Генерална Конференција
Исус Христос е Силата на Родителите
Април 2023 генерална конференција


Исус Христос е Силата на Родителите

Помогнете му на вашето дете да изгради вера во Исус Христос; да го љуби Неговото евангелие и Неговата Црква; да подготви животен век за правилни избори.

Еднаш многу одамна, еден татко се спремаше да замине за вечерна средба на епископијата. Неговата четиригодишна ќерка го згази, носејќи пиџами и држејќи копија од Приказните во Книгата на Мормон.

„Зошто мораш да одиш на средба?“ таа праша.

„Поради тоа што Јас сум советник во епископија,“ тој одговори.

„Но ти си мојот татко!“ неговата ќерка протестираше.

Тој клекна пред неа. „Душо,“ тој кажа, „Јас знам дека ти сакаш јас да ти читам на тебе и да ти помогнам да спиеш, но вечерва Јас треба да му помогнам на епископот.“

Неговата ќерка одговори, „Зарем епископот нема татко да му помогне да заспие?“

Ние сме вечно благодарни за безбројните членови кои служат трудољубиво во Црквата на Исус Христос секој ден. Вашата жртва е навистина света.

Но како што оваа девојка изгледа разбираше, постои нешто поддеднакво свето—нешто незаменливо—за еден родител кој одгледува дете. Тоа го одразува моделот на небесата.1 Нашиот Отец на небесата, нашиот Божествен Родител, сигурно ужива кога неговите деца се поучени и негувани од нивните родители на земјата.2

Родители, ви благодарам за се што правите да ги пораснете вашите деца. И деца, ви благодариме за се што правите да ги одгледате вашите родители, поради тоа што секој родител знае, ние често ги учиме нашите деца за вера, надеж, и милосрдие додека учат од нас!3

Родителите Имаат Света Должност

Дали некогаш сте помислиле на огромниот ризик што нашиот Отец на Небесата го презема секогаш кога испраќа дете на земјата? Ова се Неговите синови и ќерки. Тие имаат неограничен потенцијал. Тие се предодредени да станат величествени суштества на добрина, благодат, и вистина. А сепак, тие доаѓаат на земјата комплетно беспомошни, едвај можат да направат нешто освен на довикуваат за помош. Сеќавањето за нивното име во присуството на Бог е покриено, заедно со знаењето за тоа кои навистина се и кои може да станат. Тие го формираат нивното разбирање за животот, љубовта, Бог, и нивниот план базирано на тоа што набљудуваат од луѓето наоколу нив—особено нивните родители, кои, искрено, сеуште се обидуваат да ги откријат нештата самите.

Слика
Новородено бебе

Бог им дал на родителите, „света должност да ги одгледаат нивните деца со љубов и праведност, да обезбедат за нивните физички и духовни потреби, и да ги поучуваат нив да ги запазуваат заповедите на Бог.“4

Тоа е доволно да ги држи дури и најдобрите родители будни ноќе.

Мојата порака за сите родители, е следнава:

Господ ве љуби.

Тој е со вас.

Тој стои покрај вас.

Тој е ваша сила при водење на вашите деца да се донесуваат праведни избори.

Прифатете ја оваа привилегија и одговорност храбро и радосно. Не се обидувајте да го распределите овој извор на небесни благослови до било кој друг. Во рамката на евангелиските вредности и принципи, вие сте одговорни ако Бог ве води и вашето дете во детали на дневниот живот. Помогнете му на вашето дете да изгради вера во Исус Христос; да го љуби Неговото евангелие и Неговата Црква; да подготви животен век за правилни избори. Всушност, тоа е Божјиот план за родителите.

Сатаната ќе ви се противи, ќе ви одвлекува внимание, ќе се обиде да ве обесхрабри.

Но секое дете има примено Светлината на Христос како директна поврзаност со небесата. И Спасителот ќе ви помогне, води, и охрабри. Барајте Негова Помош. Прашајте го Господ!

Слика
Господ Исус Христос

Како што Исус Христос е силата на младината, Исус Христос е исто силата на родителите.

Тој ја Величи Љубовта

Понекогаш може да се запрашаме ако некој друг може да е подобро квалификуван да ги води и учи нашите деца. Но без разлика колку неадекватно може да се чувствувате, вие имате нешто кое уникатно ве квалификува:

Љубовта на родителот за едно дете е една од најсилните сили во универзумот. Тоа е едно од малкуте нешта на оваа земја кое навистина може да биде вечна.

Сега, можеби вие може да почувствувате дека вашата врска со вашето дете е помалку од идеална. Тука доаѓа моќта на Спасителот. Тој ги исцелува болните, и Тој може да исцелува врски. Тој ги размножува лебот и рибата, и може да ја размножи љубовта и радоста во вашиот дом.

Вашата љубов за вашите деца создава богата средина за поучување на вистината и градење на вера. Направете го вашиот дом куќа на молитва, учење, и вера; една куќа на радосни искуства, едно припаѓање, една куќа на Бог.5 И „молете се на Отецот со сета енергија на срцето, дека [вие] може да бидете исполнети со [Неговата] љубов, која тој ја [дарува] врз … следбениците на неговиот Син, Исус Христос.”6

Тој ги Величи Малите и Едноставни Напори

Уште една сила имате, како родител, а тоа е можноста за дневно, продолжено влијание. Врсници, учители, и медиа инфлуенсери доаѓаат и одат. Но вие може да сте напостојаното стабилно влијание во животот на вашето дете.

Вашите напори може да делуваат мали во споредба со големите гласови кои вашите деца ги слушаат во светот. Понекогаш, може да не се чувствува дека си постигнал многу. Но запомнете дека „преку мали нешта Господ може да доведе многу големи нешта.“7 За време на домашна вечер, еден евангелски разговор, или еден добар пример може нема да го промени животот на вашето дете за еден момент, не повеќе од тоа што една капка дожд предизвикува растението да расте веднаш. Но постојаноста на мали и едноставни нешта, ден по ден, ги негува вашите деца многу подобро од ситуациона поплава.8

Тоа е Господовиот пат. Тој говори на вас и вашето дете со мирен, мал глас, а не глас на грмотевица.9 Тој го исцели Наман не преку „некое големо нешто“ туку преку едниставен, повторен чин на миење.10 Децата на Израел уживаат на гозбата од птици во дивината, но тоа што ги одржуваше живи беа малото и едноставно нешто на мана—нивниот дневен леб.11

Браќа и сестри, дневниот леб е најдобро подготвен и послужен во домот. Вера и сведоштво се најдобро негувани на нормални и природни начини, по еден гриз, во мали и едноставни моменти, во постојан тек на дневно живеење.12

Секој момент е момент за поучување. Секој ваш збор и дело може да се водич за правење избори.13

Може да не видите за непосредните ефекти на вашите напори. Но не се предавајте. „Сите нешта мора да се остварат,“ кажа Господ. „Затоа, не бидете уморни во правење добро, за [вас] се поставување на основа на големо дело.“14 Кое дело може да биде поголемо од помагање на скапоцените Божји деца да научат кои се навистина и да изградат вера во Исус Христос, Неговото евангелие, и Неговата Црква? Исус Христос ќе ве благослови и зголеми вашите напори.

Тој Дава Откровение

Уште еден моќен начин на кој Господ ги поддржува родителите е преку непсоредлив дар на лично откровение. Тој е желен да го излее Неговиот Дух да ги води родителите.

Додека се молите и сте чувствителни на Духот, Тој ќе ве предупреди за скриени опасности.15 Тој ќе ги открие даровите на вашите деца, силите, и некажаните грижи.16 Бог ќе помогне да ги видите вашите деца како што Тој ги гледа—вон нивен надворешен изглед и во нивните срца.17

Со Божја помош, можете да научите да ги знаете вашите деца на чист и небесен начин. Јас ве поканувам да ја прифатите Божјата понуда да го водите вашето семејство преку лично откровение. Барајте го Неговото водство во вашите молитви.18

Моќна Промена

Можеби најважната помош што Исус Христос ја нуди на родителите е „семоќната промена“ во вашето срце.19 Тоа е чудо што на секој од нас му треба.

За момент, замислете ја оваа ситуација: Вие сте во црква, слушајќи говор за семејства. Говорникот опишува дом и дури и посовршено семејство. Сопругот и сопругата никогаш не се расправаат. Децата единствнео престануваат да ги читаат светите писма кога е време за домашна задача И музиката на „Љубете Се Еден Со Друг“20 е пуштена во позадина. Пред говорникот да стигне до делот каде што сите заедно радосно се придружуваат да ја исчистат бањата, вие веќе мислите, „Моето семејство е безнадежно.“

Драги браќа и сестри, опуштете се! Сите на собирот мислат за истото нешто! Всушност, сите родители се грижат дека не се доволно добри.

За среќа, постои божествен извор на помош за родители: Тоа е Исус Христос. Тој е изворот на нашата моќна промена на срцето.

Додека се доближувате до Спасителот и Неговите поучувања, Тој ќе ви ја покаже вашата слабост. Ако му верувате на Исус Христос, Тој ќе ги направи слабите нешта да станат силни.21 Тој е Прицот на Мирот.

Дали тоа значи дека вие и вашето семејство ќе бидете совршени како една слика? Не. Но вие ќе станете подобри. Преку благодатта на Спасителот, малку по малку, ќе развиете повеќе од особините што им се потребни на родителите: љубов за Бог и Неговите деца, трпение, несебичност, вера во Христа и храброст да се направат праведни избори..

Исус Христос Нуди Поддршка преку Неговата Црква

Напорот да се изгради вера во Исус Христос е фокусиран на домот, фокусиран на индивидуалното. И е поддржано од Црквата. Покрај светите писма и зборовите на пророците, Црквата на Спасителот нуди многу ресурси да се помогне на родители и деца да направат правилни избори:

Слика
За Силата на Младината: Водич за Правење Избори беше претставен мината конференција.
  • За Силата на Младината: Водич за Правење Избори не ви дава список на што треба и што не треба. Тоа поучува за вечни вистини за да помогне да се направат избори фокусирани на животот и учењата на Исус Христос. Читајте го со вашите деца. Нека зборуваат за тоа. Помогнете им да ги водат овие вечни и божествени вистини нивните избори.22

  • ЗСМ конференциите се уште еден одличен извор. Се надевам дека секоја младина ќе присуствува. Јас ги поканувам младите невенчани да се придружат на овие конференции како ментори и советници. Јас поканувам родители да изградат врз духивниот моментум кој нивните мллади го носат дома од ЗСМ конференции.

  • Децата и младите во Црквата на Иус Христос на Светците од Подоцнежните Дни биле учители, лидери, и ментори. Често вие внесувате млад човечки живот во круцијален момент да изградите и поддржите вера и сведоштво. Некои од вас се невенчани возрасни членови. Некои никогаш немале свои деца. Вашата радосна служба кон Божјите деца е света во очите на Бог.23

Никогаш не се откажувајте од Чудото

Мои драги пријатели, градење на вера во едно дете е како да му се помага на цвет на расте. Не можете да го истегнете стеблото за да стане повисоко. Не можете да го отворите плодот за да расцвета порано. И вие не можете да запоставите цветот и да очекувате да расте или да цвета спонтано.

Тоа што вие можете и морате да го сторите за претстојното поколение е да обезбедите богата, негувата почва, со пристап до тек на небесна вода. Отстранете треви и било што други што би блокирало сончева светлина. Создајте најдобри можни услови за раст. Трпеливо дозволете претстојното поколение да прави инспирирани избори и дозволете му на Бог да делува со Негово чудо. Резултатите ќе бидат поубави и позапрепастувачки и порадосни отколку било што да произведете сами по себе.

Во планот на нашиот Небесен Отец, врските на семејствата треба да бидат вечни. Ова е зошто, како родител, вие никогаш не се откажувате, дури и ако не сте горди од тоа како нештата се одвивале во минатото.

Со Исус Христос, Главниот Исцелител и Спасител, секогаш може да има нов почеток; Тој секогаш дава надеж.

Исус Христос е силата на семејствата.

Исус Христос е силата на младината.

Исус Христос е силата на родителите.

За ова јас сведочам, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Вродено речиси во секој родител е желбата да ги поучи неговите или нејзините деца на морални долблести. Ова е дел од чудото на планот на Небесниот Отец. Тој сака Неговите деца да дојдат на земјата, следејќи го вечниот модел на семејства кои постојат на небесата. Семејствата се основна организациона единица во вечни царства, и така Тој има намера за нив исто да бидат основа единица на земјата. Иако земните семејства се далеку од совршени, тие им даваат на божјите деца најдобра шанса да бидат пречекани во светот со единствената љубов која доаѓа поблизу до тоа што го чувствуваме на небесата—родителска љубов. Семејствата се исто така најдобар начин да заштитиме и да пренесеме морални доблести и вистински принципи кои најверојатно ќе не водат во Божјото присуство“, (Хенри Б. Ајринг, „Собирање на Семејството на Бог,“ Лиахона, Мај 2017, 20).

  2. Секако, знаеме дека волјата на Бог не е секогаш исполнета „на земјата, како што е на небесата“ (Матеј 6:10). Смртното родителство секако избледува во споредба со идеалите на Бог. Тој сигурно го гледа тоа. Тој мора да оплакува врз сите таги и срцеви болки за семејните врски. А сепак, Тој не се откажал од семејството. И Тој нема, зашто Бог има величествен план за вечната судбина на Неговите деца. И фокусот на тој план е семејството.

  3. Види Матеј 18:1–5; Мосија 3:19.

  4. Семејство: Проглас кон Светот”, ЦркватанаИсусХристос.орг; видете исто Учење и Завети 68:25–28.

  5. Види “Учење во Домот е Основано на Врски,” Поучување на Патот на Спасителот: За Сите Тие што се во Домот и во Црквата (2022), 30–31; види исто Учење и Завети 109:8.

  6. Морони 7:48.

  7. 1 Нефи 16:29; види исто така Алма 37:6–7.

  8. Видете “Учење во Домот се Состои од Мали, Едноставни, Постојани Напори,“ Поучување на Начинот на Спасителот, 31. Претседател Дејвид О. Меккеј поучуваше: „Да не мислиме дека, поради некои [нешта] што изгледаат мали и тривијални, дека не се важни. Животот, после се, е создаден од мали нешта. Нашиот живот, нашето битие, физичко, е создадено од мали срцеви отчукувања. Ако тоа мало срце престане да чука, животот на овој свет престанува. Големото сонце е семоќна сила во универзумот, но ние ги примаме благословите од [неговите] зраци поради тоа што тие доаѓаат кај нас како мали зраци, кои, пресметани, го исполнуваат сиот свет со сончева светлина. Мрачната ноќ е се попријатна од сјајот на тоа што изгледа како мали ѕвезди; па така вистинскиот Христијанин е создаден од мали Христијански делувања овој час, оваа минути, во овој дом“ (Учења на Претседатели на Црквата: Дејвид О. Меккеј [2003], 219).

  9. Види Хеламан 5:30.

  10. Види 2 Цареви 5:9-14.

  11. Види Излез 16.

  12. Види „Подготвување на Вашите Деца за Живот на Заветениот Пат на Бог,,“ Дојдете, Следете Ме—За Индивидуалци и Семејства: Нов Завет 2023, дополнување (само дигитално).

  13. Види “Учење Дома Може да Биде Планирано но Исто и Спонтано,” Поучување на Начин на Спасителот, 31; 1 Петар 3:15.

  14. Учење и Завети 64:32-33.

  15. Види Матеј 2:13.

  16. Види Алма 40:1; 41:1; 42:1.

  17. Види 1 Самуил 16:7.

  18. Види 1 Нефи 15:8.

  19. Алма 5:13.

  20. Видете “Љубете се Едни со Други,” Химни, бр. 308.

  21. Види Етер 12:27,

  22. „Во случајот на децата, одговорноста на давање на морално водство почива со родителите. Тие знаат за наклонетоста, разбирањето, и интелигенцијата на секое дете. Родители минуваат животен век да се воспостават и одржат добри комуникации едни со други за нивните деца. Тие се во најдобра позиција да донесат крајни морални одлуки како што се благосостојбата и доброто на нивното потомство“ “Потешките Работи на Законот: Пресуда, Милост, и Вера,“ Енсајн, Ное. 1997, 54).

  23. Две други извори кои вреди да се споменат: Дигиталната верзија на оваа година Дојдете, Следете Ме извор вклучува и ново поглавје насловено „Подготвување на Вашите деца за Животтен Век на Заветениот Пат на Бог.“ Тоа сугерира едноставни, домашно фокусирани идеи за помагање на деца да се подготват за крштавање и други завети и обреди. И ново обновените Поучување на Начинот на Спасителот има поглавје насловено “Дом и Семејство” кое опишува како принципите на Христоликото поучување се применуваат на домот (види страни 30-31).