Свети Писма
Омни 1


Книгата на Омни

Глава 1

Омни, Амарон, Чемиш, Абинадом, и Амаликиј, сите со ред, ги чуваат записите—Мосија го открива народот од Зарахемла, кои дојдоа од Ерусалим во деновите на Седекиј—Мосија е прогласен за цар над нив—Потомците на Мулек во Зарахемла беа го откриле Кориантумир, последниот од Јаредитите—Царот Венијамин го наследува Мосија—Луѓето треба да ги понудат своите души како принос за Христос. Околу 323–130 п.н.е.

1 Ете, се случи дека на мене, Омни, ми беше заповедано од татко ми, Јаром, дека треба да напишам нешто врз овие плочи, да го зачувам нашето родословие—

2 Затоа, во моите денови, би сакал да знаете дека многу се борев со мечот да го зачувам мојот народ, Нефитите, од паѓање во рацете на нивните непријатели, Ламанитите. Но ете, јас самиот сум пакосен човек, и не ги одржав одредбите и Господовите заповеди како што требаше да направам.

3 И се случи да беа поминале двесте седумдесет и шест години, и имавме многу сезони во мир; и имавме многу сезони со сериозна војна и крвопролевање. Да, и накратко, двесте осумдесет и две години беа поминале, и бев ги чувал овие плочи според заповедите на моите татковци; и ги доделив на мојот син Амарон. И ставам крај.

4 И сега јас, Амарон, ги пишувам нештата што ги пишувам, кои се малку, во книгата на татко ми.

5 Ете, се случи триста и дваесет години да беа поминале, и попакосниот дел од Нефитите беше уништен.

6 Зашто Господ не би дозволил, откако Тој беше ги одвел од земјата Ерусалим и ги зачува и заштити да не паднат во рацете на нивните непријатели, да, Тој нема да дозволи зборовите да не бидат потврдени, кои Тој им ги кажа на нашите татковци, велејќи дека: Доколку не ги одржувате Моите заповеди нема да напредувате во земјата.

7 Затоа, Господ ги посети со голема пресуда; сепак, Тој ги поштеди праведните да не загинат, туку ги избави од рацете на нивните непријатели.

8 И се случи да му ги дадам плочите на мојот брат Кемиш.

9 Сега јас, Кемиш, пишувам малку нешта, во истата книга со брат ми; зашто ете, го видов последното што го напиша, дека го напиша со сопствена рака и го напиша на денот кога ми ги предаде. И на овој начин ги чуваме записите, бидејќи е според заповедите на нашите татковци. И ставам крај.

10 Ете, јас, Абинадом, сум син на Кемиш. Ете, се случи да видов многу војна и препирање помеѓу мојот народ, Нефитите, и Ламанитите; и јас, со мојот сопствен меч, ги одземав животите на многу Ламанити во одбрана на моите браќа.

11 И ете, записот за овој народ е врежан на плочи кои ги имаат царевите, според поколенијата; и не знам за друго откровение освен тоа што е напишано, ниту пророштво; затоа, тоа што е доволно е напишано. И ставам крај.

12 Ете, јас сум Амаликиј, синот на Абинадом. Ете, ќе ви говорам нешто во врска со Мосија, кој беше прогласен за цар врз земјата Зарахемла; зашто ете, беше предупреден од Господ дека треба да избега од земјата на Нефи, и сите што би го послушале гласот на Господ исто треба да заминат надвор од земјата со него, во дивината—

13 И се случи да направи како што Господ му беше заповедал. И тие заминаа од земјата во дивината, сите кои би го послушале Господовиот глас; и беа водени од многу проповедање и пророкување. И постојано беа опоменувани од Божјото слово и беа водени од моќта на Неговата рака низ дивината додека не се симнаа во земјата која е наречена земјата Зарахемла.

14 И открија народ, кои беа наречени народот на Зарахемла. Сега, постоеше големо радување помеѓу народот на Зарахемла; и исто Зарахемла премногу се радуваше, бидејќи Господ беше го испратил народот на Мосија со плочите од месинг кои го содржеа записот за Евреите.

15 Ете, се случи Мосија да откри дека народот на Зарахемла излезе од Ерусалим во времето кога Седекиј, царот на Јудеа, беше одведен заробен во Вавилон.

16 И патуваа во дивината, и беа пренесени со Господовата рака преку големите води, во земјата каде Мосија ги беше открил; и беа живееле таму од тогаш натаму.

17 И во времето кога Мосија ги откри, беа станале премногу бројни. Сепак, имаа многу војни и сериозни препирања, и беа паѓале од мечот од време на време; и нивниот јазик беше станал расипан; и не беа донеле записи со нив; и го негираа постоењето на нивниот Создавач; а Мосија, ниту народот на Мосија, не можеа да ги разберат.

18 Но се случи дека Мосија нареди да бидат поучени на неговиот јазик. И се случи откако беа поучени на јазикот на Мосија, Зарахемла даде родословие за неговите татковци, според неговото сеќавање; и тие се напишани, но не во овие плочи.

19 И се случи народот на Зарахемла, и на Мосија, се обединија заедно; и Мосија беше назначен да им биде цар.

20 И се случи во деновите на Мосија, имаше голем камен донесен кај него со гравури врз него; и ги протолкува гравурите преку дарот и моќта на Бог.

21 И дадоа еден извештај за еден Кориантумир, и убиството на неговиот народ. И Кориантумир беше откриен од народот на Зарахемла; и живееше со нив во период од девет месечини.

22 Исто така зборуваше за неколку зборови во врска со неговите татковци. И неговите први родители излегоа од кулата, во времето кога Господ го измеша јазик на народот; и острината на Господ падна врз нив според Неговите пресуди, кои се праведни; и нивните коски лежат распрснати во земјата на север.

23 Ете, јас, Амаликиј, бев роден во деновите на Мосија; и живеев да ја видам неговата смрт; и Венијамин, неговиот син, владееше на негово место.

24 И ете, видов, во деновите на царот Венијамин, сериозна војна и многу крвопролевање помеѓу Нефитите и Ламанитите. Но ете, Нефитите стекнаа многу предност над нив; да, толку што царот Венијамин ги истера од земјата Зарахемла.

25 И се случи дека почнав да остарувам; и, немајќи потомство, и знаејќи дека цар Венијамин е праведен човек пред Господ, затоа, ќе му ги предадам овие плочи на него, охрабрувајќи ги сите луѓе да дојдат кај Бог, Светецот на Израел, и да веруваат во пророкување, и во откровенија, и во службата на ангели, и во дарот на говорење јазици, и во дарот на толкување јазици, и во сите нешта кои се добри; бидејќи нема ништо што е добро освен ако не доаѓа од Господ: а тоа што е злобно доаѓа од ѓаволот.

26 И сега, мои љубени браќа, би сакал да дојдете кај Христос, кој е Светецот на Израел, и да земете од Неговото спасение, и моќта на Неговото искупување. Да, дојдете кај Него, и понудете ги вашите цели души како принос кај Него, и продолжете со постење и молење, и издржете до крај; и како што живее Господ ќе бидете спасени.

27 И сега ќе зборувам нешто во врска со одреден број кои заминаа во дивината да се вратат во земјата на Нефи; бидејќи постоеше голем број кои посакуваа да ја поседуваат земјата на нивно наследство.

28 Затоа, заминаа во дивината. А нивниот водач беше силен и моќен човек, и вкочанет човек, затоа предизвика препирање помеѓу нив; и сите беа убиени, освен педесет, во дивината, и тие повторно се вратија во земјата Зарахемла.

29 И се случи дека исто одведоа значителен број од другите, и повторно продолжија со нивното патување во дивината.

30 И јас, Амаликиј, имав брат, кој исто отиде со нив; и од тогаш не знам за нив. И наскоро ќе легнам во мојот гроб; а овие плочи се исполнети. И ставам крај на моето говорење.