За Силата на Младите
Живеам ли „среќно“?
Февруари 2024


Живеам ли „среќно“? For the Strength of Youth, феб. 2024.

Месечна Порака на For the Strength of Youth , февруари 2024

2 Нефи 5

Живеам ли „среќно“?

Еве неколку идеи за вас да живеете на начинот на кој живеел народот на Нефи.

Слика
млади

Илустрација на Алисија Гонзалес

Кратко откако се разделиле од Ламанитите, народот на Нефи му порачал на неговиот „живејте среќно“ (2 Нефи 5:27). Имајќи предвид дека постоеше друга група на луѓе кои сакаа да ги убијат (види 2 Нефи 5:1–6, 14), ова може да биде изненадувачки. Како може некој да биде среќен под вакви околности?

Најпрвин, приметете дека “ние жвеевме среќно“ не значи дека „секој Нефит (припадник на народот Нефи) бил среќен 24/7“. Изразот значи дека тие живееле на одреден начин, и правеле такви работи што обично водат кон среќа. Сѐ на сѐ, и покрај нивните предизвици, тоа било среќно време.

Значи што е „среќа“? Како да ја удвоиме во нашите сопствени животи, кои исто така имаат предизвици? Ајде да погледнеме!

  • Бидете покорни. „И ние гледавме да се држиме до … заповедите на Господ” (2 Нефи 5:10).

    Да се живее евангелето е чекор 1. Можеби сте привремено среќни со сопствениот грев, но тоа нема да трае долго. Намерно непочитување на Бога не е „среќа“ (види Алма 41:10).

  • Пребарај во Светите писма. „Јас Нефи ги … донесов записите што се врежани врз месинганите плочи” (2 Нефи 5:12). „Ние … ги прелиставме и откривме дека тие се посакувани; да, дури и многу вредни за нас” (1 Нефи 5:21) .

    Нефиевиот народ ги има светите писма. А тие не само што ги имаа –туку тие и ги прелистуваа.

  • Слушајте ги инспирираните водачи. „Јас, Нефи, ги осветив Јаков и Џозеф, за да станат свештеници на … мојот народ” (2 Нефи 5:26).

    Овие учители ги користеа светите писма како свој водич (види 2 Нефи 4:15; 6:4).

  • Одете во храмот (и другите свети места). „Јас, Нефи, изградив храм” (2 Нефи 5:16).

    Важно е да се имаат свети места како простории за средби и храмови за да можат следбениците да се собираат и да му се восхитуваат. (Претпоставуваме дека Нефитите не само што имале храм—туку и го користеле.) Ако не можете да посетите храм лично, секогаш можете да работите на вашата семејна историја.

  • Бидете продуктивни. „Го учев мојот народ да гради градби, и да работи. … [Јас] предизвикував мојот народ да биде трудољубив, и да работи со сопствени раце” (2 Нефи 5:15, 17).

    Дел од „среќата“ е да се има што да се прави! Како задача, работа и одговорност–нешто што ви дава фокус и цел (со соодветно време за да се опуштите, секако) Тешко е да се биде среќен доколку цело време се досадувате.

Дали би рекле дека во моментот живеете среќно? Доколку не е така, можеби примерот на Нефи може да ви даде неколку идеи како да се подобрите.