Генерална Конференција
Имаше леб
генералната конференција во Октомври 2020


Имаше леб

Додека настојуваме да станеме времено подготвени, може да се соочуваме со судовите на животот со зголемена самодоверба.

Пред ограничување на патувањата предизвикани од тековната пандемија, јас се враќав дома од меѓународна задача што, поради проблеми со распоредот, создаде неделен прекин на патувањето. Имав време помеѓу летовите да присуствувам на локален сакраментален состанок, каде исто така бев во можност да споделам една кратка порака. По состанокот, еден воодушевен ѓакон ми пријде и ме праша дали го познавам Претседателот Нелсон и дали некогаш сум имал шанса да се ракувам со него. Одговорив дека го познавам, дека сум се ракувал со него и дека, како член на Претседавачкото Епископство, имав прилика да се среќавам со Претседателот Нелсон и неговите советници неколку пати секоја недела.

Младиот ѓакон потоа седна на стол, ги фрли рацете во воздухот, и извика, „Ова е најголемиот ден од мојот живот“! Браќа и сестри, јас можеби нема да ги испружам рацете во воздух и да викам, но сум вечно благодарен за живиот пророк и за насоката што ја примаме од пророците, јасновидците, и откровителите, особено во овие времиња на предик.

Од почетокот на времето, Господ има обезбедено насока за да му помогне на Својот народ да се подготви, духовно и временски, против неволјите и судовите за кои Тој знае дека ќе дојдат како дел од ова смртно искуство. Овие неволји може да бидат лични или општи по природа, но Господовото водство ќе ни обезбеди заштита и поддршка во онаа мерка во која ги слушаме и постапуваме според Неговите совети. Прекрасен пример е обезбеден во записот од Книгата Битие, каде учиме за Јосиф во Египет и неговата интерпретација на Фараоновиот сон.

„И Јосиф му кажа на Фараонот, …Бог му покажа на Фараонот што има намера да направи. …

„Видете, доаѓаат околу седум години на големо изобилство низ целата земја Египет:

„И ќе настанат потоа седум години на глад; и сѐ што е во изобилство ќе биде заборавено во земјата Египет.“1

Фараонот го послуша Јосиф, се одзва на тоа што Бог му го беше покажал на сон, и веднаш започна да се подготвува за она што требало да дојде. Светите потоа бележат:

„И во седум обилни години земјата ќе напредува со полни грстови.

„И тој ја собра сета храна од седумте години. …

„И Јосиф собираше пченка како песокот од морето, … сѐ додека не можеше да ја преброи; зашто имаше безбројно.“2

Откако поминаа седумте години на изобилство, ни беше кажано дека „седум години на оскудица почнаа да доаѓаат, според Јосиф: и оскудица беше во сите земји; но во целата земја Египет-ска имаше леб.“3

Денес, сме благословени да бидеме водени од пророци кои ја разбираат потребата да не подготват против несреќите „што би требало да дојдат“4 и кои исто така ги препознаваат лимитирањата или рестрикциите со кои може да се сретнеме стремејќи се да го следиме нивниот совет.

Постои јасно разбирање дека ефектите од КОВИД-19 исто како и разорувачките природни катастрофи, не почитуваат личности и ги преминуваат етничките, социјалните, и религиозните граници на секој континент. Работни места се изгубени а приходите намалени додека можноста за работа е погодена од отпуштања а способноста за работа е под влијание на здравствените и правни предизвици.

До сите оние кои се погодени, изразуваме разбирање и загриженост за вашата ситуација, исто како и цврсто уверување дека подобри денови доаѓаат. Благословени сте со епископи и претседатели на гранка кои бараат членови на нивните конгрегации со временски потреби и кои имаат пристап до алатки и ресурси што можат да ви помогнат да ги обновите вашите животи и да ве постават на патот кон самостојност додека ги применувате принципите на подготвеност.

Во денешната животна средина, со пандемија што опустоши целата економија и животите на поединци, не би било во согласност со сочувствителниот Спасител да се игнорира реалноста дека многумина се мачат, и да се побара од нив да почнат да создаваат резерви од храна и пари за иднината. Сепак, тоа не значи дека ние треба трајно да ги игнорираме принципите на подготовка —само што овие принципи треба да се применуваат „мудро и по ред,“5 за да во иднината може да кажеме, како што правеше Јосиф во Египет, „Имаше леб.“6

Господ не очекува од нас да работиме повеќе од што можеме, но Тој очекува од нас да го сработиме она што можеме, кога ќе можеме. Како што Претседателот Нелсон нѐ потсети на нашата последна генерална конференција, „Господ сака да се трудиме.“7

Слика
Прирачник за Лични Финансии на јазици

Црковните водачи често ги охрабруваат Светците од Подоцнежните дни „ да се подготват за неволји во животот снабдувајќи се со основните намирници од храна и вода и по некоја парична заштеда.“ Во исто време, ние сме охрабрени да бидеме „мудри“ и „да не одиме во крајности“9 во нашите обиди да воведеме домашно складирана храна и финансиски резерви. Еден ресурс насловен Лични финансии за Самостојност, објавен во 2017 и моментално достапен на веб-страницата на Црквата на 36 јазици, започнува со порака од Првото Претседателство, која наведува:

„Господ изјавил, ‘Моја намера е да обезбедам за моите светци’ [Учења и Завети 104:15]. Ова откровение е ветување од Господ дека Тој ќе обезбеди времени благослови и ќе ја отвори вратата на самостојнос. …

„…Прифакајќи ги и живеејќи според овие принципи ќе ви овозможи подобро да ги примите временските благослови ветени од Господ.

„Ве повикуваме внимателно да ги проучите и да ги применувате овие принципи и научете ги членовите на вашето семејство за нив. Додека правите така, вашиот живот ќе биде благословен … [бидејќи] вие сте дете на нашиот Отец на Небесата. Тој ве сака и никогаш нема да ве напушти. Тој ве познава и е спремен да ви овозможи духовни и временски благослови на самостојност.“10

Овие ресурси вклучуваат поглавја посветени на создавањето и живеењето во рамки на буџетот, штитејќи го вашето семејството од тешкотии, менаџирање на финансиска криза, инвестирање за иднината и многу повеќе и е достапна за секого на црковната веб-страница или преку локалните водачи.

Кога станува збор за принципот на подготвеност, може да се вратиме на Јосиф во Египет за инспирација. Знаењето што ќе се случи не би било доволно за нивното водење низ „посните“ години без одреден степен на жртвување во време на годините на изобилство. Наместо да консумираат сѐ што Фараоновите поданици можеле да произведат, беа воспоставени ограничувања и доследно следени, обезбедувајќи доволно за нивните непосредни, како и за нивните идни, потреби. Не беше доволно да се знае дека времиња на предизвици би дошле. . Тие морале да дејствуваат, и поради нивниот труд, „имаше леб.“11

Ова води кон важно прашање: „Што следува?“ Добро место за почеток е да разбереме дека сите нешта се духовни за Господ, „и никогаш“ Тој не ни дава „закон кој беше привремен.“12 Сѐ, потоа, упатува на Исус Христос како основа врз која ние мора да надоградуваме, па дури и нашата временска подготвеност.

Да се биде времено подготвен и самостоен значи „да се верува дека преку милоста, или овозможувачката моќ, на Исус Христос и на нашите сопствени напори, ние сме во можност да ги добиеме сите духовни и временски животни потреби што ги бараме за нас и за нашите семејства.13.

Дополнителни аспекти на духовната основа за времена подготвеност вклучуваат дејстување „мудро и по ред,“14 што имплицира на постепено создавање на складиште за храна и заштеда со текот на времето, како и прифаќање на „мали и едноставни“ средства,15 што е демонстрација на вера дека Господ ќе ги зголеми нашите мали но доследни напори.

Со воспоставена духовна основа, ние потоа можеме успешно да примениме два важни елементи на временска подготвеност—менаџирање на финансии и домашно складирање.

Клучни принципи за управување со вашите финансии вклучуваат плаќање на десеток и посни прилози, елиминирање и избегнување на долг, подготовка и живеење во рамки на буџетот и штедење за иднината.

Клучни принципи за домашно складирање вклучуваат складирање на храна, складирање на вода како и други потребштини врз основа на индивидуалните и семејни потреби, сето тоа бидејќи „најдоброто складиште“16 е домот, што станува „најдостапна резерва во времиња на потреба.“17

Додека ги прифаќаме духовните принципи и бараме инспирација од Господ, ќе бидеме водени за да ја дознаеме Господовата волја за нас, индивидуално и како семејства, и како најдобро да се применат важните принципи на времената подготвеност. Најважниот чекор од сите е да се започне.

Старешина Дејвид А. Беднар нѐ научи на овој прицип кога кажа: „Превземање акција е вежба за верата. … Вистинската вера е фокусирана во и на Господ Исус Христос и секогаш води кон акција.“18

Браќа и сестри, во свет кој постојано се менува мора да се подготвиме за несигурности. Дури и со подобри денови кои се пред нас, знаеме дека времеските врвови и долините на смртноста ќе продолжат. Додека тежнееме да станеме времено подготвени, може да се соочиме со животните судови со зголемена самодоверба, мир во нашите срца и, како Јосиф во Египет, ќе бидеме во можност да кажеме, дури и во стресни околности, „Имаше леб.“19 Во името на Исус Христос, амин.