Свети Писма
Етер 9


Глава 9

Царството се пренесува од еден на друг преку потекло, интрига, и убиство—Емер Го виде Синот на Праведноста—Многу пророци повикуваат на покајание—Глад и отровни змии го погодуваат народот.

1 И сега јас, Морони, продолжувам со мојот запис. Затоа, ете, се случи поради тајните сојузи на Акиш и неговите пријатели, ете, го срушија царството на Омер.

2 Сепак, Господ беше милостив со Омер, и исто со неговите синови и со неговите ќерки кои не го бараа неговото уништување.

3 И Господ го предупреди Омер во сон дека треба да замине од земјата; затоа Омер замина од земјата со неговото семејство, и патуваше многу денови, и пристигна и помина преку ридот Шим, и дојде кај местото каде Нефитите беа уништени, и од таму на исток, и дојдоа на место што се викаше Аблом, преку морскиот брег, и таму го постави шаторот, и исто неговите синови и неговите ќерки, и целото негово домаќинство, освен Јаред и неговото семејство.

4 И се случи Јаред да биде помазан за цар над народот, од раката на пакоста; и му ја даде на Акиш неговата ќерка за жена.

5 И се случи Акиш да го бара животот на неговиот свекор; и побара помош од оние на кои им се заколна со древна клетва, и тие ја добија главата на неговиот свекор, додека тој седеше на неговиот престол, слушајќи го својот народ.

6 Зашто толку големо беше ширењето на ова пакосно и тајно здружение што ги корумпираше срцата на целиот народ; затоа Јаред беше убиен на својот престол, и Акиш владееше на негово место.

7 И се случи Акиш да биде љубоморен на неговиот син, затоа го затвори во затвор, и го држеше со малку или без храна сѐ додека не претрпе смрт.

8 И сега братот на оној кој претрпе смрт, (и неговото име беше Нимра) му беше лут на татко му поради тоа што неговиот татко му го направи на брат му.

9 И се случи Нимра да собере мал број на луѓе, и избега од земјата, и дојде и живееше со Омер.

10 И се случи Акиш да има други синови, и тие ги освоија срцата на народот, без оглед што му се заколнаа да прават секаков вид на беззаконие според тоа што тој го посакуваше.

11 Сега народот на Акиш посакуваше добивка, и тоа како што Акиш посакуваше моќ; заради што, синовите на Акиш им понудија пари, преку кој начин го одвлекоа поголемиот дел од народот по нив.

12 И започна да има војна помеѓу синовите на Акиш и Акиш, што траеше многу години, да, до уништување на речиси целиот народ во царството, да, и тоа сите, освен триесет души, и тие што избегаа со Омеровиот дом.

13 Заради што, Омер повторно беше вратен во земјата на неговото наследство.

14 И се случи Омер започна да старее; сепак, на негови стари години тој го роди Емер; и го помаза Емер да биде цар да владее на негово место.

15 И откако го помаза Емер да биде цар тој виде мир во земјата во период од две години, и умре, откако виде премногу денови, кои беа исполнети со тага. И се случи Емер да владее на негово место, и тргна по стапките на татко му.

16 И Господ повторно започна да ја тргне проклетството од земјата, и Емеровиот дом премногу напредуваше под владеењето на Емер; и во период од шеесет и две години станаа премногу силни, толку што станаа премногу богати—

17 Имајќи секаков вид на овошје, и на жито, и на свили, и на фин лен, и на злато, и на сребро, и на скапоцени нешта;

18 И исто така секаков вид на стока, од волови, и од крави, и од овци, и од свињи, и од кози, и исто многу други видови на животни кои беа корисни за храната на човекот.

19 И тие исто имаа коњи, и магариња, и имаше слонови и кјурломи и кумоми; сите тие му беа корисни на човекот, а особено слоновите и кјурломите и кумомите.

20 И така Господ ги излеа Неговите благослови на оваа земја, која беше одбрана над сите други земји; и Тој им заповеда кој и да ја поседува земјата треба да ја поседува за Господ, или ќе бидат уништени кога ќе созреат во беззаконие; бидејќи врз таков, кажа Господ: Јас ќе ја излеам целината на Мојот бес.

21 И Емер спроведе праведна пресуда сите негови денови, и имаше многу синови и ќерки; и го роди Кориантум, и го помаза Кориантум да владее на негово место.

22 И откако го помаза Кориантум да владее на негово место, живееше четири години, и виде мир во земјата; да, и дури Го виде Синот на Праведноста, и се радуваше и славеше во Неговиот ден и умре во мир.

23 И се случи Кориантум да чекори во стапките на неговиот татко, и изгради многу моќни градови, и го послужуваше тоа што беше добро на неговиот народ во сите негови денови. И се случи да немаше деца сѐ додека не беше премногу стар.

24 И се случи неговата жена да умре, имајќи сто и две години. И се случи Кориантум да се ожени, на стари години, со млада девојка, и имаше синови и ќерки; заради што тој живееше додека не наполни сто четириесет и две години.

25 И се случи да му се роди Ком, и Ком владееше на негово место; и владееше четириесет и девет години, и му се роди Хет; и исто му се родија други синови и ќерки.

26 И народот повторно се прошири врз сето лице на земјата, и повторно започна да има премногу голема пакост врз лицето на земјата, а Хет започна повторно да ги прифаќа старите планови, да го уништи татко му.

27 И се случи да го симне од престолот татко му, бидејќи го уби со сопствениот меч; и владееше на негово место.

28 И повторно дојдоа пророци во земјата, повикувајќи ги на покајание—дека треба да го подготват патот на Господ или ќе дојде проклетство врз лицето на земјата; да, и тоа ќе има голем глад, во кој ќе бидат уништени ако не се покајат.

29 Но народот не веруваше во зборовите на пророците, туку ги отфрлија; а некои од нив ги фрлија во дупки и ги оставија да умрат. И се случи да ги направат сите овие нешта според заповедта на царот, Хет.

30 И се случи да има голем недостаток во земјата, а жителите започнаа да бидат уништувани прекумерно брзо поради недостатокот, бидејќи немаше дожд врз лицето на земјата.

31 И се појавија и отровни змии на лицето на земјата, и отруја многу луѓе. И се случи нивните стада да бегаат пред отровните змии, кон земјата на југ, која Нефитите ја нарекуваа Зарахемла.

32 И се случи да има многу од нив кои умреа по патот; сепак, имаше некои кои избегаа во земјата на југ.

33 И се случи Господ да предизвика змиите повеќе да не ги гонат, туку да го попречат патот за луѓето да не можат да поминат, дека кој и да се обиде да помине ќе падне од отровните змии.

34 И се случи дека народот го следеше правецот на ѕверовите, и ги проголта труповите на оние кои паѓаа по патот, додека не ги проголтаа сите. Сега кога народот виде дека мора да умре започна да се покајува за нивните беззаконија и да Го довикува Господ.

35 И се случи кога доволно се понизија пред Господ, Тој испрати дожд врз лицето на земјата; и народот повторно започна да оживува, и започна да има овошје во северните земји, и во сите земји наоколу. И Господ им ја покажа Неговата моќ зачувувајќи ги од глад.