Свети Писма
Етер 12


Глава 12

Пророкот Етер го охрабрува народот да верува во Бог—Морони раскажува за чудата и зачудувањата направени со вера—Верата му овозможува на братот на Јаред да Го види Христос—Господ им дава на луѓето слабости за да бидат понизни—Братот на Јаред ја помести Планината Зерин со вера—Верата, надежта, и милосрдието се суштински за спасение—Морони Го виде Исус лице во лице.

1 И се случи деновите на Етер да бидат во деновите на Кориантумир; а Кориантумир беше цар врз целата земја.

2 И Етер беше пророк на Господ; заради што Етер се појави во деновите на Кориантумир, и започна да му проповеда на народот, бидејќи не можеше да биде воздржан бидејќи Господовиот Дух беше во него.

3 Зашто плачеше од утрото, и тоа до зајдисонцето, охрабрувајќи го народот да веруваат во Бог во покајание за да не бидат уништени, велејќи им дека преку вера сите нешта се исполнети—

4 Заради што, кој и да верува во Бог може со сигурност да се надева на подобар свет, да, и тоа место на десната рака на Бог, чија надеж доаѓа од вера, правејќи сидро за човечките души, што би ги направила сигурни и постојани, секогаш изобилувајќи со добри дела, водени да Го слават Бог.

5 И се случи Етер да пророкува големи и зачудувачки нешта на народот, во кои не веруваа, бидејќи не ги видоа.

6 И сега, јас, Морони, би кажал нешто во врска со овие нешта; ќе му покажам на светот дека верата е нешта за кои се надеваме а не се гледаат; заради што, не оспорувајте се поради тоа што не ги гледате, бидејќи не добивате сведоштво сѐ додека не помине испитот на вашата вера.

7 Зашто преку вера Христос им се покажа Самиот на нашите татковци, откако Тој се крена од мртвите; и Тој не им се покажа Самиот на нив сѐ до отпосле кога веруваа во Него; заради што, мора да биде дека некои имаа вера во Него, бидејќи Тој не му се покажа Самиот на светот.

8 Но поради верата на луѓето Тој му се покажа Самиот на светот, и го славеше името на Отецот, и подготви пат за и другите да можат да бидат учесници во небесниот дар, за да се надеваат за оние нешта кои не ги гледаат.

9 Заради што, вие можете исто така да имате надеж, и да бидете учесници во дарот, само ако имате вера.

10 Ете преку вера тие од минатото беа повикани според светиот ред на Бог.

11 Заради што, преку вера беше даден законот на Мојсеј. Но со дарот на Неговиот Син Бог подготви поодличен начин; и тоа преку вера е исполнето.

12 Зашто ако нема вера помеѓу човечките деца Бог не може да прави чуда помеѓу нив; заради што, Тој не им се покажа Самиот сѐ до после нивната вера.

13 Ете, верата на Алма и Амулек беше таа што предзивика затворот да се сруши на земјата.

14 Ете, преку верата на Нефи и Лехи беше направена промена кај Ламанитите, така што беа крстени со оган и со Светиот Дух.

15 Ете, беше верата на Амон и неговите браќа која направи толку големо чудо помеѓу Ламанитите.

16 Да, и дури сите оние кои правеа чуда ги правеа преку вера, и тоа оние кои беа пред Христос и исто оние кои беа после него.

17 И преку вера тројцата ученици добија ветување дека нема да ја вкусат смртта; и не го добија ветувањето сѐ до после нивната вера.

18 И ниту еден во било кој момент не направил чуда сѐ до после нивната вера; заради што тие прво веруваа во Божјиот Син.

19 И постоеја многу чија вера беше толку прекумерно силна, и пред да дојде Христос, што не можеше да биде скриена зад превезот, туку навистина ги видоа со свои очи нештата кои ги гледаа со око на верата, и им беше мило.

20 И ете, видовме во овој запис дека еден од нив беше братот на Јаред; бидејќи толку голема беше неговата вера во Бог, дека кога Бог го истакна Неговиот прст не можеше да го скрие од очите на братот на Јаред, поради Неговото слово кое Тој му го кажа, чие слово го стекна со вера.

21 И откако братот на Јаред го здогледа Господовиот прст, поради ветувањето кое братот на Јаред го стекна преку вера, Господ не можеше да задржи ништо од неговите очи; заради што Тој му ги покажа сите нешта, бидејќи не можеше повеќе да биде задржан надвор од превезот.

22 И преку вера моите татковци го добија ветувањето дека овие нешта треба да се појават при нивните браќа преку Неевреите; затоа Господ ми заповеда, да, и тоа Исус Христос.

23 И јас Му реков Него: Господе, Неевреите ќе се исмеваат со овие нешта, поради нашата слабост во пишувањето; бидејќи Господе Ти нѐ направи моќни во словото преку вера, но Ти не нѐ направи моќни во пишување; бидејќи Ти направи сиот овој народ да може да зборува многу, поради Светиот Дух кој Ти им го даде;

24 И Ти направи да можеме да пишуваме само малку, поради несмасноста на нашите раце. Ете, Ти не нѐ направи моќни во пишување како братот на Јаред, бидејќи Ти направи нештата кои ги пишува тој да бидат моќни како што се Твоите, да ги освојува луѓето што ги читаат.

25 Ти исто така ги направи нашите зборови моќни и големи, и тоа да не можеме да ги напишеме; заради што, кога пишуваме ја гледаме нашата слабост, и се сопнуваме поради редоследот на нашите зборови; и се плашам Неевреите да не се потсмеваат на нашите зборови.

26 И кога го бев кажал ова, Господ ми зборуваше, велејќи: Будалите исмеваат, но ќе жалат; и Мојата благодат е доволна за питомите, за тие да не ја искористат вашата слабост;

27 И ако луѓето дојдат кај Мене Јас ќе им ја покажам нивната слабост. Јас им давам слабост на луѓето за да бидат понизни; и Мојата благодат е доволна за сите луѓе кои ќе се понизат пред Мене; бидејќи ако се понизат пред Мене, и имаат вера во Мене, тогаш Јас ќе ги направам слабите нешта кај нив да станат силни.

28 Ете, Јас ќе им ја покажам на Неевреите нивната слабост, и Јас ќе им покажам дека вера, надеж и милосрдие водат до Мене—изворот на сета праведност.

29 И Јас, Морони, слушајќи ги овие зборови, бев утешен, и кажав: О Господе, Твојата праведна волја ќе биде сторено, бидејќи знам дека Ти постапуваш со човечките деца според нивната вера;

30 Зашто братот на Јаред ѝ кажа на планината Зерин, Помести се—и беше поместена. И да немаше вера немаше да се помести; заради што Ти постапуваш откако луѓето ќе имаат вера.

31 Зашто така Ти им се прикажуваше Самиот на Твоите ученици; бидејќи откако имаа вера, и говореа во Твое име, Ти им се прикажуваше Самиот во голема моќ.

32 И исто така се сеќавам дека Ти кажа дека Ти подготвуваш дом за човекот, да, и тоа помеѓу мензите на Твојот Отец, во што човекот би можел да има подобра надеж; заради што човекот мора да се надева, или нема да добие наследство во местото кое Ти си го подготвил.

33 И повторно, се сеќавам дека Ти ми кажа дека си го љубел светот, и тоа до положување на Твојот живот за светот, за Ти да можеш повторно да го земеш за да подготвиш место за човечките деца.

34 И сега знам дека оваа љубов која Ти ја беше имал за човечките деца е милосрдие; заради што, ако луѓето немаат милосрдие не можат да го наследат тоа место кое Ти си го подготвил во мензите на твојот Отец.

35 Заради што, знам според ова нешто што Ти го кажа, дека ако Неевреите немаат милосрдие, поради нашата слабост, дека Ти ќе ги испробаш, и ќе им го одземеш талентот, да, и дури тоа што го примиле, и ќе им го дадеш на оние кои имаат поизобилно.

36 И се случи да Му се молам да Господ дека Тој ќе им даде благодат на Неевреите, за да можат да имаат милосрдие.

37 И се случи Господ да ми каже: Ако немаат милосрдие, не ти е важно, ти си бил верен; заради што, твоите облеки ќе бидат чисти. И бидејќи ја виде твојата слабост ќе станеш силен, и тоа во седење на местото кое Јас го подготвив во мензите на Мојот Отец.

38 И сега јас, Морони, се збогувам со Неевреите, да, и исто со моите браќа кои ги љубам, додека не се сретнеме пред судиската столица на Христос, каде сите луѓе ќе знаат дека моите облеки не се извалкани со вашата крв.

39 И тогаш ќе знаете дека Го видов Исус, и дека Тој зборуваше со мене лице во лице, и дека Тој ми кажа со јасна понизност, како што човек му кажува на друг на мојот сопствен јазик, во врска со овие нешта;

40 А само неколку напишав, поради мојата слабост во пишување.

41 И сега, би ви препорачал да Го побарате овој Исус за кого пророците и апостолите пишуваа, дека благодатта на Бог Отецот, и исто Господ Исус Христос, и Светиот Дух, кој сведочи за нив, ќе биде и остана со вас засекогаш. Амин.