Свети Писма
Мормон 1


Книгата на Мормон

Глава 1

Амарон го упатува Мормон во врска со светите записи—Војна почнува помеѓу Нефитите и Ламанитите—Трите Нефити се одземени—Пакост, неверување, волшебништво, и вештерство преовладуваат. Околу 321–326 н.е.

1 И сега јас, Мормон, правам запис за нештата што сум ги видел и чул, и ќе го нарекувам Книгата на Мормон.

2 И околу времето кога Амарон ги скри записите за Господ, тој дојде кај мене, (јас имав околу десет години, и почнував да се учам малку по начинот на учење на мојот народ) и Амарон ми кажа: Сметам дека си трезно дете, и брзо набљудуваш;

3 Затоа, кога ќе имаш околу дваесет и четири години би сакал јас да се сетиш на нештата што си ги набљудувал што се однесуваат на овој народ; и кога ќе стигнеш на таа возраст оди до земјата Антум, до рид што ќе се вика Шим; и таму сум ги закопал за Господ сите свети гравирања за овој народ.

4 И ете, ќе ги земеш плочите на Нефи кај себе, а остатокот ќе го оставиш каде што е сега; и ќе ги гравираш на плочите на Нефи сите оние нешта што ги набљудуваше за овој народ.

5 И јас, Мормон, потомок на Нефи, (а татко ми се викаше Мормон) ги запомнив нештата што Амарон ми ги заповедал.

6 И се случи дека јас, кога имав единаесет години, бев донесен од татко ми на јужната земја, дури и до земјата Зарахемла.

7 Целото лице на земјата беше станало покриено со згради, и луѓето беа толку многубројни, речиси колку што е песокот на морето.

8 И се случи дека во оваа година војна почна помеѓу Нефитите, кои се состоеја од Нефитите и Јаковитите и Јосефитите и Зорамитите; а оваа војна беше помеѓу Нефитите, и Ламанитите и Лемуилитите и Исмаелитите.

9 Сега Ламанитите и Лемуилитите и Исмаелитите се викаа Ламанити, па така двете страни беа Нефитите и Ламанитите.

10 И се случи дека војната почна помеѓу нив во границите на Зарахемла, кај водите на Сидон.

11 И се случи дека Нефитите беа собрале заедно голем број на мажи, дури повеќе од триесет илјади. И се случи дека имаа во таа иста година неколку битки, во кои Нефитите ги победија Ламанитите и убија многу од нив.

12 И се случи дека Ламанитите се откажаа од нивната цел, и постоеше мир во земјата; и мирот остана за текот на околу четири години, така што немаше крвопролевање.

13 Но пакоста преовладуваше врз лицето на целата земја, толку што Господ ги извади Неговите возљубени ученици, и делата на чуда и на исцелување престанаа заради беззаконието на народот.

14 И немаше дарови од Господ, и Светиот Дух не му доаѓаше никому, заради нивната пакост и неверување.

15 И јас, имајќи петнаесет години и со трезен ум бев посетен од Господ, и ја доживеав и познавав добрината на Исус.

16 И се трудив да му проповедам на овој народ, но мојата уста се затвори, и бев забранет да му проповедам; зашто ете своеволно беа се бунтувале против својот Бог; и возљубените ученици се извадиле од земјата заради нивната пакост.

17 Но останав меѓу нив, но ми беше забрането да им проповедам, заради цврстината на нивните срца; и заради цврстината на нивните срца, земјата им беше проколната за нивно добро.

18 И оние Гадиантонски крадци, кои беа помеѓу Ламанитите, ја исполнија земјата, толку така што жителите почнаа да ги кријат нивните богатства во земјата; и станаа лизгави, бидејќи Господ беше ја проколнал земјата, така што тие не можеа ниту да ги држат, ниту да ги задржат.

19 И се случи дека постоеја волшебништва, и вештерства, и маѓепсништва; и моќта на злобниот работеше врз сето лице на земјата, дури до исполнувањето на зборовите на Абинади, и исто Самуел Ламанитот.