Генерална Конференција
Да се стане како Него
генералната конференција во Октомври 2020


Да се стане како Него

Само со Неговата божествена помош сите ние можеме да напредуваме и да станеме како Него.

Дури и на внимателниот ученик на животот и служењето на Исус Христос, предупредувањето на Спасителот да биде „и тоа како што сум јас“1 е застрашувачки и навидум недостижно. Можеби сте како мене—премногу свесни за вашите грешки и неуспеси, па можеби ќе сметате дека е поудобно да се чекори на пат без нагорнина и малку раст. „Сигурно, ова учење е нереално и хиперболично,“ ние рационализираме, додека удобно го одбираме правецот со помалку отпор, така согорувајќи помалку калории за потребна промена.

Но што ако да се биде „дури и како [што е Тој]“ не е фигуративно, дури и со нашето смртно однесување? Што ако е, до некој степен, достижно во овој живот, навистина, предуслов за повторно да се биде со Него? Што ако „дури како што сум јас“ е точно и прецизно на што мислел Спасителот? Тогаш што? Кое ниво на напор ние би можеле да го дадеме за да ги поканиме Неговите чудесни моќи во нашите животи за да можеме да ја промениме нашата сама природа?

Старешина Нил А. Максвел поучува: „Додека размислуваме да бидеме овластени од Исус да бидеме како Него, гледаме дека нашата моментална состојба е таква што ние не сме пакосни, туку, попрво, е таква што ние сме толку воздржани и ни недостига ентузијазам за Неговата кауза—која е и наша кауза, исто. Ние го возвишуваме но ретко се угледуваме на Него“2 Еден млад министер, Чарлс М. Шелдон, изрази слични чувства на овој начин: „Нашето христијанство ја љуби својата леснотија и удобност премногу да прифати било што толку грубо и тешко како еден крст.“3

Всушност, сите се под водство да станат како Него, само како што Исус Христос стана како Отецот.4 Додека напредуваме, стануваме покомплетни, финализирани, и развиени.5 Такво учење не е базирано на учењето на било каква секта туку доаѓа директно од Господарот. Низ овие леќи животот треба да се живее, да се земаат во предвид комуникации, и да се негуваат врските. Навистина, не постои друг начин да се исцелат раните на растурена врска или на скршено општество отколку сите од нас поцелосно да се угледаме на Кнезот на Мирот.6

Да размислиме како да започнеме со внимателна, и намерна потера да се стане како што е Тој преку стекнување на самите квалитети на Исус Христос.

Решете и Посветете се

Пред неколку години, мојата жена и јас стоевме на патеката на најголемата планина во јапонија, Планината Фуџи. Додека започнувавме со нашето искачување погледнавме нагоре кон најоддалечената точка и се прашувавме дали можеме да дојдеме таму.

Слика
Планина Фуџи

Додека напредувавме, уморот, болните мускули, и ефектите од надморската височина почнаа да делуваат. Ментално, за нас постана важно да се фокусираме на следниот чекор. Би кажале, „Јас наскоро не би стигнал до врвот, но би можел да направам нареден чекор веднаш.“ После некое време застрашувачката задача на крај стана достижна—чекор по чекор.

Првиот чекор на овој пат да се биде како Исус Христос е да се има желба да се направи тоа. Да се разбира предупредувањето да се биде како Него е добро, но тоа разбирање треба да биде удвоено со копнеж да се трансформираме самите, со по еден чекор, над природниот човек.7 Да ја развиеме желбата мораме да дознаеме кој е Тој. Мораме да знаеме нешто од Неговиот карактер,8 и мораме да ги бараме Неговите квалитети во стиховите, во служби за обожавање, и во други свети места. Додека дознаваме повеќе за Него, ќе ги видиме Неговите квалитети одразени во други. Ова ќе не охрабри на нашата лична потрага, бидејќи ако другите можат да ги достигнат, во некоја мера, Неговите квалитети, исто можеме и ние.

Ако сме чесни со самите себеси, светлината на Христос9 во нас шепоти дека постои дистанција помеѓу тоа каде сме во споредба со посакуваниот карактер на Спасителот.10 Таква чесност е витална ако сакаме да продолжиме да бидеме како Него. Секако, чесноста е едно од Неговите својства.

Слика
Искривување на огледало.

Еве, оние од нас кои се храбри можат да земат во предвид да прашаат доверлив член на семејство, сопружник, пријател, или духовен лидер кои квалитети на Исус Христос ни се потребни—и треба да бидеме спремни за одговорот. Понекогаш се гледаме со извртени огледала за домашна забава кои покажуваат дека сме подебели или повитки отколку што сме.

Доверливите пријатели и семејство можат да ни помогнат да се гледаме попрецизно, но дури и тие, колку што сакаат да бидат прекрасни и од помош можат да ги видат нештата несовршено. Како резултат на тоа, витално е да го прашаме нашиот Небесен Отец што ни треба и каде да го фокусираме нашиот напор. Тој има совршен преглед за нас и прекрасно ќе ни ги покаже нашите слабости. Можеби ќе научите дека ви треба поголемо трпение, покорност, милосрдие, љубов, надеж, трудољубивост, или послушност за да именувате неколку.

Неодамна, имав душевно искуство кога еден член на црквата кој е лидер направи многу директен предлог дека ми треба поголема мера на одреден квалитет. Тој прекрасно пресече било какво искривување. Таа ноќ, го споделив искуството со жена ми. Таа беше милосно исполнета со милосрдие додека се согласи со неговиот предлог. Светиот Дух ми потврди дека нивниот совет беше од полниот со љубов Небесен Отец.

Исто така може да е од помош чесно да се исполни активноста за Христлики квалитети во глава 6 од Проповедај Го Моето Евангелие.13

Откако ќе направите искрена проценка и решите да започнете со планинарење, ќе треба да се покаете. Претседател Расел М. Нелсон прекрасно поучуваше: „Кога одбираме да се покаеме, одбираме да се промениме! Му дозволуваме на Спасителот да не промени во најдобрата верзија од нас самите. Одбираме да растеме духовно и да одбереме радост—радоста од искупување во Него. Кога избираме да се покаеме, одбираме да бидеме повеќе како Исус Христос“.14

Да се стане како Исус Христос ќе бара да ги промениме нашите умови и срца, секако, нашиот сам карактер, и да се стори тоа е возможно само преку спасувачката благодат на Исус Христос.

Идентификувајте и Дејствувајте

Еве кога сте одлучиле да се промените и покаете и побарале водство преку молитва, размислувајќи чесно, и веројатно советувајќи се со други, ќе треба да одберете квалитет кој ентузијастички ќе стане ваш фокус. Вие ќе треба да се посветите да се напрегнете со значаен напор. Овие квалитети нема да дојдат евтино и ненадејно туку преку Неговата благодат тие ќе дојдат постепено додека настојувате.

Христоликите квалитети се дарови од прексраниот Небесен Отец да не благословат нас и тие околу нас. Според тоа, нашите напори да ги стекнеме овие квалитети ќе бараат искрени молби за Неговата божествена помош. Ако ги бараме овие дарови за подобро да им служиме на другите, Тој ќе не благослови во нашите напори. Себично да бараме дар од Бога ќе заврши со разочарување и фрустрација.

Фокусирајќи се на едно потребно својство, додека напредувате да го стекнете тоа својство, други својства започнуваат се натрупуваат. Не може ли некој што е фокусиран длабоко на милосрдие да не ја зголеми љубовта и покорноста? Не може ли некој што е фокусиран на послушност да не добие поголема трудољубовост и надеж? Вашиот знаќаен напор да се стекне едно својство станува плима која ги крева сите бродови на пристаништето.

Запиши и Поддржи

Важно е за мене додека се стремам да бидам како Него да ги запишувам моите искуства и што учам. Додека учам за еден од Неговите квалитети длабоко во мојот ум стиховите стануваат нови и гледам примери за тој квалитет во Неговите учења, Неговото служење, и Неговите ученици. Моето око исто така стана пофокусирано на препознавање на својствата во други. Сум набљудувал прекрасни индивидуалци и во и надвор од Црквата кои имаат својства кои го претставуваат Него. Тие се моќни примери за тоа како тие квалитети можат да бидат прикажани во обични смртници низ Неговата прекрасна благодат.

Со цел да се види вистински напредок, треба да вложите напор. Исто како што качување на планина бара подготовка, и издржливост и упорност за време на искачување, исто така и ова патување ќе бара вистински напор и жртва. Вистинското Христијанство, во кое се стремиме да бидеме како нашиот Господар, секогаш ќе ги бара нашите најдобри напори.16

Сега краток збор за претпазливост. Заповедта да се биде како Него не е со намера да ве натера да се чувствувате виновни, недостојни, или нељубени. Нашето цело смртно искуство е за напредок, обидување, паѓање, и успевање. Толку колку што јас и жена ми посакувавме да можеме да ги затвориме очите и магично да се телепортираме до врвот, животот не е тоа.

Вие сте доволно добри, сакани, но тоа не значи дека сте сеуште комплетни. Има работа да се заврши во овој живот и наредниот. Само со Неговата божествена помош сите ние можеме да напредуваме и да станеме како Него.

In these times, when “all things [appear to] be in commotion; and … fear [is seemingly] upon all people,”17 the only antidote, the only remedy, is to strive to be like the Savior,18 the Redeemer19 of all mankind, the Light of the World,20 and to seek after He who declared, “I am the way.”21

Слика
Од Седумдесетте

Знам дека да се стане како Него преку Неговата божествена помош и сила е достижно чекор по чекор. Ако не е така, не би ги ни дал овие заповеди.22 Го знам ова—делумно бидејќи гледам својства од Него во многумина од вас. Јас сведочам, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. 3 Нефи 27:27. За поврзани прекорувања од Спасителот, видете Матеј 5:48 („Затоа бидете совршени, и тоа како што вашиот Отец на небесата е совршен“); 1 Јован 2:6 („Тој што кажа дека се придржува до Него треба исто така да чекори, како што тој чекореше“); Мосија 3:19 („Зашто природниот човек е непријател на Бог, и бил од падот на Адам, и ќе биде, секогаш и засекогаш, освен ако не се предаде на убедувањата на Светиот Дух, и не го остави природниот човек и стане светец преку помирувањето на Христос Господ, и стане како дете покорен, питом, понизен, трепелив, полн со љубов, спремен да се потичини на сите нешта за кои Господ смета дека се соодветни да му ги нанесе, како што детето се потчинува на неговиот татко“); Алма 5:14 (“И сега ете, ве прашувам мои браќа од црквата, дали вие духовно сте биле родени од Бог? Дали сте го примиле неговиот лик во вашето лице?“); 3 Нефи 12:48 („Затоа би сакал да бидете совршени како што сум јас, односно вашиот Отец кој е на небесата кој е совршен“).

  2. Нил А. Максвелl, И тоа како што сум јас (1982), 16.

  3. Чарлс М. Шелдон, Во неговите чекори (1979), 185.

  4. Прочитајте ги Учење и Завети 93:12-17.

  5. ee Матеј 5:48, фуснота b.

  6. Види Исаија 9:6; 2 Нефи 19:6.

  7. Види 1 Коринтијани 2:14; Мосија 3:19.

  8. Видете Матеј 7:23; 25:12; Мосија 26:24; видете исто фусноти за секој стих; Дејвид А. Беднар, “Ако ме бевте знаеле,” Лијахона, Ное. 2016, 102–5.

  9. Види Учење и Завети 93:2.

  10. Види Морони7:12–19.

  11. Види Етер 12:27,

  12. Видете Проповедај го моето евангелие: Водич за Служба, рев. изд. (2019), глава 6, “Како да развијам Хритолики Атрибути” Референци за други својства на Спасителот кои се распрснати помеѓу стиховите. Неколку примери вклучуваат Мосија 3:19; Алма 7:23; Статии на Верата 1:13.

  13. Видете Проповедајте го Моето Евангел, глава 6 страна 132

  14. Расел М. Нелсон, “Можеме да направиме Подобро и Подобро,” Лијахона, Мај 2019, 67.

  15. Видете Библиски Речник, “Благодат”; Водич до светите писма, “Благодат,” scriptures.ChurchofJesusChrist.org.

  16. Види Шелдон, Во Негови Чекори, 246: Ако нашата дефиниција да се биде христијанин е едноставно да се ужива во привилегиите на богослужба, да бидеме дарежливи без цена, да имаме добро време со пријатни пријатели и удобни нешта, да живееме со напредок и истовремено да го избегнеме најголемиот стрес во живтот на грев и неволја, бидејќи тоа е премногу болка да се поднесе—ако ова е нашата дефиниција на Христијанство, сигурно далеку сме од тоа да ги следиме стапките на оној кој го изгази патот со лелеци и солзи и извици на мачење за едно изгубено човештво; чија пот, како да беше, големи капки крв, кој извикуваше на кренатиот крст, „Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти.“

  17. Учење и Завети 88:91.

  18. Види Исаија 43:3.

  19. Види Јов 19:25,

  20. Види Јован 8:12,

  21. Јован 14:6.

  22. Види 1 Нефи 3:7.