Свети Писма
Џозеф Смит-Матеј


Џозеф Смит-Матеј

Извадок од преводот на Библијата како што е отриено на Џозеф Смит Пророкот во 1831: Матеј 23:39 и глава  24.

Глава 1

Џозеф Смит го претскажува претстојното уништување на Ерусалим—Тој исто така проповеда за Второто Доаѓање на Човечкиот Син, и уништувањето на пакосните.

1 Зашто Јас ви велам, дека нема да ме видите оттука и знаете дека Јас сум тој од кого е напишано преку апостолите, додека не кажете: Благословен е тој што доаѓа во името на Господ при облаците на небесата, и сите свети ангели со него. Тогаш сватија неговите ученици дека тој не може да дојде повторно на земјата, откако беше прославен и крунисан на правата рака на Бог.

2 И Исус замина, и си излезе од храмот; и неговите ученици дојдоа кај него, да го слушнат, велејќи: Господару, покажи нè милост во врска со градвата на храмот, како што кажа—Тие ќе бидат фрлени долу, и ќе те остават опустошен.

3 И Исус повторно им кажа: Зарем вие не ги гледате сите овие нешта, и зарем не ги разбирате? Вистина Јас ви велам: нема да биде оставено овде, врз храмот, ниту еден камен врз друг кој нема да биде фрлен.

4 И Исус ги остави нив, и замина врз Маслиновата Гора. И додека седеше во Маслиновата Гора, учениците дојдоа при него приватно, велејќи: Кажи ни кога овие нешта ќе бидат кои ти ги кажа во врска со уништувањето на храмот, и Евреите; и што е знакот на твоето доаѓање, и на крајот на светот, односно уништувањето на пакосните, што е крајот на светот?

5 И Исус одговори, и им кажа: Обрнете внимание за ниту еден човек да не ве измами;

6 Зашто многу ќе дојдат во Мое име, велејќи—Јас сум Христос—и ќе измамат многумина;

7 Тогаш тие ќе ве предадат да бидете погодени, и ќе ве убијат, и ќе бидете омразени од сите нации, за доброто на моето име;

8 И тогаш многу ќе бидат навредени, и ќе се предадат едни со други, и ќе се мразат едни со други;

9 И многу лажни пророци ќе се кренат, и ќе измамат многумина;

10 И поради тоа беззаконие ќе изобилува, љубовта на многу ќе се олади;

11 Но тој што ќе остане постојан и не е совладан истиот ќе биде спасен.

12 Затоа кога ти ќе ја видиш одвратноста на пустошот кажан од Даниел пророкот во врска со уништувањето на Ерусалим, тогаш ти ќе стоиш во светото место; кој и да го чита ќе го разбере.

13 Тогаш остави ги тие кои се во Јудеја да избегаат во планините;

14 Нека биде тој што е на врвот на куќата да избега, и да не се врати да земе било што од неговата куќа;

15 Ниту дозболи му тој што е на поле да се врати да ги земе неговите облеки;

16 И тешко на тие што се со дете, и на тие што дојат во тие денови;

17 Затоа, молете се на Господ за вашата борба да не биде во зима, ниту за време на Сабатот;

18 Зашто тогаш, во тие денови, ќе постои големо мачење на Евреите, и врз жителите на Ерусалим, како што не му било испратено на Израел, од Бог, од почетокот на нивното царство сè до ова време; не, ниту пак ќе биде испратено против Израел.

19 Сите нешта кои паднале врз нив се само почетокот на тагата која ќе дојде врз нив.

20 И доколку тие денови не се скратени, ништо од нивното тело нема да биде спасено; но за доброто на одбраните, според заветот, тие денови ќе бидат скратени.

21 Ете, овие нешта сум ви ги кажал во врска со Евреите, и повторно, според мачењето на тие денови кои ќе дојдат врз Ерусалим, доколку некој човек ви каже на вас, Ете, овде е Христос, односно ете, не верувајте му.

22 Зашто во тие денови исто така ќе се креат лажни Христоси, и лажни пророци, и ќе покажат големи чуда и знаци, онолку, што, ако е можно, ќе ги измамат одбраните, кои се одбрани според заветот.

23 Ете, ви ги говорам овие нешта за вас за доброто на одбраните; и ќе слушнете за војни, и гласини за војни; не грижете се, зашто сè што сум ви рекол мора да се оствари; но се уште не е крајот.

24 Ете, сум ви кажал претходно;

25 Затоа, ако ви кажат на вас: Ете, тој е во пустината; не одете напред: Ете, тој е во тајните одаји; не верувајте;

26 Зашто како што светлината на утрото се појавува на исток, и сјае дури и на запад, и ја покрива целата земја, исто така ќе биде и доаѓањето на Синот на Човекот.

27 И сега ќе ви покажам една парабола. Ете, каде и да има трупот, ќе има орели собрани заедно; па исто така и моите одбрани ќе бидат собрани од четирите краишта на земјата.

28 И ќе слушаат војни, и гласини за војни.

29 Ете, Јас зборувам за доброто на моите одбрани; зашто нација ќе се крене против нација; ќе постојат глад, и помори, и земејотреси, на различни места.

30 И повторно, бидејќи беззаконието ќе изобилува, љубовта на човекот ќе се олади; но тој што нема да биде совладан, истиот ќе биде спасен.

31 И повторно, ова Евангелие на Царството ќе му биде поучувано на сиот свет, за сведоштво на сите нации, и тогаш крајот ќе дојде, односно уништувањетпо на пакосните;

32 И повторно одвратноста за опустошување, кажано од Даниел пророкот, ќе биде исполнето.

33 И веднаш после мачењето во тие денови сонцето ќе се затемни, и месечината нема да ја даде нејзината светлина, и ѕвездите паѓаат од небесата, и моќите на небесата ќе се тресат.

34 Вистина, Јас ви велам на вас, ова поколение, во кое овие нешта ќе биде покажано, нема да помине сè додека све што ви кажав нема да биде исполнето.

35 Иако, деновите ќе дојдат, небесата и земјата ќе минат; сепак моите зборови нема да минат, туку сите ќе бидат исполнети.

36 И како што кажав порано, после мачењето од тие денови, и моќите на небесата ќе бидат затресени, тогаш ќе се појави знакот на Синот на Човекот на небесата, и тогаш сите племиња на земјата ќе жалат; и ќе го видат Човечкиот Син доаѓајќи во облаците на небесата, со моќ и голема слава;

37 И кој и да го вреднува моето слово, нема да биде измамен, зашто Синот на Човекот ќе дојде, и тој ќе испрати негови ангели пред него со големо трубење од труба и тие ќе се соберат заедно на остатокот на неговите одбрани од четирите ветрови, од еден крај на небесата до друг.

38 Сега научете за параболата на дрвата од смокви—Кога неговите гранки се уште нежни, и почнува да пушта листови, знаете дека летото се ближи;

39 Па исто така, Моите одбрани, кога ќе ги видат сите нешта, тие ќе знаат дека Тој се ближи, дури и на вратите;

40 Но за овој ден, ни час, ниту еден не знае; не, ниту ангелите на Бог на небесата, само мојот Отец.

41 Но како што беше на деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот на Човекот;

42 Зашто ќе биде со нив, како што беше во деновите кои беа пред поплавата; зашто се до денот кога Ное впезе во арката кога јадеа и пиеја, венчајќи се и оддвајаќи се на бракот;

43 И не знаеја сè додека поплавата не стигна, и ги одведоа; па исто и доаѓањето на Синот Човечки ќе биде.

44 Тогаш ќе биде исполнето тоа што е напишано дека во последните денови, двајца ќе бидат на полето, едниот ќе биде одведен а другиот оставен;

45 Двајца ќе рмбаат во воденицата, едниот ќе биде одведен а другит оставен.

46 И тоа што ќе му го велам на едниот, им го велам на сите луѓе; Гледајте, затоа, не знаете кога вашиот Господ ќе дојде.

47 Но знајте го ова, ако добар човек на домот беше знаел на кој час крадецот ќе дојде, ќе внимавал, и не би дозволил неговиот дом да биде ограбен, туку би бил подготвен.

48 Затоа бидете спремни, зашто во таков час како што не мислите, Синот на Човекот доаѓа.

49 Тогаш, кој е верен и мудар слуга, кому Господ го направил владетел врз неговото домаќинство, да им даде месо во одредена сезона?

50 Благословен е тој слуга кому неговиот господар, кога доаѓа, ќе го пронајде како чини така; и вистина ви велам, тој ќе го назначи за владетел врз сите стоки.

51 Но ако тој злобен слуга ќе каже во своето срце: Мојот господар го одложува Неговото доаѓање,

52 И ќе започне да ги удира неговите сограѓани, и да јаде и да пие со пијаните,

53 Господарот на тој слуга, ќе дојде на ден кога не го бараше, и во час кога тој нема да биде свесен за тоа

54 И ќе го пресече на два дела, и ќе го назначи неговиот дел со имбецилите; ќе има цимолење и крацкање со забите.

55 И така доаѓа крајот на пакосните, според пророштвото на Мосјеј, велејќи: Тие ќе бидат отсечени од помеѓу народот; но крајот не е сè уште, туку малку по малку.