Свети Писма
Јаков 2


Глава 2

Јаков ја осудува љубовта на богатството, гордоста, и нечедноста—Луѓето можат да бараат богатство за да им помогнат на своите ближни—Господ заповеда дека никој од Нефитите не може да има повеќе од една жена—Господ се восхитува на чедноста на жените. Околу 544–421 п.н.е.

1 Зборовите кои Јаков, братот на Нефи, му ги говореше на народот на Нефи, после смртта на Нефи:

2 Сега, браќа мои, јас, Јаков, според одговорноста што ја имам пред Бога, да ја зголемам мојата служба со трезвеност, и да ги исчистам мојата облека од твоите гревови, доаѓам денес во храмот, за да можам да ви го објавам Божјото слово.

3 И вие самите знаете дека досега се трудев во службата на мојот повик; но јас овој ден сум оптоварен со многу повеќе желба и грижа за благосостојбата на твоите души отколку што досега бев.

4 Зашто ете, досега, вие сте биле послушни на словото Господово, што ви го дадов.

5 Но, ете, послушајте ме мене, и знајте дека со помош на семоќниот Творец на небесата и на земјата можам да ви кажам за вашите мисли, како почнувате да се трудите во грев, кој грев изгледа многу одвратно за мене, да, и одвратно за Бог.

6 Да, ја натажува мојата душа и ме предизвикува да се смалам пред присуството на мојот Создавач, за да ви сведочам за злобата на вашите срца.

7 И, исто така, ме натажува што морам да користам толку многу смелост на говорот за вас, пред жените и вашите деца, од кои многу чувства се премногу нежни и чедни и деликатни пред Бог, што му е пријатно на Бог;

8 И претпоставувам дека дошле тука за да го чујат Божјото слово, да, словото, кое ја исцелува ранетата душа.

9 Затоа, и тежи на мојата душа да бидам ограничен, поради строгата заповед што ја добив од Бог, да ве опоменам според вашите злосторства, за да ги зголемите раните на оние што се веќе повредени, наместо да ги утешат и да ги исцелат нивните рани; и оние што не биле повредени, наместо да се гоштеваат на пријатното Божјото слово, ножевите ги ставаат да ги прободат своите души и ги рануваат своите деликатни умови.

10 Но, и покрај големината на задачата, морам да сторам според строгите Божји заповеди, и да ви кажувам во врска со вашата пакост и одвратностите, во присуството на оние кои се чисти во срцето, и оние кои се скршени во срцето, и под погледот на прободувачкото око на Семоќниот Бог.

11 Затоа, јас мора да ви ја кажам вистината според јаснотијата на Божјото слово. Зашто, ете, како што прашував од Господ, така ми дојде зборот на мене, велејќи: Јаков, влези во храмот утре, и објави му го словото што Јас ќе ти го дадам на овој народ.

12 И сега ете, браќа мои, ова е словото што ви го објавувам, дека многумина од вас почнаа да бараат злато, и сребро, и секакви видови скапоцени руди, со кои оваа земја, која е земја на ветување за тебе и за твоето потомство, премногу изобилува.

13 И раката на провидение се насмевна на тебе најповолно, дека сте добиле многу богатства; и затоа што некои од вас сте добиле поизобилно од браќата ваши, вие сте кренати во гордоста на вашите срца и одите цврсто и со високи глави поради скапоценоста на вашата облека, и ги прогонувате своите браќа зашто претпоставувате дека сте подобри од нив.

14 И сега, браќа мои, дали претпоставувате дека Бог ве оправдува во тоа? Ете, ви велам: Не. Туку Тој ве осудува, и ако истраете во тоа, Неговите пресуди мора брзо да дојдат кај вас.

15 О, Тој да ви покаже дека Тој може да ве прободе, а со еден поглед на Неговото око Тој може да ве удри во правта!

16 О, Тој да ве ослободи од ова беззаконие и одвратност. И, О, да го слушате словото на Неговите заповеди, и да не дозволите оваа гордост на срцата ваши да ги уништи вашите души!

17 Размислете на своите браќа како на себеси, и бидете запознаени со сите и дарежливи со своето богатство, за да може тие да бидат богати како вас.

18 Но пред да барате богатство, барајте го царството Божјо.

19 И откако сте добиле надеж во Христа ќе ги добиете богатствата, ако ги барате; и ќе ги барате за намерата да направите добро—да ги облечете голите, и да ги нахраните гладните, и да ги ослободите заробените, и да им послужите олеснување на болните и на тажните.

20 И сега, браќа мои, ви зборував во врска со вашата гордост; и оние од вас што го навредуваат својот сосед, и го прогонуваа зашто бевте горди во вашите срца, од она што ви го дал Бог, што велите за тоа?

21 Зарем не претпоставувате дека таквите работи се одвратни на Него што го создал секое тело? И едното битие е исто толку скапоцено во Негови очи како и другото. И секое тело е од правта; и за истиот крај Тој ги создаде, за да ги одржуваат Неговите заповеди и да Го величат засекогаш.

22 И сега престанувам да ви говорам за оваа гордост. И да не требаше да ви говорам на вас за едно погрозно злосторство, моето срце премногу ќе се радуваше заради вас.

23 Но словото Божјо ме оптоварува поради вашите погрозни злосторства. Зашто ете, тоа го вели Господ: Овој народ почнува да паѓа во беззаконие; тие не ги разбираат светите писма, зашто тие бараат да се оправдаат извршувајќи блудства, поради нештата што беа напишана за Давид, и неговиот син Соломон.

24 Ете, Давид и Соломон навистина имаа многу жени и конкубини, што беше одвратно пред Мене, вели Господ.

25 Затоа, вака вели Господ, Јас го изведов овој народ од земјата Ерусалим, преку силата на Мојата рака, за Јас да одгледам до Мене праведна гранка од плодот на слабините на Јосиф.

26 Затоа, Јас Господ Бог нема да дозволам овој народ да постапува како оние од минатото.

27 Затоа, браќа мои, слушајте ме, и слушајте го словото Господово: Зашто никој маж не треба да има повеќе од една жена; и конкубини не треба да има;

28 Зашто Јас, Господ Бог, уживам во чедноста на жените. И блудствата се одвратност пред Мене; така вели Господ на Војските.

29 Затоа, овој народ ќе ги одржува Моите заповеди, вели Господ на Војските, или земјата ќе биде проколната поради нив.

30 Зашто, Јас вели Господ на Восјките, ако сакам да подигнам потомство за Мене, Јас ќе му заповедам на Мојот народ; инаку тие ќе внимаваат на овие нешта.

31 Зашто ете, Јас, Господ, видов тага, и ја слушнав жалоста на ќерките на Мојот народ во земјата на Ерусалим, да, и во сите земји на народот Мој, поради злото и одвратноста на нивните мажи.

32 И Јас нема да дозволам, вели Господ на Војските, извиците на прекрасните ќерки на овој народ, што Јас ги доведов од земјата на Ерусалим, да дојдат кај Мене против мажите на Мојот народ, вели Господ на Војските.

33 Зашто тие нема да ги одведат во заробеништво ќерките на Мојот народ заради нивната нежност, освен ако Јас ги посетам со тешка клетва, дури до уништување; зашто тие нема да извршат блудства, како оние во минатото, вели Господ на Војските.

34 И сега, ете, браќа мои, вие знаете дека овие заповеди му беа дадени на нашиот татко, Лехи; затоа, вие ги знаевте порано; и дојдовте до голема осуда; зашто сте го направиле она што вие не требаше да го направите.

35 Ете, направивте поголеми беззаконија од Ламанитите, браќата наши. Вие ги скршивте срцата на вашите нежни жени, и ја изгубивте довербата на своите деца поради вашите лоши примери пред нив; и плачење на нивните срца се крева кон Бог против вас. И поради строгоста на Божјото слово, која се спушта против вас, многу срца умреа, прободени со длабоки рани.