Свети Писма
2 Нефи 30


Глава 30

Преобратените Неевреи ќе бидат вброени помеѓу заветениот народ—Многу Ламанити и Евреи ќе поверуваат во словото и ќе станат прекрасни—Израел ќе биде обновен а пакосните уништени. Околу 559–545 п.н.е.

1 И сега ете, мои љубени браќа, ќе ви говорам; бидејќи јас, Нефи, нема да дозволам да си помислите дека сте поправедни од тоа што Неевреите ќе бидат. Зашто ете, освен ако не ги одржувате Божјите заповеди сите вие исто ќе загинете; и поради зборовите кои беа кажани не треба да мислите дека Неевреите се целосно уништени.

2 Зашто ете, ви велам дека онолку од Неевреите колку што ќе се покајат се заветениот народ на Господ; и оние Евреи кои нема да се покајат ќе бидат отфрлени; бидејќи Господ не се заветува со ниту еден освен со оние кои се покајуваат и веруваат во Неговиот Син, Кој е Светецот на Израел.

3 И сега, ќе пророкувам нешто повеќе во врска со Евреите и Неевреите. Бидејќи откако книгата за која зборувам ќе излезе на површина, и ќе биде напишана за Неевреите, и повторно запечатена кај Господ, ќе постојат многу кои ќе веруваат во зборовите кои се напишани; и ќе ги изнесат пред остатокот од нашето потомство.

4 И тогаш остатокот од нашето потомство ќе знае во врска со нас, како дојдовме од Ерусалим, и дека тие се потомци на Евреите.

5 И евангелието на Исус Христос ќе биде објавено помеѓу нив; затоа, ќе бидат обновени со знаењето на нивните татковци, и исто така со знаењето на Исус Христос, кое постоеше помеѓу нивните татковци.

6 И тогаш ќе се радуваат; бидејќи ќе знаат дека е благослов од Божјата рака; и нивните лушпи на темнината ќе започнат да паѓаат од нивните очи; и нема да поминат многу поколенија, освен ако не бидат чист и пријатен народ.

7 И ќе се случи Евреите кои се распрснати исто така ќе започнат да веруваат во Христос; и ќе започнат да се собираат од лицето на земјата; и сите кои ќе веруваат во Христос исто така ќе станат пријатен народ.

8 И ќе се случи Господ Бог да започне со Неговото дело помеѓу сите нации, колена, јазици, и народи, да го исполни обновувањето на Неговиот народ на земјата.

9 И Господ Бог со праведност ќе ги суди сиромашните, и ќе ги укори со еднаквост питомите на земјата. И Тој ќе ја удри земјата со прачката од Неговата уста; и со здивот на Неговите усни ќе ги убие пакосните.

10 Зашто брзо доаѓа времето кога Господ Бог ќе направи голема поделба помеѓу народот, и Тој ќе ги уништи пакосните; и Тој ќе го поштеди Неговиот народ, да, дури Тој и да треба да ги уништи пакосните со оган.

11 И праведноста ќе биде појас на Неговите бедра, а верноста појас на Неговите узди.

12 И тогаш волкот ќе живее со јагнето; и леопардот ќе лежи со јарето и телето, и младиот лав, и угоеното животно, заедно; а мало дете ќе ги води.

13 И кравата и мечката ќе се хранат; нивните младенчиња ќе лежат заедно; и лавот ќе јаде трева како и волот.

14 И доенчето ќе си игра над дупката на аспидата, а детето навикнато на друга храна ќе ја стави неговата рака во јамата на змијата отровница.

15 Нема да повредуваат ниту уништуваат на сите Мои свети планини; бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господ како што водите го покриваат морето.

16 Затоа, нештата на сите нации ќе бидат познати; да, сите нешта ќе им бидат познати на човечките деца.

17 Нема ништо што е тајно освен ако нема да биде откриено; нема дело на темнината освен ако нема да се прикаже на светло; и не постои ништо што е запечатено на земјата освен ако не може да се ослободи.

18 Затоа, сите нешта кои беа откриени на човечките деца на тој ден ќе бидат откриени; и Сатаната повеќе нема да има моќ врз срцата на човечките деца, за долго време. И сега, мои љубени браќа, ставам крај на моите кажувања.