Свети Писма
Јаков 4


Глава 4

Сите пророци го обожаваат Отецот во името на Христос—Авраамовиот принос на Исак беше во сличност на Бог и Неговиот Единороден—Луѓето треба да се помират со Бог преку Помирувањето—Евреите ќе го одбијат каменот темелник. Околу 544–421 п.н.е.

1 Сега ете, се случи дека јас, Јаков, служејќи му многу на мојот народ со слово, (и не можам да напишам освен малку од моите слова, поради тешкотијата за врежување на нашите слова врз плочите) и знаеме дека нештата што ги пишуваме на плочите мораат да останат;

2 Но што и да пишуваме на било што освен на плочите мора да исчезне и избледи; но можеме да напишеме неколку зборови на плочите, кои ќе им ги дадеме на нашите деца, и исто на нашите љубени браќа, мал степен на знаење во врска со нас, или во врска со нашите татковци—

3 Сега во ова се радуваме; и трудољубиво работиме да ги врежеме овие зборови на плочите, надевајќи се дека нашите љубени браќа и нашите деца ќе ги добијат со благодарни срца, и да погледнат врз нив за да научат со радост а не со тага, ниту со презир, во врска со нивните први родители.

4 Зашто, поради оваа намера ги напишавме овие нешта, за да можат да знаат дека знаевме за Христос, и имавме надеж за Неговата слава многу стотици години пред Неговото доаѓање; и не само ние самите имавме надеж за Неговата слава, туку исто сите свети пророци кои беа пред нас.

5 Ете, веруваа во Христос и го обожаваа Отецот во Негово име, и исто ние Го обожаваме Отецот во Негово име. И поради оваа намера го одржуваме Мојсиевиот закон, насочувајќи ги нашите души кон Него; и поради оваа цел осветен ни е за праведност, и тоа како што беше пресметано од Авраам во дивината да биде послушен на Божјите заповеди во принесување на неговиот син Исак, што е сличност на Бог и Неговиот Единороден Син.

6 Затоа, ги бараме пророците, и имаме многу откровенија и духот на пророштвото; и имајќи ги сите овие сведоштва стекнуваме надеж, и нашата вера станува непоколеблива, толку што навистина можеме да заповедаме во името на Исус и самите дрва нѐ слушаат, односно планините, односно морските бранови.

7 Сепак, Господ Бог ни ја покажа слабоста за да можеме да знаеме дека преку Неговата благодат, и Неговите големи удостојувања врз човечките деца, дека имаме моќ да ги правиме овие нешта.

8 Ете, големи и зачудувачки се Господовите дела. Колку се неистражливи длабочините на Неговите мистерии; и невозможно е дека човекот ќе ги најде сите Негови патишта. И ниту еден човек не знае за сите Негови патишта ако не му се откриени на Него; затоа, браќа, не ги презирајте Божјите откровенија.

9 Зашто ете, преку моќта на Неговото слово човекот дојде врз лицето на земјата, чија земја беше направена преку моќ на Неговото слово. Затоа, ако Бог можеше да говори а светот беше, и да говори и да биде создаден човекот, О тогаш, зошто не може да ја заповеда земјата, или Изработката од Неговите раце врз лицето на земјата, според Неговата волја и задоволство?

10 Затоа, браќа, не барајте да Го советувате Господ, туку да прифатите совет од Неговата рака. Зашто ете, самите знаете дека Тој советува мудро, и праведно, и со голема милост, над сите Негови дела.

11 Затоа, љубени браќа, бидете помирени со Него преку помирувањето на Христос, Неговиот Единороден Син, и можете да добиете воскреснување, според моќта на воскреснување која е во Христос, и да бидете претставени како први плодови на Христос на Бог, имајќи вера, и стекнувајќи добра надеж за слава во Него пред да се прикаже Самиот во тело.

12 И сега, љубени, не се чудете што ви ги кажувам овие нешта; бидејќи зошто да не зборуваме за Христовото помирување, и постигнеме совршено знаење за Него, како што постигнуваме знаење за воскреснувањето и светот што следи?

13 Ете, браќа мои, тој што пророкува, нека пророкува за човечкото разбирање; бидејќи Духот ја зборува вистината и не лаже. Затоа, зборува за нештата какви што се, и за нештата какви што навистина ќе бидат; затоа, овие нешта ни се јасно прикажани, за спасението на нашите души. Но ете, не сме единствените сведоци на овие нешта; бидејќи Бог исто ги кажуваше на пророците од минатото.

14 Но ете, Евреите беа вкочанет народ; и ги презираа јасните зборови, и ги убија пророците, и бараа нешта што не ги разбираа. Затоа, поради нивната заслепеност, чија заслепеност дојде бидејќи бараа подалеку од знакот, мораат да паднат; бидејќи Бог ја тргна Неговата јаснотија од нив, и им пренесе многу нешта што не ги разбираат, бидејќи го посакуваа тоа. И бидејќи го посакуваа тоа Бог го направи, за да се сопнат.

15 И сега јас, Јаков, сум воден од Духот во пророкување; бидејќи согледувам преку делата на Духот, Кој е во мене, дека поради сопнувањето на Евреите ќе го одбијат каменот врз кој можат да градат и имаат безбедна основа.

16 Но ете, според светите писма, овој камен ќе стане голем, и последен, и единствената сигурна основа, врз која Евреите можат да градат.

17 И сега, мои љубени, како е возможно овие, откако ја одбија сигурната основа, некогаш да можат да градат врз неа, за да може да стане глава од нивниот агол?

18 Ете, мои љубени браќа, ќе ви ја откријам оваа мистерија; ако не се затресам со мојата цврстина во Духот на било кои начини, и не се сопнувам поради мојата преголема грижа за вас.