Свети Писма
Етер 8


Глава 8

Постои конфликт и препирање за царството—Акиш основа таен сојуз кој го врзува на заклетва да го убие царот—Тајните сојузи се од ѓаволот и резултираат со уништување на нации—Современи Неевреи се предупредени против таен сојуз кој ќе бара да ја сруши слободата на сите земји, нации, и држави.

1 И се случи тој да го роди Омер, и Омер владееше на негово место. И Омер го роди Јаред; и Јаред роди синови и ќерки.

2 И Јаред се побуни против татко му, и дојде и живееше во земјата Хет. И се случи да им ласка на многу луѓе, поради неговите лукави зборови, додека не доби половина од царството.

3 И кога доби половина од царството, му приреди борба на татко му, и го одведе татко му во ропство, и го натера да служи во ропство;

4 И сега, во деновите на владеењето на Омер тој беше во ропство половина од неговите денови. И се случи да роди синови и ќерки, помеѓу кои беа Есром и Кориантумир;

5 И беа премногу лути поради делата на Јаред нивниот брат, толку што собраа војска и приредија борба против Јаред. И се случи да му приредат борба против него навечер.

6 И се случи кога ја убија војската на Јаред исто наскоро ќе го убиеја и него; и ги преколнуваше да не го убијат, и ќе го предадеше царството на татко му. И се случи тие да му го доделат животот.

7 И сега Јаред стана премногу тажен поради загубата на царството, бидејќи го насочи своето срце врз царството и врз славата на светот.

8 Сега ќерката на Јаред беше премногу вешта, и гледајќи ги тагите на нејзиниот татко, помисли да скрои план за да го врати царството на нејзиниот татко.

9 Сега ќерката на Јаред беше премногу убава. И се случи таа да зборува со татко ѝ, и му кажа: Зошто татко ми има толку тага? Зарем не го прочита записот кој нашите татковци го донесоа преку големата длабочина? Ете, зарем не постои извештај во врска со нив од минатото, дека тие преку нивните тајни планови ги стекнаа царствата и голема слава?

10 И сега, затоа, нека татко ми испрати по Акиш, синот на Кимнор; и ете, јас сум убава, и ќе танцувам пред него, така што ќе ме посакува за жена; така што ако го посака тоа од тебе да ме дадеш како негова жена, тогаш ќе кажеш: Ќе ти ја дадам ако ми ја донесеш главата на татко ми, царот.

11 И сега Омер му беше пријател на Акиш; заради што, кога Јаред беше испратил по Акиш, ќерката на Јаред танцуваше пред него за да го задоволи, толку што тој посака да се венча со неа. И се случи да му каже на Јаред: Дај ми ја за жена.

12 А Јаред му кажа: Ќе ти ја дадам, ако ми ја донесеш главата на татко ми, царот.

13 И се случи Акиш да ги собере сите свои роднини во куќата на Јаред, и им кажа: Ќе ми се заколнете дека ќе ми бидете верни за нешто што ќе го посакам од вас?

14 И се случи сите да му се заколнат, преку Бог на небесата, и исто преку небесата, и исто преку земјата, и преку нивните глави, дека кој и да отстапи од поддршката која Акиш ја посакува ќе ја изгуби главата; и кој и да открие било што и да е што Акиш им откри, истиот ќе го изгуби животот.

15 И се случи така да се согласат со Акиш. И Акиш им ги послужи заклетвите кои беа дадени од тие од минатото кои исто така бараа моќ, кои беа пренесувани дури од Каин, кој беше убиец од почетокот.

16 И беа зачувани од моќта на ѓаволот да ги даваат овие заклетви на народот, да ги држат во темнина, да им помогнат на тие што бараат моќ да стекнат моќ, и да убиваат, и да ограбуваат, и да лажат, и да извршуваат секаков вид на пакост и блудства.

17 И беше ќерката на Јаред која му вметна во неговото срце да ги бара овие нешта од минатото; а Јаред го внесе во срцето на Акиш; заради што, Акиш им послужуваше на неговите колена и пријатели, водејќи ги со задоволувачки ветувања да прават што и да посакуваше.

18 И се случи да формираат таен сојуз, и тоа како тие од минатото; кој сојуз е најодвратен и пакосен над сите, во Божјите очи;

19 Зашто Господ не работи со тајни сојузи, ниту сака човекот да пролева крв, туку го забрани тоа во сите нешта, од почетокот на човештвото.

20 И сега јас, Морони, не го пишувам начинот на нивните заклетви и сојузи, бидејќи ми беше откриено дека ги имаше помеѓу сите народи, и ги имаше помеѓу Ламанитите.

21 И тие го предизвикаа уништувањето на овој народ за кого јас сега зборувам, и исто уништувањето на народот на Нефи.

22 И било која нација да поддржува такви сојузи, да стекнува моќ и добивка, сѐ додека не ја прошират над нацијата, ете, ќе биде уништена; бидејќи Господ нема да дозволи крвта на Неговите светци, која ќе биде пролеана од нив, секогаш ќе довикува кон Него од земјата за одмазда врз нив а сепак Тој нема да ги одмазди.

23 Заради што, О вие Неевреи, според Божјата мудрост овие нешта ќе ви бидат покажани, за да можете да се покаете за вашите гревови, и да не дозволите овие убиствени сојузи да бидат над вас, што се создадени да добијат моќ и добивка—и делото, да, дури и делото на уништување ве стигна, да, дури и мечот на правдата на Вечниот Бог ќе падне на вас, за ваше рушење и уништување ако дозволите да се случат овие нешта.

24 Заради што, Господ ви заповеда, кога ќе ги видите овие нешта како доаѓаат кај вас да се разбудите со чувство на вашата ужасна состојба, поради тој таен сојуз кој ќе биде помеѓу вас; или тешко на него, поради крвта на оние кои беа убиени; бидејќи тие плачат од правта за одмазда врз него, и исто врз оние кои го изградиле.

25 Зашто се случи дека кој и да го гради, бара да ја сруши слободата на сите земји, нации, и држави; и да го исполни уништувањето на сите луѓе, бидејќи е изградено од ѓаволот, кој е татко на сите лаги; и тоа истиот лажго кој ги измами нашите први родители, да, и тоа истиот тој лажго кој го натера човекот да изврши убиство од почетокот; кој ги стврднуваше срцата на народот така што ги убија пророците, и ги каменуваше, и ги отфрли од почетокот.

26 Заради што, мене, Морони, ми е заповедано да ги напишам овие нешта за злото да биде тргнато, и да дојде времето кога Сатаната нема да може да има моќ врз срцата на човечките деца, туку да бидат убедени постојано да прават добро, за да дојдат кај изворот на сета праведност и да бидат спасени.