Генерална Конференција
Одржливи Општества
генералната конференција во Октомври 2020


Одржливи Општества

Ако доволен број од нас и од нашите соседи се стремиме да ги водиме нашите животи според вистината Божја, моралните доблести потребни во секое општество ќе ги има во изобилство.

Колку убаво хорско пеење за убавиот Спасител.

Во 2015, Обединетите Нации усвоија она што се нарекува „Агенда за Одржлив Развој до 2030.“ Опишана е како „заеднички нацрт за мир и просперитет за луѓето на планетата, сега и во иднина“. Агендата за Одржлив Развој вклучува 17 цели што треба да се постигнат до годината 2030, како да нема сиромаштија, нула гладни, квалитетно образование, рамноправност на половите, чиста вода и канализација, и пристојна работа.1

Концептот за одржлив развој е интересен и важен. Уште поитно, меѓутоа, е пошироко прашање на одржливи општества. Кои се темелите што одржуваат напредно општество, такво кое промовира среќа, напредок, мир, и добросостојба помеѓу неговите членови? Имаме запис за најмалку две вакви успешни општества во светите писма. Што можеме да научиме од нив?

Многу одамна, големиот патријарх и пророк Енох проповедал праведност и „изградил град што бил наречен Градот на Светоста, дури и Сион“.2 Во извештаите стои дека „Господ ги нарекувал своите луѓе Сион, бидејќи тие биле со едно срце и една мисла, и живееле во праведност; и немало сиромашни помеѓу нив“.3

“И Господ ја благослови земјата, и тие беа благословени на планините, и на високите места, и процветаа”.4

Народите од првиот и вториот век од Западната Хемисфера познати како Нефијци и Ламанци даваат уште еден извонреден пример за процут во општеството. После извонредната служба на воскреснатиот Спасител помеѓу нив, „тие одеа според заповедите што ги примија од својот Господ и својот Бог, продолжувајќи со пост и со молитва, и среќавајќи се често заедно и за да се молат и за да ги слушаат зборовите на Господ. …

„И немаше завист, ниту пак кавги, ниту превирања, ниту блуд, ниту лаги, ниту убиства, ниту било каков начин на дрскост; и со сигурност, не би можело да постои посреќен народ помеѓу сите народи кои беа создадени од раката на Бог“.5

Општествата во овие два примери беа поддржани од благословите од небото кои растат од нивната примерна посветеност кон двете големи заповеди: „Сакај го Господ твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета твоја мисла,“ и „Сакај го твојот сосед како себе си“.6 Беа покорни кон Бога во своите лични животи, и се грижеа за взаемната физичка и духовна благосостојба. Во зборовите од Учења и Завети, ова беа општества во кои „секој човек го штити интересот на својот сосед, и ги прави сите нешта со едното око за славата на Бог“.7

За жал, како што Старешина Квентин Кук забележа утрово, идеалното општество опишано во 4 Нефи од Книгата на Мормон не издржа над својот втор век. Одржливоста не е загарантирана, а успешните општества можат да пропаднат со текот на времето ако ги напуштат кардиналните доблести што го оддржуваат неговиот мир и просперитет. Во овој случај, попуштајќи им на ѓаволските искушенија, луѓето „започнале да се делат на класи; и тие започнале да градат цркви за да добиваат добивка, и да почнат да ја негираат вистинската црква на Христос“.8

„И се случи да кога поминаа триста години, и народот Нефи и Ламанците станаа исклучително злобни како и останатите“.9

Кон крајот на друг век, милиони починаа во меѓусебните војувања, а нивната некогаш хармонична нација беше сведена на племиња кои војуваат.

Осврнувајќи се на овој и на други примери на некогашните општества во процут што подоцна пропаднаа, јас мислам дека е безбедно да се каже дека кога луѓето се одвраќаат од Бога и од чувството за одговорност кон Него, и наместо тоа почнуваат да веруваат во „раката од телото,“ демнее катастрофа. Да се верува во раката на телото е да се игнорира божествениот Автор на човековите права и човечкото достоинство и да се даде највисок приоритет на богатството, на моќта, и пофалбата на светот (притоа често се потсмевајќи се и прогонувајќи ги оние кои следат поинаков стандард). Во меѓувреме, оние во одржливите општества бараат, како што Царот Бенџамин кажа, да „растат во знаење на славата за оној кој ги создал [нив], или во знаење за тоа што е праведно и вистина.“10

Институциите семејство и религија биле клучни за надарување и на поединци и на заедници со доблестите што одржуваат трајно општество. Овие доблести вклучуваат интегритет, одговорност и отчетност, сочувство, брак и верност во бракот, почит за другите и почит за просперитет на другите, служба, и неопходност и достоинство на работата, помеѓу другите.

Главниот уредник, Жерард Бејкер напиша колумна на почетокот на оваа година во The Wall Street Journal оддавајќи му почит на неговиот татко, Фредерик Бејкер, по повод неговиот 100-ти роденден. Бејкер шпекулираше околу причините за татковата долговечност но потоа ги додаде овие мисли:

„Додека сите ние сакаме да ја дознаеме тајната за долг живот, јас често чувствувам дека ќе биде подобро да посветиме повеќе време на откривање на тоа што го прави животот добар, без оглед на временската рамка што ни е доделена. Еве, јас сум уверен дека ја знам тајната на мојот татко.

„Тој е од ерата кога животот беше дефиниран првенствено како должност, а не како право; како социјална одговорност, а не како лични привилегии. Основниот оживувачки принцип низ неговиот животен век беше чувството за должност—кон семејството, кон Бог, државата.

„Во ера во која доминираат остатоците од распаднати семејства, мојот татко важеше за посветен сопруг на неговата жена цели 46 години, совесен татко на шест деца. Тој не беше никогаш поприсутен и повитален отколку кога моите родители ја претрпеа незамисливата трагедија на губење на своето дете. …

„А во ера кога религијата станува љубопитност, мојот татко живееше како вистински, верен Католик, со непоколеблива вера во Христовите ветувања. Несомнено, јас понекогаш мислам дека тој живееше толку долго затоа што беше поподготвен да умре од било кој кој досега сум го запознал.

„Јас бев среќен човек—благословен со добро образование, моето сопствено прекрасно семејство, и понекој светски успех што не сум го заслужил. Но колку и да се чувствувам гордо и благодарно, тоа е засенето од гордоста и благодарноста што ја имам за човекот кој, без врева и драма, без очекувања за награда или барем признание, се искачи— веќе еден век—со едноставните обврски, задолженија, и во крајна линија, радоста да се живее доблесен живот.”11

Воочената важност на религијата и религиозните верувања се намалуваат кај многу нации во последните години. Сѐ повеќе луѓе сметаат дека верувањето во Бога и верноста кон него не се потребни за морална исправност било тоа да е кај поединци ниту во општества во денешниот свет.12 Мислам дека сите ние ќе се сложиме дека оние кои предаваат нерелигиозни верувања може да бидат, а често и се, добри, морални луѓе. Ние не би се согласиле, меѓутоа, дека ова се случува без божествено влијание. Се повикувам на Светлината на Христос. Спасителот прогласи, „Јас сум вистинската светлина што го осветлува секој човек кој доаѓа на светот“.13 Без разлика дали сме свесни за тоа или не, секој маж, жена, и дете од секоја вера, место, и време е задоен од Светлоста на Христос и поради тоа поседува чувство за добро и лошо што често го нарекуваме совест.14

Како и да е, кога секуларизацијата ги одделува личната и граѓанската доблест од чувството за отчетност пред Бога, таа го сече растението од неговите корени. Потпирањето само на културата и на традицијата не е доволно да се одржи доблеста во општеството. Кога некој нема повисок бог од самиот себе и не бара поголемо добро од задоволување на сопствените апетити и преференции, ефектите ќе се манифестираат во догледно време.

На пример, општество во кое поединечното давање согласност е единствено ограничување на сексуалните активности, е општество во распаѓање. Прељубата, промискуитетот, вонбрачните раѓања,15 и откажувања од бременоста се некои од горчливите овошја што произлегуваат од тековната сексуална револуција. Последователните последици што работат против одржливоста на здравото општество вклучуваат зголемен број на деца израснати во сиромаштија и без позитивно влијание на нивните татковци, понекогаш низ повеќе генерации; жени што сносат сами она што би требало да биде споделена одговорност; и сериозно дефицитарно образование зашто училиштата, како и другите институции, имаат за задача да го надоместат неуспехот во домот. Кон овие социјални патологии се додаваат непресметливите случаи на поединечно скршени срца и очај—ментално и емотивно уништување и кај виновните и кај невините.

Нефи објавува:

„Тешко на оној кој ги слуша човечките заповеди, и ја одрекува моќта на Бог, и дарот на Светиот Дух! …

„… Тешко на оние што треперат,, и се лутат поради вистината на Бог!“16

Спротивно на тоа, нашата радосна порака до нашите деца и до целото човештво е дека „вистината на Бог“ покажува подобар начин, или како што Павле рече,„ поодличен начин,“17 начин кон лична среќа и благосостојба во заедницата сега и до вечен мир и среќа во животот што следува.

Вистината на Бог упатува на клучните вистини што се во основата на Неговиот план на среќа за Неговите деца. Овие вистини се дека Бог живее; дека тој е Небесниот Отец на нашите духови; дека како манифестација на Неговата љубов, Тој нѝ има дадено заповеди што водат кон потполна радост со Него; дека Исус Христос е Синот на Бог и нашиот Откупител; дека Тој страдаше и умре за да се искупи за гревовите под услов да се покаеме; дека Тој се издигна од мртвите, донесувајќи го Воскресението за целото човештво; и дека сите ние ќе стоиме пред Него за да ни биде судено, тоа е, за да одговараме за нашите животи.18

Девет години по она што се нарекува„владеење на судиите,“ во Книгата на Мормон, пророкот Алма ја напушти позицијата на врховен судија и се посвети целосно на водењето на Црквата. Неговата цел беше да ја нагласи гордоста, прогонството, и алчноста што растеа помеѓу луѓето и особено помеѓу членовите на Црквата.19 Како што старешина Стефан Д. Надал еднаш забележа, „ Инспиративна одлука на [Алма] беше да не поминува повеќе време обидувајќи се да направи и да спроведе повеќе правила за да го корегира однесувањето на неговиот народ, туку да им зборува со зборот на Бога, за да ги научат учењата и да имаат свое разбирање за планот на откупување што ќе ги наведе да го променат сопственото однесување“.20

Има многу нешта што може да ги направиме како соседи и сограѓани за да придонесеме кон одржливоста и успехот на општествата во кои живееме, и секако, нашата најосновна и најтрајна служба ќе биде да подучуваме и да живееме според вистините својствени за Божјиот одличен план на откупување. Како што се изразува со зборовите од химната:

Вера на нашите татковци, (е дека) ние ќе сакаме

И пријатели и непријатели во сите наши недорабирања,

И ќе те проповедаме тебе, исто така, на начин што само љубовта знае како,

Преку љубезни зборови и доблесен живот.21

Ако доволен број од нас и нашите соседи се стремиме да носиме одлуки и да ги водиме нашите животи според вистините на Бог, моралните доблести потребни во секое општество ќе бидат присутни во изобилство.

Во Неговата љубов, нашиот Небесен Отец го даде Неговиот Единороден Син, Исус Христос, за да ние би имале вечен живот.22

„[Исус Христос] не прави ништо освен ако тоа не е за доброто на светот; зашто тој го сака светот, што дури го положи сопствениот живот за да ги привлече сите луѓе кон себе. Затоа, никому не заповеда дека нема да учествува во неговото спасение.

„Ете, дали тој вика некому, велејќи: Отстапи од мене? Ете, ви велам, Не; но тој вели: Дојдете при мене на сите краеви од светот, купете млеко и мед без пари и без цена“.23

Ова ние го изјавуваме „во свеченост на срцето, и во духот на кроткоста,“24 и во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види „17-те Цели,“ (“The 17 Goals,” United Nations Department of Economic and Social Affairs website, sdgs.un.org/goals.)

  2. Мојсеј 7:19.

  3. Мојсеј 7:18.

  4. Мојсеј 07:17.

  5. 4 Нефи 1:12, 16.

  6. Матеј 22:37, 39.

  7. Учење и Завети 82:19.

  8. 4 Нефи 1:26.

  9. 4 Нефи 1:45.

  10. Мосија 04:12.

  11. Жерард Бејкер (Gerard Baker, “A Man for All Seasons at 100,” Wall Street Journal, Feb. 21, 2020, wsj.com.)

  12. види Роналд Ф. Инглехарт, (“Giving Up on God: The Global Decline of Religion,” Foreign Affairs, Септ./Oct. 2020, foreignaffairs.com;) види исто така Кристина Тамир, Ајдан Конотон, Аријана Моник Салазар (Christine Tamir, Aidan Connaughton, and Ariana Monique Salazar, “The Global God Divide: Majorities in Emerging Economies Connect Belief in God and Morality,” Pew Research Center, July 20, 2020, pewresearch.org.)

  13. Учења и Завети 93:2; види исто така Морони 7:16, 19.

  14. Види Бојд К.Пакер (Boyd K. Packer, “The Light of Christ,” Liahona, Apr. 2005, 10;) види исто така Д. Тод Кристоферсон (D. Todd Christofferson, “Truth Endures,” Religious Educator, vol. 19, no. 3 (2018), 6.)

  15. Давајќи го овој пример, јас зборувам за потенцијалните неповолни последици за децата како „горко овошје“ а не за самите деца. Секое дете на Бог е драгоцено, и секој живот има бесценета вредност без оглед на околностите на раѓање.

  16. 2 Нефи 28:26, 28.

  17. 1 Коринтјаните 12:31.

  18. Види Алма 33:22.

  19. Види Алма 4:6-19.

  20. Стивен Д. Надаулд (Stephen D. Nadauld, Principles of Priesthood Leadership (1999), 13;) види исто така Alma 31:5.

  21. “Faith of Our Fathers,” Hymns, no. 84.

  22. Види Јован 3:16.

  23. 2 Нефи 26:24–25; види исто така 2 Нефи 26:33.

  24. Учење и Завети 100:7.