Свети Писма
1 Нефи 17


Глава 17

На Нефи му е заповедано да изгради брод—Неговите браќа му се спротивставуваат—Тој ги охрабрува раскажувајќи ја историјата на Божјите постапки со Израел—Нефи е исполнет со моќта на Бог—На неговите браќа им е забрането да го допрат, за да не овенат како исушена трска. Околу 592–591 п.н.е.

1 И се случи дека повторно тргнавме на нашето патување во дивината; и патувавме речиси источно од тогаш натаму. И патувавме и се пробивме низ многу мака во дивината; а нашите жени родија деца во дивината.

2 И толку големи беа благословите Господови врз нас, што додека живеевме од сурово месо во дивината, нашите жени многу ги доеја нивните деца, и беа силни, да, дури и како мажите; и започнаа да ги поднесуваат нивните патувања без мрморење.

3 И така гледаме дека заповедите на Бог мора да бидат исполнети. И ако е така дека човечките деца ги одржуваат заповедите на Бог, Тој ги негува, и ги зајакнува и им обезбедува средства за да можат да ги исполнат нештата кои Тој им ги заповедал; затоа, Тој ни обезбедува средства додека престојувавме во дивината.

4 И ние престојувавме во текот на многу години, да, дури осум години во дивината.

5 И стигнавме до земјата која ја нарековме Изобилство, поради многу овошје во неа а исто и див мед; и сите овие нешта беа подготвени од Господ за да не загинеме. И го видовме морето, кое го нарековме Иреантум, што, протолкувано значи многу води.

6 И се случи дека ги поставивме нашите шатори покрај морскиот брег; и без оглед на тоа што бевме претрпеле многу маки и многу тешкотија, дури и толку многу што не можеме да ги напишеме сите, бевме извонредно радосни кога стигнавме до морскиот брег, и го нарековме местото Изобилство, поради многу овошје во него.

7 И се случи дека јас, Нефи, откако бев во земјата Изобилство во текот на многу денови, гласот на Господ дојде при мене, велејќи: Стани, и качи се на планината. И се случи дека станав и тргнав во планината, и му извикував на Господ.

8 И се случи дека Господ ми говореше, велејќи: Ти ќе изградиш брод, според начинот кој Јас ќе ти го покажам, за Јас да можам да го носам твојот народ преку овие води.

9 И реков: Господе, каде ќе отидам за да можам да најдам руда да стопам, за да можам да направам алати за да го изградам бродот според начинот кој Ти си ми го покажал?

10 И се случи дека Господ ми рече каде треба да отидам за да најдам руда, за да можам да направам алати.

11 И се случи дека јас, Нефи, направив дувало со кое го дувам огнот, од кожите на ѕверови; и откако бев направил дувало, за да можам да имам со што да го дувам огнот, јас удирав два камења заедно за да можам да запалам оган.

12 Зашто Господ досега не беше дозволил да палиме многу оган, додека патувавме во дивината; зашто Тој кажа: Јас ќе ја направам вашата храна слатка, за да не ја готвите.

13 А Јас исто и ќе ви бидам ваша светлина во дивината, и Јас ќе го подготвам патот пред вас, ако е така дека ги задржите Моите заповеди; ете зашто, доколку ќе ги задржите Моите заповеди ќе бидете воведени кон ветената земја; и ќе сознаете дека е од Мене дека сте воведени.

14 Да, и Господ исто рече дека: Откако ќе стигнете во ветената земја, ќе дознаете дека Јас, Господ, сум Бог; и дека Јас, Господ, ве избавив од уништување; да, дека Јас ве одведов од земјата Ерусалим.

15 Затоа, јас, Нефи, се стремев да ги одржам заповедите на Господ, и ги охрабрив браќата на верност и трудољубливост.

16 И се случи дека направив алати од рудата која ја стопив од каменот.

17 И кога браќата видоа дека наскоро ќе изградам брод, започнаа да мрморат против мене, велејќи: Нашиот брат е будала, зашто мисли дека може да изгради брод, да, исто така и мисли дека може да ги премине овие големи води.

18 И така моите браќа се жалеа против мене, и беа желни да не работат, зашто не веруваа дека јас можев да изградам брод; ниту би верувале дека бев упатен од Господ.

19 И сега се случи дека јас, Нефи, бев премногу тажен поради закоравеноста на нивните срца; и сега кога видоа дека започнав да бидам тажен, беа радосни во срцата, толку што се радуваа над мене, велејќи: Знаевме дека не би можел да изградиш брод, зашто знаевме дека ти недостига проценка; затоа, не можеш да сториш толку голема работа.

20 И ти си како татко ни, воден од будалестите фантазии на неговото срце; да, тој нѐ изведе од земјата Ерусалим, и сме скитале во дивината овие многу години; и нашите жени се мачеа, беа бремени со дете; и родија деца во дивината и претрпеа секакви нешта, освен смрт; и ќе беше подобро да беа умреле пред да излегоа од Ерусалим отколку да ги претрпеа овие маки.

21 Ете, овие многу години сме страдале во дивината, за кое време ќе можевме да уживаме во нашите имоти и земјата на нашето наследство; да, и можевме да бидеме среќни.

22 И знаеме дека народот кој беше во земјата Ерусалим беше праведен народ; зашто ги одржуваа одредбите и пресудите на Господ, и сите Негови заповеди, според законот на Мојсеј; затоа, знаеме дека е праведен народ; и нашиот татко ги судеше, и нѐ одведе затоа што ќе ги послушавме неговите слова; да, и нашиот брат е како Него. И според овој начин на говор моите браќа мрмореа и се жалеа против нас.

23 И се случи дека јас, Нефи, им говорев, велејќи: Дали верувате дека нашите татковци, кое беа децата на Израел, ќе беа одведени од рацете на Египќаните да не беа ги послушале Господовите слова?

24 Да, дали мислите дека ќе беа изведени од ропство, ако Господ не беше му заповедал на Мојсеј дека треба да ги изведе од ропство?

25 Сега знаете дека децата на Израел беа во ропство; и знаете дека беа оптоварени со задачи, кои беа жални да се поднесат; затоа, знаете дека мора да е добро за нив, да бидат изведени од ропство.

26 Сега знаете дека на Мојсеј му беше заповедано од Господ да го изврши тоа големо дело; и знаете дека со неговото слово водите на Црвеното море беа одвоени овде и таму, и тие поминаа по сува земја.

27 Но знаете дека Египќаните беа удавени во Црвеното море, кои беа војските на Фараонот.

28 А исто и знаете дека беа хранети со мана во дивината.

29 Да, и знаете дека Мојсеј, преку неговото слово според силата Божја која беше во него, ја удри карпата, и се појави вода, за децата на Израел да можат да ја изгасат нивната жед.

30 И без оглед на тоа што беа водени, Господ нивниот Бог, нивниот Искупител, одејќи пред нив, водејќи ги преку денот и давајќи им светлина преку ноќта, и правејќи ги сите нешта за нив кои беа потребни за човек да ги добие, тие ги закоравија нивните срца и ги заслепија нивните умови, и зборуваа против Мојсеј и против вистинскиот и жив Бог.

31 И се случи дека според Неговото слово Тој ги уништи; и според Неговото слово Тој ги водеше; и според Неговото слово Тој ги направи сите нешта за нив; и ништо не беше извршено освен преку Неговото слово.

32 И откако беа ја преминале реката Јордан, Тој ги направи моќни до истерувањето на децата од земјата, да, во распрснувањето на нив до уништување.

33 И сега, дали мислите дека децата на оваа земја, кои беа во земјата на ветувањето, кои беа истерани од нашите татковци, дали мислите дека беа праведни? Ете, ви велам, Не.

34 Дали мислите дека нашите татковци ќе беа поизбрани од нив да беа праведни? Ви велам, Не.

35 Ете, Господ го процени сето тело во едно; оној кој е праведен е благодатен од Господ. Но ете, овие луѓе беа го отфрлиле секое Божјо слово, и беа зрели во беззаконие; и целината на гневот Божји беше врз нив; и Господ ја проколна земјата против нив, и ја благослови за нашите татковци; да Тој ја проколна против нив за нивно уништување, и Тој ја благослови за нашите татковци да добијат моќ врз неа.

36 Ете, Господ ја создал земјата за да биде населена; и Тој ги создал Неговите чеда за да ја поседуваат.

37 И Тој одгледува праведен народ, и ги уништува нациите на пакосните.

38 И Тој ги води праведните во скапоцени земји, а пакосните Тој ги уништува, и ја проколнува земјата заради нив.

39 Тој владее високо на небото, зашто тоа е Негов престол, а оваа земја е Негово подножје.

40 И Тој ги љуби оние кои ќе сакаат Него да биде нивен Бог. Ете, Тој ги љуби нашите татковци, и Тој се завети со нив, да, дури и Авраам, Исак, и Јаков; и Тој се сеќаваше на заветите кои Тој беше ги склопил; затоа, Тој ги изведе од земјата Египет.

41 И Тој ги исправи во дивината со Неговата прачка; зашто ги закоравија срцата, токму како вас; и Господ ги исправи поради нивното беззаконие. Тој прати огнени летачки змии среде нив; и откако беа каснати, Тој подготви начин за да можат да се исцелат; и работата која требаше да ја извршат беше да погледнат; и поради едноставноста на начинот, односно леснотијата негова, имаше многу кои загинаа.

42 И тие ги закоравија нивните срца од време на време, и зборуваа против Мојсеј, а исто и против Бог; сепак, знаете дека беа водени напред преку Неговата неспоредлива моќ во земјата на ветување.

43 И сега, после сите овие нешта, времето дошло кога тие станаа пакосни, да, речиси до зрелост; и не знам но тие на овој ден наскоро ќе бидат уништени; зашто знам дека денот сигурно мора да дојде кога ќе мора да бидат уништени, освен само неколку, кои ќе бидат одведени во заробеништво.

44 Затоа, Господ му заповеда на татко ми дека треба да тргне во дивината; и Евреите исто настојуваа да му го одземат животот; да и вие исто настојувавте да му го одземете животот; затоа вие сте убијци во вашите срца и вие сте како нив.

45 Брзи сте да вршите беззаконие но бавни да се сетите на Господ вашиот Бог. Сте виделе ангел, и тој ви говореше; да, сте го слушнале неговиот глас од време на време; и тој ви говорел со тивок мек глас, но бевте без чувство, дека не можевте да ги чувствувате неговите слова; затоа, ви говорел како звукот на громот, кој предизвика земјата да се тресе како да се разделува на парчиња.

46 А исто и знаете дека преку силата на Неговото семоќно слово Тој може да предизвика земјата да почине; да, а и знаете дека преку Неговото слово Тој може да предизвика рапавите места да бидат мазни, и мазните места да се расцепат. О, тогаш, зошто можете да бидете толку закоравени во вашите срца?

47 Ете, мојата душа е распарчена од мачење заради вас, и моето срце е болно; се плашам да не бидете отфрлени засекогаш. Ете, исполнет сум со Духот Божји, толку што моето тело нема сила.

48 И сега се случи дека кога бев им ги рекол овие зборови, ми се налутија, и беа желни да ме фрлат во длабочините на морето; а додека ми се приближуваа за да ги положат нивните раце врз мене им говорев, велејќи: Во името на Семоќниот Бог, ви заповедам да не ме допирате, зашто сум исполнет со силата Божја, и тоа до обземање на моето тело; и кој и да ги положи рацете врз мене ќе овене и тоа како исушена трска; и ќе биде како ништо пред моќта Божја, зашто Бог ќе го удри.

49 И се случи дека јас, Нефи, им реков дека не треба повеќе да мрморат против нивниот татко; ниту треба да го задржуваат нивниот труд од мене, бидејќи Бог беше ми заповедал да изградам брод.

50 И им реков: Ако Бог беше ми заповедал да ги извршам сите нешта, би можел да ги извршам. Ако Тој ми заповеда дека треба да ѝ кажам на оваа вода, биди земја, ќе биде земја; и ако кажам, ќе биде сторено.

51 И сега, ако Господ има толку голема сила, и направил толку многу чуда среде човечките чеда, како Тој не може да ме упати, за јас да изградам брод?

52 И се случи дека јас, Нефи, им реков многу нешта на моите браќа, толку што беа збунети, и не можеа да се препираат со мене; ниту се осмелија да ги положат нивните раце врз мене ниту да ме допрат со прстите, и тоа во текот на многу денови. Сега не се осмелуваа да го прават ова за да не овенат пред мене, толку моќен беше Духот Божји; и така тоа им го стори на нив.

53 И се случи дека Господ ми рече: Испружи ја раката повторно до твоите браќа, и нема да овенат пред тебе, туку Јас ќе ги потресам, вели Господ, и Јас ова ќе го сторам за да можат да дознаат дека Јас сум Господ нивниот Бог.

54 И се случи дека ја испружив раката до моите браќа и не овенаа пред мене; но Господ ги потресе, токму според словото кое Тој беше го изговорил.

55 И сега, рекоа: Знаеме со сигурност дека Господ е со тебе, зашто знаеме дека е моќта Господава која нѐ потресе. И паднаа пред мене, и сакаа да ми се поклонат, но јас не би им дозволил, велејќи: Јас сум вашиот брат, да, и тоа вашиот помлад брат; затоа, обожавајте го Господ вашиот Бог, и почитувајте ги вашиот татко и вашата мајка, за вашите денови да бидат долги на земјата која Господ вашиот Бог ќе ви ја даде.