Свети Писма
Мормон 8


Глава 8

Ламанитите ги бараат и ги уништуваат Нефитите—Книгата на Мормон ќе се појави преку Божјата моќ—Неволја се прогласува на оние кои издишуваат бес и конфликт против Господовото дело—Записот на Нефитите ќе се појави во ден на пакост, изопаченост, и отпадништво. Околу 400–421 н.е.

1 Ете јас, Морони, го завршувам записот на татко ми, Мормон. Ете, имам само неколку нешта да напишам, кои нешта ми беа заповедани од татко ми.

2 И сега се случи после големата и огромна борба кај Кумора, ете, Нефитите кои беа избегале во земјата на југ беа ловени од Ламанитите, сѐ додека сите не беа уништени.

3 И мојот татко исто беше убиен од нив, и јас останувам сам да ја напишам жалната приказна за уништувањето на мојот народ. И ете, веќе го нема, и ја исполнувам заповедта на татко ми. И дали ќе ме убијат, не знам.

4 Затоа ќе ги запишам и скријам записите во земјата; и каде и да одам, не е важно.

5 Ете, мојот татко го направи овој запис, и тој напиша за намерата на записот. И ете, и јас исто би ја напишал да имав место на плочите, но немам; и немам руда, бидејќи сум сам. Мојот татко беше убиен во битка, и сите мои роднини, и немам пријатели ниту каде да одам; и колку долго ќе дозволи Господ да живеам не знам.

6 Ете, поминаа четиристотини години од доаѓањето на нашиот Господ и Спасител.

7 И ете, Ламанитите го ловеа мојот народ, Нефитите, од град до град и од место до место, сѐ додека повеќе го нема; и голем беше неговиот пад; да, големо и зачудувачко е уништувањето на мојот народ, Нефитите.

8 И ете, тоа е раката на Господ што го направи тоа. И исто така ете, Ламанитите се во војна едни со други; и целото лице на оваа земја е еден постојан круг на убиства и крвопролевање; и никој не го знае крајот на војната.

9 И сега, ете, не зборувам повеќе во врска со нив, бидејќи нема никој освен Ламанитите и крадците кои постојат врз лицето на земјата.

10 И не постои никој кој го знае вистинскиот Бог освен учениците на Исус, кои престојуваа во земјата сѐ додека пакоста на народот не стана толку голема што Господ не им дозволи да останат со народот; и дали се на лицето на земјата никој не знае.

11 Но ете, мојот татко и јас ги видовме, и тие ни служеа.

12 И секој што ќе го прими овој запис, и не го осудува поради несовршеностите кои се во него, истиот ќе знае за подобри нешта од овие. Ете, јас сум Морони; и ако беше можно, јас ќе ви ги објавев сите нешта.

13 Ете, ставам крај со зборување во врска со овој народ. Јас сум синот на Мормон, и мојот татко беше потомок на Нефи.

14 И јас сум истиот кој го скри овој запис кај Господ; плочите се без вредност, поради Господовата заповед. Бидејќи Тој навистина кажа дека никој нема да ги има за да стекне добивка; но записот е од голема вредност; и тој што ќе ги изнесе на светло, Господ него ќе го благослови.

15 Зашто никој не може да има сила да го изнесе на светлина освен ако не му беше дадена од Бог; бидејќи Бог сака да биде направено со око посветено на Неговата слава, односно благосостојбата на древниот и долго распрснат заветен народ на Господ.

16 И нека е благословен тој што ќе го изнесе ова на светло; бидејќи ќе биде изнесено од темнината во светлината, според словото Божјо; да, ќе биде донесено од земјата, и ќе свети од темнината, и ќе дојде до знаењето на народот; и ќе биде сторено преку Божјата моќ.

17 И ако постојат грешки тогаш тие се грешки на човекот. Но ете, не знаеме за грешки; сепак Бог ги знае сите нешта; затоа, тој што осудува, нека биде свесен за да не биде во опасност од пеколен оган.

18 И тој што кажа: Покажи ми, или ќе бидеш удрен—нека биде внимателен за да не заповеда тоа што е забрането од Господ.

19 Зашто ете, истиот што суди брзо ќе биде брзо суден повторно; бидејќи според неговите дела ќе биде неговата плата, затоа, тој што удира повторно ќе биде удрен, од Господ.

20 Ете што вели светото писмо—човек не треба да удира, ниту да суди; бидејќи судењето е Мое, кажа Господ, и одмаздата е Моја исто така, и Јас ќе исплатам.

21 И тој што ќе издише бес и раздори против Господовото дело, и против заветениот народ на Господ кои се од Изареловиот дом, и ќе кажат: Ние ќе го уништиме Господовото дело, и Господ нема да се сеќава на Неговиот завет кој го склучи со Израеловиот дом—истиот е во опасност да биде пресечен и фрлен во оган;

22 Зашто вечните цели на Господ ќе се тркалаат, сѐ додека сите Негови ветувања не се исполнети.

23 Пребарајте ги ветувањата на Исаија. Ете, не можам да ги напишам. Да, ете ви велам, дека оние светци што заминале пред мене, кои ја поседуваа оваа земја, ќе довикуваат, да, и тоа од правта ќе Му довикуваат на Господ; и како што живее Господ Тој ќе се сеќава на заветот кој Тој го направи со нив.

24 И Тој ги знае нивните молитви, дека беа во име на нивните браќа. И Тој ја знае нивната вера, бидејќи во Неговото име тие можеа да поместат планини; и во Негово име можеа да направат земјата да се тресе; и преку моќта на Неговото слово направија затворите да се срушат на земјата; да, дури ни жестоката печка не можеше да им наштети, ниту диви ѕверови ниту отровни змии, поради моќта на Неговото слово.

25 И ете, нивните молитви беа исто така во името на оној на кого Господ ќе му дозволи да ги истакне овие нешта.

26 И никој не треба да каже дека нема да се појават, бидејќи сигурно ќе се појават, бидејќи Господ го кажа тоа; бидејќи од земјата ќе се појават, преку раката на Господ, и никој не може да попречи; и тоа ќе се појави на ден кога ќе биде кажано дека чудата ги снема; и ќе се појави како некој да зборува од мртвите.

27 И ќе се случи на ден кога крвта на светците ќе довикува кон Господ, поради тајните сојузи и дела на темнината.

28 Да, ќе се појави на ден кога моќта на Бог ќе биде негирана, и црквите ќе бидат изопачени и кренати во гордоста на нивните срца; да, и тоа на ден кога водачите на цркви и учителите ќе се кренат во гордоста на нивните срца, и тоа до завидување на оние кои припаѓаат на нивните цркви.

29 Да, ќе се појави на ден кога ќе се слушне за огнови, и невремиња, и магли од чад во туѓи земји;

30 И исто така ќе се слушне за војни, гласини за војни, и земјотреси на различни места.

31 Да, ќе се појави на ден кога ќе има огромни загадувања врз лицето на земјата; ќе има убиства, и ограбување, и лажење, и измами, и блудства, и секаков вид на одвратности; кога ќе постојат многу кои ќе кажат: Направи го ова, или направи го она, и не е важно, бидејќи Господ ќе ги поддржи таквите на последниот ден. Но тешко на таквите, бидејќи се во жолчката на горчината и во оковите на беззаконието.

32 Да, ќе се појави на ден кога ќе има цркви изградени кои ќе кажат: Дојдете кај мене, и за вашите пари ќе ви бидат простени вашите гревови.

33 О вие пакосен и перверзен и вкочанет народе, зошто изградивте цркви за себе да стекнете добивка? Зошто вие го преобразивте светото слово на Бог, за да си донесете проклетство на вашите души? Ете, погледни кон откровенијата на Бог; зашто ете, доаѓа времето на тој ден кога сите нешта мора да бидат исполнети.

34 Ете, Господ ми покажа големи и зачудувачки нешта во врска со тоа што наскоро мора да се случи, на тој ден кога овие нешта ќе се случат помеѓу вас.

35 Ете, ви зборувам како да сте присутни, а сепак не сте. Но ете, Исус Христос ве покажа на мене, и го знам вашето дело.

36 И знам дека вие чекорите во гордоста на вашите срца; и не постојат многу освен неколкумина кои не се креваат во гордоста на нивните срца, во носење на скапа облека, во завидување, и раздори, и злоба, и прогонувања, и секаков вид на беззаконија; и вашите цркви, да, дури и секоја, станаа загадени поради гордоста на вашите срца.

37 Зашто ете, вие сакате пари, и вашите имоти, и вашата скапа облека, и украсувањето на вашите цркви, повеќе отколку што ги сакате сиромашните и оние на кои им треба, болните и погодените.

38 О вие неморални, вие лицемери, вие учители, кои се продавате за тоа што ќе се скапе, зошто ја загадивте светата црква на Бог? Зошто се срамите да го преземете светото име на Христос? Зошто не мислите дека вредноста е поголема на бескрајната среќа отколку на таа беда која никогаш не умира—поради славењето на светот?

39 Зошто се украсувате со тоа што нема живот, а сепак дозволувате гладните, и оние на кои им треба, и голите, и болните и погодените да минат покрај вас, и не ги приметувате?

40 Да, зошто ги градите вашите тајни одвратности да стекнете добивка, и да предизвикате вдовиците да жалат пред Господ, и исто сираците да жалат пред Господ и исто крвта на нивните татковци и нивните мажи да Му довикува на Господ од земјата, за одмазда врз вашите глави?

41 Ете, мечот на одмаздата виси над вас; и наскоро ќе дојде времето кога Тој ќе ја одмазди крвта на светците врз вас, бидејќи Тој повеќе нема да ги толерира нивните довикувања.