Исус Христос
Живиот Христос


Живиот Христос

Сведоштвото на Апостолите

Додека го одбележуваме раѓањето на Исус Христос пред два милениуми, ние го нудиме нашето сведоштво за реалноста за Неговиот неспоредлив живот и неограничената доблест на Неговата голема помирувачка жртва. Ниту еден друг немал толку длабоко влијание врз сите кои живееле и кои допрва ќе живеат на земјата.

Тој беше Големиот Јехова на Стариот Завет, Месијата на Новиот. Под водство од Неговиот Отец, Тој беше создавач на земјата. „Сите нешта беа создадени од Него; и без Него ништо не беше создадено од тоа што беше создадено“ (Јован 1:3). Иако безгрешен, Тој беше крстен да ја исполни сета праведност. „Тој одеше наоколу правејќи добро“ (Дела 10:38), сепак беше презиран за тоа. Неговото евангелие беше порака за мир и добра волја. Тој ги замоли сите да го следат Неговиот пример. Тој чекореше по патиштата на Палестина, исцелувајќи ги болните, овозможувајќи на слепите да прогледаат, и оживувајќи ги мртвите. Тој поучуваше за вистините на вечноста, реалноста на нашето предсмртно постоење, целта на нашиот живот на земјата, и можностите за синовите и ќерките на Бог во животот што следи.

Тој го воспостави сакраментот како потсетник на Неговата голема помирувачка жртва. Тој беше уапсен и обвинет за лажни обвиненија, обвинет да се задоволи толпа, и осуден да умре на крстот на Голгота. Тој го даде Неговиот живот да се помири за гревовите на сето човештво. Неговиот беше голем и произлезен дар во името на сите кои некогаш ќе живеат на земјата.

Ние свечено сведочиме дека Неговиот живот, што е во центарот на целата човечка историја, ниту започна во Витлеем ниту заврши на Голгота. Тој беше Првородениот од Отецот, Единородениот Син во телото, Искупителот на светот.

Тој се крена од гробот да „стане прв плод на оние кои спиеја“ (1 Коринтјаните 15:20). Како Воскреснат Господ, Тој ги посети оние кои беше ги љубел во животот. Тој исто така служеше помеѓу Неговите „други овци“ (Јован 10:16) во древна Америка. Во современиот свет, Тој и Неговиот Отец му се појавија на момчето Џозеф Смит, воведувајќи го долговетуваното „уредување за целината на времињата“ (Ефесјаните 1:10).

За Живиот Христос, Пророкот Џозеф напиша: „Неговите очи беа како огнен пламен; косата на неговата глава беше бела како чиста снег; Неговиот лик сјаеше повеќе од осветленоста на сонцето; и Неговиот глас беше како звукот на течението на големите води, и тоа гласот на Јехова, велејќи:

„Јас сум првиот и последниот; Јас сум Тој што живее, Јас сум Тој што беше убиен; Јас сум вашиот адвокат со Отецот“ (УИЗ 110:3–4).

За Него Пророкот исто објави: „И сега, после многу сведоштва кои беа дадени за Него, ова е сведоштвото, последно од сите, кое ние го даваме за Него: Дека Тој живее!

„Зашто ние го видовме, и тоа од десната страна на Бог; и го слушнавме гласот како води запис дека Тој е Единородениот од Отецот—

„Дека преку Него, и низ Него, и од Него, световите се и беа создадени, и тамошните жители се родени синови и ќерки на Бог“ (УИЗ 76:22–24).

Ние објавуваме со свечени зборови дека Неговото свештенство и Неговата Црква беа обновени на земјата—„изградени врз основата на…апостоли и пророци, Исус Христос самиот како главен камен темелник“ (Ефесјаните 2:20).

Ние сведочиме дека Тој еден ден ќе се врати на земјата. „И славата на Господ ќе биде откриена, и сите луѓе ќе ја видат заедно“ (Исаија 40:5). Тој ќе господари како Цар над Царевите и ќе владее како Господ над Господарите, и секое колено ќе клекне и секој јазик ќе зборува со богослужба пред Него. Секој од нас ќе стои да биде суден од Него според нашите дела и желбите на нашето срце.

Ние сведочиме, како Негови соодветно ракоположени Апостоли—дека Исус е Живиот Христос, бесмртниот Син на Бог. Тој е големиот Цар Имануел, кој денес стои на десната страна на Неговиот Отец. Тој е светлината, животот, и надежта на светот. Неговиот начин е патот кој води до среќа во овој живот и вечен живот во светот што следи. Да Му се заблагодариме на Бог за неспоредливиот дар на Неговиот божествен Син.

Првото Претседателство

Слика
потписи

Јануари 1, 2000

Кворумот на Дванаесетте

Слика
потписи
Слика
потписи