Свети Писма
Етер 1


Книгата на Етер

Запис на Јаредитите, земен од дваесет и четирите плочи пронајдени од народот на Лимхи во деновите на Царот Мосија.

Глава 1

Морони ги скратува пишувањата на Етер—Истакнато е родословието на Етер—Јазикот на Јаредитите не е помешан на Вавилонската кула—Господ ветува да ги води во избраната земја и да ги направи голема нација.

1 И сега јас, Морони, продолжувам да давам извештај за тие древни жители кои беа уништени од раката на Господ врз лицето на оваа северна земја.

2 И го земам мојот извештај од дваесет и четирите плочи кои беа пронајдени од народот на Лимхи, што е наречен Книгата на Етер.

3 И како што претпоставувам дека првиот дел од овој запис, што зборува во врска со создавањето на светот, и исто за Адам, и извештај од тоа време дури до големата кула, и што и да се случи помеѓу човечките деца до тоа време, го има помеѓу Евреите—

4 Затоа не ги пишувам тие нешта кои се случија од деновите на Адам до тоа време; туку ги има на плочите; и кој и да ги најде, истиот ќе има моќ да го добие целиот извештај.

5 Но ете, не го давам целиот извештај, туку дел од извештајот го давам, од кулата до времето кога беа уништени.

6 И на овој начин го давам извештајот. Тој кој го напиша овој запис беше Етер, и беше потомок на Кориантор.

7 Кориантор беше синот на Морон.

8 И Морон беше синот на Етем.

9 И Етем беше синот на Аха.

10 И Аха беше синот на Сет.

11 И Сет беше синот на Шиблон.

12 И Шиблон беше синот на Ком.

13 И Ком беше синот на Кориантум.

14 И Кориантум беше синот на Амнигада.

15 И Амнигада беше синот на Арон.

16 И Арон беше потомок на Хет, кој беше син на Хеартом.

17 И Хеартом беше синот на Либ.

18 И Либ беше синот на Киш.

19 И Киш беше синот на Кором.

20 И Кором беше синот на Леви.

21 И Леви беше синот на Ким.

22 И Ким беше синот на Мориантон.

23 И Мориантон беше потомок на Риплакиш.

24 И Риплакиш беше синот на Шез.

25 И Шез беше синот на Хет.

26 И Хет беше синот на Ком.

27 И Ком беше синот на Кориантум.

28 И Кориантум беше синот на Емер.

29 И Емер беше синот на Омер.

30 И Омер беше синот на Шул.

31 И Шул беше синот на Киб.

32 И Киб беше синот на Ориха, кој беше син на Јаред;

33 Тој Јаред кој излезе со неговите браќа и нивните семејства, со некои други и нивните семејства, од големата кула, во времето кога Господ го помеша јазикот на луѓето, и се заколна со Неговиот бес дека ќе бидат распрснати врз целото лице на земјата; и според Господовиот збор народот беше распрснат.

34 И братот на Јаред беше голем и моќен човек, и човек кој е многу благодатен од Господ, Јаред, неговиот брат, му кажа Него; Довикај Го Господ, за Тој да не нѐ збуни да не можеме да ги разбереме нашите зборови.

35 И се случи братот на Јаред да Го повика Господ, и Господ имаше сочувство за Јаред; затоа Тој не го помеша јазикот на Јаред; и Јаред и неговиот брат не беа измешани.

36 Тогаш Јаред му кажа на неговиот брат: Повторно довикај Го Господ, и нека Тој го тргне Неговиот бес од оние кои ни се пријатели, за Тој да не им го меша нивниот јазик.

37 И се случи братот на Јаред да го довика Господ, а Господ имаше сочувство врз нивните пријатели и нивните семејства исто така, така што не беа збунети.

38 И се случи Јаред повторно да му каже на брат му, велејќи: Оди и прашај Го Господ дали Тој ќе нѐ протера од земјата, и ако Тој нѐ протера од земјата, прашај Го Него каде ќе одиме. И кој знае можеби Господ ќе нѐ однесе во земја која е избрана од сите други земји? Ако е така, да Му бидеме верни на Господ, за да ја добиеме како наше наследство.

39 И се случи братот на Јаред да Го довика Господ за тоа што беше кажано од устата на Јаред.

40 И се случи Господ да го слушне братот на Јаред, и имаше сочувство за него, и му кажа:

41 Оди и собери ги твоите стада, и машки и женски, од секаков вид; и исто од семето на земјата од секаков вид; и твоите семејства; и исто така Јаред твојот брат и неговото семејство; и исто твоите пријатели и нивните семејства, и пријателите на Јаред и нивните семејства.

42 И кога ти си го направил ова ќе застанеш на нивно чело долу во долината која е северно. И таму Јас ќе те сретнам, и Јас ќе одам пред тебе во земја која е одбрана над сите земји на земјата.

43 И таму Јас ќе те благословам тебе и твоето потомство, и ќе одгледам во Мене од твоето потомство, и од потомството на твојот брат, и тие кои ќе одат со тебе, голема нација. И нема да постои поголема нација од таа која Јас ќе ја одгледам во Мене од твоето потомство, врз сето лице на земјата. И така Јас ќе ти направам бидејќи долго време Ме довикуваше Мене.