Свети Писма
Хеламан 10


Глава 10

Господ му ја дава на Нефи запечатувачката моќ—Тој е овластен да врзува и да ослободува на земјата и на небото—Тој му заповедува на народот да се покае или ќе загине—Духот го носи од мноштво во мноштво. Околу 21–20 п.н.е.

1 И се случи да настане поделба меѓу народот, толку што се поделија овде и таму и тргнаа по нивни патишта, оставајќи го Нефи сам, додека стоеше среде нив.

2 И се случи Нефи да тргне кон неговата куќа, размислувајќи за нештата кои Господ му ги покажа.

3 И се случи додека тој така размислуваше—многу потиштен поради пакоста на Нефитскиот народ, нивните тајни мрачни дела, и нивните убиства, и нивните ограбувања, и секаков вид на беззаконија—и се случи додека така размислуваше во неговото срце, ете, еден глас дојде кај него, велејќи:

4 Благословен си ти, Нефи, за оние нешта кои си ги сторил; бидејќи Јас сум видел како со неуморност го објавуваше словото, кое Јас ти го дадов, на овој народ. И не се плашеше од нив, и не го бараше твојот сопствен живот, туку ја бараше Мојата волја, и да ги одржуваш Моите заповеди.

5 И сега, бидејќи си го направил ова со таква неуморност, ете, Јас ќе те благословам засекогаш; и Јас ќе те направам моќен на збор и на дело, во вера и во дејства; да, дури и сите нешта да бидат направени на тебе според твоето слово, зашто нема да прашуваш за тоа што е спротивно на Мојата волја.

6 Ете, ти си Нефи, а Јас сум Бог. Ете, Јас ти објавувам во присуството на Моите ангели, дека ќе имаш моќ врз овој народ, и ќе ја погодиш земјата со глад, и со чума, и уништување, според пакоста на овој народ.

7 Ете, Јас ти давам моќ, за било што да запечатиш на земјата ќе биде запечатено и на небото; и што и да ослободиш на земјата ќе биде ослободено и на небото; и така ќе имаш моќ меѓу овој народ.

8 И така, ако кажеш на овој храм да се распадне на две парчиња, тоа ќе биде направено.

9 И ако кажеш на оваа планина, Сруши се, и стани мазна, и тоа ќе биде сторено.

10 И ете, ако кажеш дека Бог ќе го удри овој народ, ќе се случи.

11 И сега ете, Јас ти заповедам, дека ќе одиш и ќе му објавиш на овој народ, дека така кажа Господ Бог, кој е Семоќниот: Освен ако не се покаете ќе бидете удрени, и тоа до уништување.

12 И ете, сега се случи кога Господ му ги кажа овие зборови на Нефи, тој застана и не отиде во неговата сопствена куќа, туку се врати на мноштвата кои беа распрснати врз лицето на земјата, и започнаа да им го објавуваат Господовото слово кое му беше кажано, во врска со нивното уништување ако не се покаеја.

13 Сега ете, без оглед на големото чудо што Нефи беше го сторил кажувајќи им во врска за смртта на главниот судија, ги закоравуваа нивните срца и не ги послушаа словата на Господ.

14 Затоа Нефи им го објави Господовото слово, велејќи: Освен ако не се покаете, така кажа Господ, ќе бидете удрени и тоа до уништување.

15 И се случи кога Нефи беше им го објавил словото, ете, тие сѐ уште ги закоравуваа нивните срца и не ги послушаа неговите зборови; затоа се побунија против него, и сакаа да ги положат нивните раце врз него за да можат да го фрлат во затвор.

16 Но ете, Божјата моќ беше со него, и тие не можеа да го фатат и да го фрлат во затвор, бидејќи беше земен од Духот и пренесен од нивната средина.

17 И се случи тој така да чекори со Духот, од мноштво до мноштво, објавувајќи го Божјото слово, дури додека не им го објави на сите, односно го испрати помеѓу целиот народ.

18 И се случи тие да не ги послушаат неговите зборови; и започнаа препирања, толку што беа поделени помеѓу себеси и започнаа да се убиваат едни со други со меч.

19 И така заврши седумдесет и првата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ.