Свети Писма
Идеи за Подобрување на Семејното Проучување на Светото Писмо


„Идеи за Подобрување на Семејното Проучување на Светото Писмо,“ Идеи за Проучување на Светото Писмо (2021)

„Идеи за Подобрување на Семејното Проучување на Светото Писмо,“ Идеи за Проучување на Светото Писмо

Слика
семејства ги проучуваат светите писма

Идеи за Подобрување на Семејното Проучување на Светото Писмо

Редовното семејно проучување на светото писмо е моќен начин да му помогнете на вашето семејство да го научи Евангелието. Колку пати и колку долго читате како семејство не е толку важно колку што е важно да се биде доследен во вашите напори. Кога проучувањето на светите писма станува важен дел од вашиот семеен живот, им помагате на членовите на семејството да се приближат до Исус Христос и да ги изградат своите сведоштва врз основа на Неговиот збор.

Разгледајте ги следните прашања:

  • Како може да ги охрабрите членовите на семејството да ги проучуваат светите писма самостојно?

  • Што може да направите за да ги поттикнете членовите на семејството да го споделат она за што учат во моментот?

  • Како може да ги нагласите принципите што ги учите во светите писма во секојдневните часови?

Запамтете дека домот е идеално место за евангелско поучување и предавање. Можете да поучувате и да предавате за евангелието дома на начини што не се возможни на црковните часови. Бидете креативни додека размислувате за начините што ќе му помогнат на вашето семејство да учи од светите писма. Размислете за некои од следните идеи за да се подобри семејното проучување на светите писма.

Користете Музика

Пејте песни што ги зајакнуваат принципите научени во светите писма.

Слика
маж и девојче ги проучуваат светите писма

Споделете Корисни Стихови

Дајте им време на членовите на семејството за да споделат стихови од светите писма што сметаат дека се корисни во текот на нивното лично проучување.

Користете Ваши Сопствени Зборови

Поканете ги членовите на семејството да го сумираат во кратки црти она што го научиле од светите писма што ги проучувате.

Применувајте ги Светите Писма во Вашиот Живот

По прочитан стих од светото писмо, побарајте од членовите на семејството да споделат како овој пасус се применува во нивните животи.

Поставете Прашање

Поканете ги членовите на вашето семејство да постават евангелско прашање, и потоа заедно обидете се да пронајдете стихови што може да помогнат да се одговори прашањето.

Прикажете Стих

Изберете стих што вие сметате дека има траен ефект, и прикажете го на место каде членовите на семејството често ќе го гледаат. Поканете ги членовите на семејството наизменично да бираат стих за прикажување.

Направете список на стихови

Како семејство, изберете неколку стиха за кои што би сакале да се расправа во текот на неделата што доаѓа.

Научете стихови

Изберете стих што за вашето семејство има траен ефект, и поканете ги да го научат напамет повторувајќи го секој ден или играјќи игра за меморирање.

Споделете Предметни Лекции

Пронајдете предмети што се поврзваат со поглавјата и стиховите што ги читате како семејство. Поканете ги членовите на семејството да зборуваат за тоа како секој предмет е поврзан со учењата во светите писма.

Слика
жена поучува дете

Одберете Тема

Дозволете им членовите на семејството да се менуваат при изборот на тема што семејството ќе ја проучува заедно. Користете го Topical Guide, Bible Dictionary, или Водич до Светите Писма (scriptures.ChurchofJesusChrist.org) за да најдете извадоци од светите писма за темата.

Нацртајте Слика

Прочитајте неколку стиха како семејтво, а потоа оставете им време на членовите на семејството да нацртаат нешто што се поврзува со она што го читате. Поминете време расправајќи за меѓусебните цртежи.

Одиграјте приказна

Откако ќе прочитате приказна, повикајте ги членовите да ја одиграат. Потоа, зборувајте за тоа како приказната се поврзува со нештата што ги доживувате индивидуално или како семејство.

Старешина Дејвид А. Беднар поучуваше: „Секоја семејна молитва, секоја епизода од семејното проучување, и секоја семејна домашна вечер е потез со четката по платното на нашата душа. Ниту еден настан не може да изгледа импресивен или незаборавен. Но исто како што жолтиот, златниот и кафеавиот потез со бојата се комплементарни еден со друг и создаваат импресивно ремек-дело, така и нашата конзистентност во правење на навидум мали работи може да не одведе до значајни резултати“ („More Diligent and Concerned at Home,“ Liahona, ное. 2009, 19–20).