Христов ученик преку споделување на дел од неговата бомбона со пријател додека се возеа со автобус кон училиште. Кога дошиол до дел што има вкус на кафе, тој објаснил дека никогаш не развил вкус за кафе идејќи никој во неговото семејство на пие кафе. Тоа ги одвело до разговор за Црквата, по што следела покана да дојде на средбите, што на крај резултира неговиот пријател да се приклучи на Црквата и да отслужи мисија во Чиле.

Не секој кој разговара за Црквата или е поканет на Црковна активност ќе сака да се приклучи. Тоа е во ред! Ниту сите му се придружија на Христос додека Тој раговараше со нив за време на Неговата служба на земјата. Сепак, додека избираме да сме ученици на Исус Христос и да го објавуваме Неговото слово, Тој ќе ни даде храброст и божествена помош. Ние ќе научиме како да наликуваме се повеќе на Него, а тоа е она што учениците го прават.