Свети Писма
Морони 3


Глава 3

Старешини одредуваат свештеници и учители преку положување на раце. Околу 401–421 н.е.

1 Начинот на кој учениците, кои беа наречени старешини на црквата, одредија свештеници и учители—

2 Откако Му се молеа на Отецот во името на Христос, ги положија нивните раце врз нив, и кажаа:

3 Во името на Исус Христос те одредувам да бидеш свештеник (или ако е учител, те одредувам да бидеш учител) да проповедаш покајание и опростување од гревови преку Исус Христос, преку издржување со вера во Неговото име до крај. Амин.

4 И на овој начин одредија свештеници и учители, според даровите и повиците Божји кај луѓето; и ги одредија преку моќта на Светиот Дух, која беше во нив.