Свети Писма
Зошто да ги Проучувате Светите Писма?


„Зошто да ги Проучувате Светите Писма?“ Идеи за Проучување на Светото Писмо (2021)

„Зошто да ги Проучувате Светите Писма?“ Идеи за Проучување на Светото Писмо

Слика
Христос го воспостави сакраментот помеѓу Нефитите, од Ендрју Босли

Зошто да ги Проучувате Светите Писма?

Кога посветено ги проучуваме светите писма, се приближуваме до Исус Христос за подобро да го разбереме Неговото евангелие и помирувањето. Пророкот Нефи нѐ охрабрува на овој начин:

„Затоа, морате да притиснете напред со цврстина во Христос, со совршен сјај на надеж и љубов за Бога и за сите луѓе. Затоа, ако продолжите да напредувате, гоштевајќи се со зборовите Христови, и издржите до крај, ете, вака кажа Отецот: Ќе имате вечен живот“ (2 Нефи 31:20).

Слика
семејно читање на светите писма

Учењата од светите писма ќе ни помогнат да се вратиме кај нашиот Небесен Отец. Пророците од подоцнежните-дни побараа од нас редовно да ги проучуваме како поединци, а онаму каде што е применливо и како семејство. Тие нѐ повикаа да учиме од искуствата на оние пророци во светите писма и да ги применуваме светите записи и учења во нашите животи денес, како што советува Нефи во 1 Нефи 19:23. И древните и модерните пророци нѐ повикаа да ги проучуваме светите писма и да „се гоштеваме со зборовите Христови“ (2 Нефи 32:3).

Слика
маж чита свети писма

Претседателот Расел М. Нелсон исто така поучуваше за оваа важна вистина за „гоштевањето“ со светите писма:

„Да се гоштеваш значи повеќе отколку да пробаш. Да се гоштеваш значи да се насладуваш. Ние се насладуваме со светите писма проучувајќи ги во духот на прекрасно откритие и верна покорност. Кога се гоштеваме со зборовите Христови, тие се вградени ‘не на камени плочки, туку на човечки срца’ [2 Коринтјаните 3:3]. Тие стануваат интегрален дел од нашата природа“ („Living by Scriptural Guidance,“ Ensign, ное. 2000, 17).

Кога постојано учествуваме во личното и семејно проучување на светите писма, ние и нашите семејства може да бидеме водени, заштитени, и зајакнати против многуте предизвици од наше време.