Свети Писма
Хеламан 15


Глава 15

Господ ги укори Нефитите бидејќи Тој ги љубеше—Преобратените Ламанити се цврсти и постојани во верата—Господ ќе биде милостив кон Ламанитите во последните денови. Околу 6 п.н.е.

1 И сега, мои љубени браќа, ете, ви објавувам дека ако не се покаете вашите домови ќе ви бидат оставени опустошени.

2 Да, ако не се покаете, вашите жени ќе имаат голема причина да жалат на денот кога ќе дојат; бидејќи ќе се обидете да избегате и нема да има засолниште; да, и тешко на оние кои се со дете, бидејќи ќе бидат тешки и нема да можат да бегаат; затоа, ќе бидат прегазени и оставени да загинат.

3 Да, тешко на овој народ кој е наречен Нефитскиот народ освен ако не се покајат, кога ќе ги видат сите овие знаци и чуда кои ќе им бидат покажани, зашто ете, беа одбран Господов народ; да, Тој го љубеше Нефитскиот народ, и исто така Тој ги укори; да, во деновите на нивните беззаконија Тој ги укори бидејќи Тој ги љубеше.

4 Но ете браќа мои, Ламанитите Тој ги мразеше бидејќи нивните дела беа злобни постојано, и тоа поради беззаконието на традицијата на нивните татковци. Но ете, спасението дојде при нив преку проповедањето на Нефитите; и со оваа намера Господ им ги продолжи деновите.

5 И би сакал да видите дека поголемиот дел од нив се на патот на нивната должност, и тие чекорат блогоразумно пред Бог, и гледаат да ги одржат Неговите заповеди и Неговите одредби и Неговите пресуди според Мојсиевиот закон.

6 Да, ви велам, дека поголемиот дел од нив го прават тоа, и се стремат со неизморена трудољубивост да можат да го доведат остатокот од нивните браќа до знаењето за вистината; затоа постојат многу кои им се придружуваат на нивните броеви дневно.

7 И ете, знаете за себеси, бидејќи посведочивте, дека сите оние кои се доведени до знаење за вистината, и да знаат за пакосните и одвратни традиции на нивните татковци, и се водени да веруваат во светите писма, да, пророштвата на светите пророци, кои се запишани, кои ги водеа до вера во Господ, и до покајание, кои вера и покајание им ги промениле срцата—

8 Затоа, сите што дојдоа до ова, знаете дека самите сте цврсти и постојани во верата, и во нештата во кои сте биле ослободени.

9 И исто така знаете дека тие ги закопаа нивните воени оружја, и се плашат да ги кренат за да не згрешат на некои начини; да, можете да гледате дека се плашат да грешат—зашто ете, би дозволиле да бидат прегазени и убиени од нивните непријатели, и нема да ги кренат нивните мечеви против нив, и тоа поради нивната вера во Христос.

10 И сега, поради нивната постојаност кога веруваат во тоа во што веруваат, бидејќи поради нивната цврстина кога еднаш се осветлени, ете, Господ ќе ги благослови и продолжи нивните денови, без оглед на нивното беззаконие—

11 Да, дури и ако исчезнат во неверување Господ ќе ги продолжи нивните денови, додека да дојде времето за кое ни е зборувано од нашите татковци, и исто така од пророкот Зенос, и многу други пророци, во врска со обновувањето на нашите браќа, Ламанитите, повторно до знаењето на вистината—

12 Да, ви велам дека во подоцните времиња ветувањата на Господ се протегаат на нашите браќа, Ламанитите; и без оглед на многуте неволји кои ќе ги имаат, и без оглед што ќе бидат протерани таму и ваму врз лицето на земјата, и ќе бидат ловени, и ќе бидат удирани и распрснати наоколу, немајќи место за засолниште, Господ ќе им се смилува.

13 И ова е според пророштвото, дека повторно ќе бидат доведени до вистинското знаење, кое е знаењето за нивниот Искупител, и нивниот голем и вистински овчар, и ќе бидат вброени помеѓу Неговите овци.

14 Затоа ви велам, ќе биде подобро за нив отколку за вас освен ако не се покаете.

15 Зашто ете, да им беа покажани моќните дела на нив како што ви беа покажани на вас, да, на оние кои западнаа во неверување поради традициите на нивните татковци, можете самите да видите дека тие никогаш не ќе исчезнуваа во неверување.

16 Затоа, кажа Господ: Јас нема целосно да ги уништам, но Јас ќе предизвикам на денот на Мојата мудрост повторно да се вратат кај Мене, кажа Господ.

17 И сега ете, кажа Господ, во врска со Нефитскиот народ: Ако не се покајат, и гледаат да ја прават Мојата волја, Јас целосно ќе ги уништам, кажа Господ, поради нивното неверување без оглед на многуте моќни дела кои Јас ги направив помеѓу нив; и сигурно како што живее Господ така ќе бидат и овие нешта, кажа Господ.