Свети Писма
2 Нефи 23


Глава 23

Уништувањето на Вавилон е вид на уништување при Второто Доаѓање—Ќе биде ден на бес и одмазда—Вавилон (светот) ќе падне засекогаш—Споредете Исаија 13. Околу 559–545 п.н.е.

1 Товарот на Вавилон, кој Исаија синот на Амоц го виде.

2 Кренете знаме на високата планина, возвишете го гласот на нив, мавтајте со раката, за да влезат во портите на благородните.

3 Јас заповедав на Моите осветени, Јас исто така ги повикав Моите моќни, бидејќи Мојот гнев не е врз оние кои се радуваат на Моето височество.

4 Бучавата од мноштвата на планината како од голем народ, бурна бучава на царствата на нациите собрани заедно, Господ на Војските ги собира војските за борба.

5 Доаѓаат од далечна земја од крајот на небесата, да, Господ, и оружјата на Неговото негодување, да ја уништи целата земја.

6 Завивајте, бидејќи Господовиот ден е близу; ќе дојде како уништување од Семоќниот.

7 Затоа сите раце ќе бидат слаби, срцето на секој човек ќе се стопи;

8 И ќе бидат исплашени; маки и болки ќе ги обземат; ќе бидат зачудени еден од друг; нивните лица ќе бидат како пламен.

9 Ете, Господовиот ден доаѓа, суров и со бес и со жесток гнев, да ја остави земјата опустошена; и Тој ќе ги уништи грешниците во неа.

10 Зашто ѕвездите на небото и нивните соѕвездија нема да даваат светлина; сонцето ќе биде затемнето во неговото изгревање, а месечината нема да предизвика нејзината светлина да сјае.

11 И Јас ќе го казнам светот за злото, и пакосните за нивното беззаконие; Јас ќе направам ароганцијата на гордите да запре, и ќе ја спуштам надменоста на ужасните.

12 Јас ќе го направам човекот поскапоцен од чисто злато; дури и повеќе човек од златниот Офирски клин.

13 Затоа, Јас ќе ја затресам небесата, и земјата ќе се помести од местото, во бесот на Господ на Војските, и на денот на Неговиот жесток гнев.

14 И ќе биде како прогонувана срна, и како овца што никој не ја прибира; и секој ќе се врати кон својот народ, и секој ќе избега во сопствената земја.

15 Секој што е горд ќе биде прободен; да, и секој што е здружен со пакосните ќе падне од мечот.

16 Нивните деца исто така ќе бидат распарчени пред нивните очи; нивните куќи ќе бидат ограбени а нивните жени ќе бидат силувани.

17 Ете, ќе ги поттикнам Мидите против нив, кои нема да ценат сребро и злато, ниту ќе се восхитуваат на тоа.

18 Нивните лакови исто така ќе ги распарчат младите на парчиња; и нема да имаат сожалување за плодот во утробата; нивните очи нема да поштедат деца.

19 И Вавилон, славата на царствата, убавината на Хајдеската екселенција, ќе биде како моментот кога Бог ги урна Содома и Гомора.

20 Никогаш нема да биде населено, ниту некој ќе живее од поколение до поколение: таму ниту Арапот ќе распнува шатор; ниту овчарите таму нема да го собираат своето стадо.

21 Туку диви ѕверови од пустината ќе лежат таму; и нивните куќи ќе бидат исполнети со несреќни суштества; и бувови ќе живеат таму, и сатири ќе танцуваат таму.

22 И дивите ѕверови од островите ќе плачат во нивните опустошени куќи, и змејовите во нивните пријатни палати; и неговото време се ближи, и неговиот ден нема да биде пролонгиран. Поради тоа што Јас брзо ќе го уништам; да, бидејќи Јас ќе бидам милостив со Мојот народ, но пакосните ќе загинат.