Свети Писма
Хеламан 12


Глава 12

Луѓето се нестабилни и будалести и брзи да направат зло—Господ го укорува Неговиот народ—Човечката ништожност е споредена со Божјата моќ—На судниот ден, луѓето ќе добијат вечен живот или вечно проклетство. Околу 6 п.н.е.

1 И така можеме да погледнеме колку се лажни, и нестабилни срцата на човечките деца; да, можеме да видиме дека Господ во Неговата голема бесконечна добрина ги благословува и унапредува оние кои веруваа во Него.

2 Да, и можеме да видиме во истото време кога Тој го унапредува Неговиот народ, да, во зголемување на нивните полиња, нивните стада и крда, и во злато, и во сребро, и во секаков вид на скапоцени нешта од секаков вид и уметност; поштедувајќи им ги животите, и избавувајќи ги од рацете на нивните непријатели; омекнувајќи ги срцата на нивните непријатели за да не објавуваат војни против нив; да, и накратко, правејќи ги сите нешта за благосостојбата и среќата на Неговиот народ; да, тогаш е времето кога ги закоравуваат нивните срца, и го забораваат Господ нивниот Бог, и под нозете нивни го газат Светиот—да, и ова поради нивната леснотија, и нивното премногу големо напредување.

3 И така гледаме дека доколку Господ не го укори Неговиот народ со многу неволји, да, доколку Тој не ги посети со смрт и терор, и со глад и со секаков вид на чума, тие нема да Го запомнат Него.

4 О колку будалести, и колку суетни, и колку злобни, и ѓаволски, и колку брзи се да прават беззаконие, а колку бавни се да прават добро, човечките деца; да, колку брзо ги слушаат зборовите на злобниот, и ги насочуваат нивните срца кон суетните нешта на светот!

5 Да, колку брзо се креваат во гордоста; да, колку брзо се фалат, и прават секаков вид на тоа што е беззаконие; а колку се бавни да се сетат на Господ нивниот Бог, и да ги послушаат Неговите совети, да, колку се бавни да чекорат по патиштата на мудроста!

6 Ете, не посакуваат Господ нивниот Бог, кој ги создаде, да владее и управува над нив; без оглед на Неговата голема добрина и Неговата милост кон нив, тие не ги ценат Неговите совети, и не сакаат Тој да им биде водач.

7 О колку голема е ништожноста на човечките деца; да, и дури и поништожни се од правта на земјата.

8 Зашто ете, правта на земјата се поместува овде и таму, делејќи се на парчиња, на заповед на нашиот голем и вечен Бог.

9 Да, ете од Неговиот глас ридовите и планините треперат и се тресат.

10 И преку моќта на Неговиот глас тие се разбиени, и стануваат мазни, да, и тоа како долина.

11 Да, преку моќта на Неговиот глас целата земја се тресе;

12 Да, преку моќта на Неговиот глас, темелите се тресат, дури до самиот центар.

13 Да, и ако Тој ѝ каже на земјата—Помести се—поместена е.

14 Да, ако Тој ѝ каже на земјата—Ќе се вратиш назад, за да се продолжи денот за многу часови—сторено е;

15 И така, според Неговото слово земјата се врати назад, а на човекот му се чинеше дека сонцето стои; да, и ете, така е; бидејќи сигурно земјата се движи а не сонцето.

16 И ете, исто така, ако Тој им каже на водите на големата длабочина—Пресушете се—тогаш сторено е.

17 Ете, ако Тој ѝ каже на планината—Крени се, дојди и сруши се врз оној град за да биде закопан—ете, сторено е.

18 И ете, ако човекот скрие богатство во земјата, и Господ ќе каже—Нека биде проклето, поради беззаконието на тој кој го скрил—ете, ќе биде проклето.

19 И ако Господ каже—Биди проклет, за ниту еден човек да не те пронајде отсега натаму и засекогаш—ете, ниту еден човек не го добива отсега натаму и засекогаш.

20 И ете, ако Господ му каже на човекот—Поради твоите беззаконија, ќе бидеш проклет засекогаш—ќе биде сторено.

21 И ако Господ каже—Поради твоите беззаконија ќе бидеш отсечен од Моето присуство—Тој ќе предизвика да биде така.

22 И тешко на Тој на кого ќе му го каже ова, бидејќи ќе биде на оној кој ќе направи беззаконие, и не може да биде спасен; затоа, за оваа цел, за луѓето да бидат спасени, покајанието беше објавено.

23 Затоа, благословени се оние кои ќе се покајат и ќе го послушаат гласот на Господ нивниот Бог; бидејќи овие се тие кои ќе бидат спасени.

24 И нека Бог им додели, во Неговата голема целина, луѓето да бидат доведени до покајание и добри дела, за да можат да бидат обновени од благодат во благодат, според нивните дела.

25 И би сакал сите луѓе да бидат спасени. Но читаме дека на големиот и последен ден ќе постојат некои кои ќе бидат отсечени, да, кои ќе бидат отфрлени од Господовото присуство;

26 Да, кој ќе биде испратен во состојба на бескрајна мизерија, исполнувајќи ги зборовите кои велат: Тие кои правеа добро ќе имаат вечен живот; а оние кои правеа зло ќе имаат вечно проклетство. И така е. Амин.