Свети Писма
Идеи за Подобрување на Личното Проучување на Светото Писмо


„Идеи за Подобрување на Личното Проучување на Светото Писмо,“ Идеи за Проучување на Светото Писмо (2021)

„Идеи за Подобрување на Личното Проучување на Светото Писмо,“ Идеи за Проучување на Светото Писмо

Слика
жена ги проучува Светите писма

Идеи за Подобрување на Личното Проучување на Светото Писмо

Еве неколку едноставни начини за подобрување на вашето проучување на Божјото слово во светите писма.

Молете се за Инспирација

Светите писма го содржат Божјото слово. Додека ги проучувате, побарајте од Небесниот Отец водство и примете го Неговиот Дух за да ви помогне да ги разберете.

Побарајте ги Вистините за Исус Христос

Светите писма нѐ поучуваат дека сите нешта сведочат за Христос (види 2 Нефи 11:4; Мојсеј 6:63), затоа побарајте го Него во настаните, приказните и учењата од светите писма. Размислете за бележење или означување на стихови што поучуваат за Спасителот и како да го следите Него.

Побарајте Инспиративни Зборови и Фрази

Можеби ќе откриете дека одредени зборови и фрази во светите писма ве инспирираат, како да се напишани специјално за вас. Можеби ги чувствувате лично релевантни, инспиративни и мотивирачки. Размислете да ги обележите вашите стихови или да напишете за нив во дневникот за проучување.

Барајте ги Евангелските Вистини

Понекогаш евангелските вистини (често наречени доктрина или принципи) се наведени директно, а понекогаш се подразбираат преку пример или приказна. Запрашајте се себе си, „Кои евангелски вистини се поучуваат во овие стихови?“

Послушајте го Духот

Обрнете внимание на вашите мисли и чувства, дури иако ви се чини дека изгледаат неповрзани со она што го читате. Овие импресии може да бидат токму оние нешта што вашиот Небесен Отец сака да ги дознаете и почувствувате.

Слика
жена ги проучува Светите писма 2

Поврзете ги Светите Писма со Вашиот Живот

Размислете како приказните и учењата што ги читате се применуваат во вашиот живот. На пример, можеби се прашувате, „Какви искуства сум имал што се слични на она што го читам?“ или „Како можам да го следам примерот на оваа личност во светите писма?“

Поставувајте Прашања

Поставувањето прашања во врска со евангелието може да ви помогне да одлучите што да проучувате. Додека ги проучувате светите писма, прашања може да ви надоаѓаат на памет. Овие прашања може да се однесуваат на она што го читате или на вашиот живот воопшто. Размислете за овие прашања, и побарајте одговори додека продолжувате да ги проучувате светите писма. После вашето проучување, запрашајте што повеќе Бог сака да научите, и побарајте одговори во наредните часови и денови.

Користете Помош при Проучување на Светото Писмо

За да стекнете дополнителни сознанија за стиховите што ги читате, користете ги фуснотите од, the Topical Guide, the Bible Dictionary, the Guide to the Scriptures (scriptures.ChurchofJesusChrist.org), и други поучувачки помагала.

Размислете за Контекстот на Светите Писма

Можете да најдете сознанија од трајно значење за одреден стих ако размислите за неговиот контекст—околностите или поставување на Писмото. На пример, познавањето на позадината и верувањето на луѓето на кои пророкот им зборува може да ви помогне да ја разберете намерата на неговата порака.

Слика
маж чита Свети Писма

Запишувајте ги Вашите Мисли и Чувства

Постојат многу начини да се запишат импресиите што ви надоаѓаат додека проучувате. На пример, може да означите збор или фраза што имаат траен ефект и да ги запишете вашите мисли како белешка во вашите стихови. Можете да водите и дневник за сознанијата, чувствата и импресиите што ги примате. Или можете да го запишете прашањето што сте го поставиле пред да започнете со вашето проучување, проследено со одговорите кон кои сте биле водени.

Проучувајте ги Зборовите на Пророците и Апостолите од Подоцнежните-Дни

Прочитајте што учеа современите пророци и апостоли од подоцнежните-дни за принципите што се наоѓаат во светите писма. Нивните пораки се достапни преку „Генерална Конференција,” “Списанија,“ и други колекции во Евангелска Библиотека.

Прочитајте ги Приказните

Читајте ги приказните во светите писма, обидувајќи се да го разберете нивниот контекст (времето, местото, говорникот и публиката). Илустрираните приказни од светите писма се одличен извор за ова, особено за децата и членовите на кои не им се добро познати светите писма.

Споделете ги сознанијата

Дискусијата за сознанијата од вашето лично проучување е добар начин да се научат останатите и помага да го зголемите разбирањето за она што го читате.

Живејте според Она што Го Учите

Проучувањето на светите писма може да нѐ инспирира да го промениме начинот на кој живееме. Слушнете го она на што Духот ве поттикнува да го правите додека читате, а потоа превземете обврска да ги следите поттикнувањата.