Свети Писма
2 Нефи 10


Глава 10

Јаков објаснува дека Евреите ќе го распнат нивниот Бог—Ќе бидат распрснати се додека не започнат да веруваат во Него—Америка ќе биде земја на слободата каде што ниту еден цар нема да владее—Помирете се со Бог и стекнете спасение преку Неговата благодат. Околу 559–545 п.н.е.

1 И сега јас, Јаков, повторно ви говорам, мои љубени браќа, во врска со оваа праведна гранка за која говорев.

2 Зашто ете, ветувањата кои ги добивме се ветувања за нас според телото; затоа, како што ми беше покажано дека многу од нашите деца ќе умрат во телото поради неверување, сепак, Бог ќе биде милостив кон многу; и нашите деца ќе бидат обновени, за да дојдат до тоа што ќе им даде вистинско знаење за нивниот Искупител.

3 Затоа, како што ви говорев, мора да е целисходно дека Христос—бидејќи минатата ноќ ангелот ми говореше дека тоа ќе биде Неговото име—ќе дојде помеѓу Евреите, помеѓу оние кои се попакосни во светот; и тие ќе го распнат Него—бидејќи така тоа е неопходно за нашиот Бог, и не постои друга нација на земјата која би го распнала нивниот Бог.

4 Зашто да беа сторени моќните чуда помеѓу другите нации тие би се покајале, и би знаеле дека Тој е нивниот Бог.

5 Но поради поповштините и беззаконијата, тие во Ерусалим ќе ги вкочанат вратовите против Него, за Тој да биде распнат.

6 Затоа, поради нивните беззаконија, уништувања, глад, чуми, и крвопролевање ќе ги стигне; и оние кои нема да бидат уништени ќе бидат распрснати помеѓу сите нации.

7 Но ете, така кажа Господ Бог: Кога ќе дојде денот да веруваат во Мене, дека Јас сум Христос, тогаш Јас се заветив со нивните татковци дека ќе бидат обновени во телото, врз земјата, во земјите на нивното наследство.

8 И ќе се случи да бидат собрани од нивното долго распрснување, од морските острови, и од четирите страни на земјата; и Нееврејските нации ќе бидат големи во Моите очи, кажа Бог, водејќи ги напред кон земјите на нивното наследство.

9 Да, царевите на Неевреите ќе им бидат негуватели а нивните царици ќе станат доилки; затоа, ветувањата на Господ се големи за Неевреите, бидејќи Тој го кажа тоа, и кој може да го оспори?

10 Но ете, оваа земја, кажа Бог, ќе биде земјата на твоето наследство, и Неевреите ќе бидат благословени врз земјата.

11 И оваа земја ќе биде земја на слободата за Неевреите, и нема да има цареви врз земјата, кои ќе се издигнат над Неевреите.

12 И Јас ќе ја зацврстам оваа земја против сите други нации.

13 И оној кој ќе се бори против Сион ќе загине, кажа Бог.

14 Бидејќи тој кој ќе издигне цар против Мене ќе загине, бидејќи Јас, Господ, царот на небесата, ќе бидам нивниот цар, и Јас ќе им бидам светлина на нив засекогаш, на оние кои ги слушаат Моите зборови.

15 Затоа, за оваа причина, за Моите завети да можат да бидат исполнети кои Јас им ги ветив на човечките деца, дека Јас ќе им ги исполнам додека се во телото, Јас морам да ги уништам тајните дела на темнината, и на убиствата, и на одвратностите.

16 Затоа, оној кој се бори против Сион, и Евреин и Неевреин, и окован и слободен, и машко и женско, ќе загине; бидејќи тие се оние кои се блудница на целата земја; бидејќи оние кои не се со Мене се против Мене, кажа нашиот Бог.

17 Бидејќи Јас ќе ги исполнам ветувањата кои Јас им ги ветив на човечките деца, дека Јас ќе им ги исполнам додека се во телото—

18 Затоа, мои љубени браќа, така кажа нашиот Бог: Јас ќе го мачам вашето потомство преку раката на Неевреите; сепак, Јас ќе ги омекнам срцата на Неевреите, за да им бидат како татко на нив; затоа, Неевреите ќе бидат благословени и вброени во Израеловиот дом.

19 Затоа, Јас ќе ја осветам оваа земја за твоето потомство, и оние кои ќе бидат вброени помеѓу твоето потомство, засекогаш, за земјата на нивното наследство; зашто е одбрана земја, ми кажа Бог, над сите други земји, затоа Јас сакам сите луѓе кои живеат таму ќе ме обожаваат Мене, кажа Бог.

20 И сега, мои љубени браќа, гледајќи дека нашиот милостив Бог ни дал толку знаење во врска со овие нешта, да се сетиме на Него, и да ги оставиме нашите гревови, и да не ги наведнуваме главите, бидејќи не сме отфрлени; сепак, бевме протерани од земјата на нашето наследство; но бевме водени во подобра земја, бидејќи Господ го направи морето наш пат, и ние сме на морски остров.

21 Но големи се ветувањата Господови врз оние кои се на морските острови; затоа како што велат островите; мора да постојат повеќе од овој, и тие исто така се населени со нашите браќа.

22 Зашто ете, Господ Бог ги водеше од време на време од Израеловиот дом, според Неговата волја и задоволство. И сега ете, Господ ги запомни сите оние кои беа одделени, затоа Тој исто така не запомни и нас.

23 Затоа, развеселете ги срцата, и запомнете дека сте слободни да делувате за самите себеси—да го одберете патот на вечната смрт или патот на вечниот живот.

24 Затоа, мои љубени браќа, помирете се со Божјата волја, а не со волјата на ѓаволот и телото; и запомнете, откако ќе се помирите со Бог, дека само во и преку благодатта на Бог сте спасени.

25 Затоа, Бог нека ве крене од мртвите преку моќта на воскреснувањето, и исто така од вечна смрт преку моќта на помирувањето, за да можете да бидете примени во вечното царство на Бог, за да можете да го славите Него преку божествена благодат. Амин.