Свети Писма
Етер 7


Глава 7

Ориха владее во праведност—Среде узурпирање и конфликт, непријателските царства на Шул и Кохор се воспоставени—Пророците ја осудуваат пакоста и идолопоклонството на народот, кој потоа се покајува.

1 И се случи Ориха да изврши пресуда врз земјата во праведност сите негови денови, чии денови беа премногу.

2 И имаше синови и ќерки; да, имаше триесет и еден, помеѓу кои беа дваесет и тројца синови.

3 И се случи тој исто така да го роди Киб на неговата стара возраст. И се случи Киб да владее на негово место; и Киб го роди Корихор.

4 И кога Корихор имаше триесет и две години се побуни против татко му, и замина и живееше во земјата Нехор; и роди синови и ќерки, и тие станаа прекумерно убави; заради што Корихор повлече многу луѓе по него.

5 И кога собра војска тој дојде во земјата Морон каде што живееше царот, и го зароби, што го исполни кажувањето на братот на Јаред дека ќе бидат доведени во заробеништво.

6 Сега земјата Морон, каде што живееше царот, беше близу до земјата која е наречена Пустош од Нефитите.

7 И се случи Киб да живее во заробеништво, и неговиот народ под Корихор неговиот син, сѐ додека не стана премногу стар; сепак Киб го роди Шул на стари години, додека сѐ уште беше во заробеништво.

8 И се случи Шул да му беше лут на брат му; и Шул се зацврсти, и стана моќен како силата на маж; и исто така беше моќен при судење.

9 Заради што, тој дојде до ридот Ефрем, и открив од ридот, и направи мечеви од челик за оние кои ги поведе со него; и откако ги вооружи со мечеви се врати во градот Нехор, и се бореше со брат му Корихор, според чии средства го стекна царството и го поврати на неговиот татко Киб.

10 И сега поради нештото што Шул го направи, неговиот татко му го подари царството; затоа започна да владее наместо татко му.

11 И се случи да спроведе праведна пресуда; и го прошири неговото царство врз сето лице на земјата, бидејќи народот стана прекумерно бројни.

12 И се случи Шул исто така да роди многу синови и ќерки.

13 И Корихор се покаја за многуте зла што ги направи; заради што Шул му даде моќ во неговото царство.

14 И се случи Корихор да има многу синови и ќерки. И помеѓу синовите на Корихор постоеше еден чие име беше Ное.

15 И се случи Ное да се побуни против Шул, царот, и исто неговиот татко Корихор, и го одтргна Кохор неговиот брат, и исто сите негови браќа и многу од народот.

16 И му приреди борба на Шул, царот, преку кој ја стекна земјата на нивното прво наследство; и стана цар врз тој дел на земјата.

17 И се случи повторно да му приреди борба на Шул, царот; и го зема Шул, царот, и го одведе заробен кај Морон.

18 И се случи кога наскоро ќе го турнеше во смрт, синовите на Шул се прикрадоа во куќата на Ное за време на ноќта и го убија, и ја скршија вратата на затворот и го извадија татко им, и го поставија на неговиот трон во неговото сопствено царство.

19 Заради што, синот на Ное го изгради неговото царство на негово место; сепак повеќе не стекнаа моќ врз царот Шул, а народот кој беше под владеењето на царот Шул напредуваше премногу и стана силен.

20 И земјата беше поделена; и имаше две царства, царството на Шул, и царството на Кохор, синот на Ное.

21 И Кохор, синот на Ное, нареди неговиот народ да му приреди борба на Шул, во која Шул ги победи и го уби Кохор.

22 И сега Кохор имаше син кој беше наречен Нимрод; и Нимрод му го даде на Шул царството на Кохор, и стекна благонаклонетост во очите на Шул; заради што Шул му подари големи благонаклонетости, и направи во царството на Шул според неговите желби.

23 И исто во владеењето на Шул дојдоа пророци помеѓу народот, кои беа испратени од Господ, пророкувајќи дека пакоста и идолопоклонството на народот носеше клетва врз земјата, и ќе бидат уништени ако не се покајат.

24 И се случи народот да се побуни против пророците, и ги исмеваше. И се случи царот Шул да спроведе пресуда против сите оние кои се побунија против пророците.

25 И тој спроведе закон низ целата земја, што им даде моќ на пророците да одат каде и да сакаат; и поради оваа цел народот беше доведен до покајание.

26 И бидејќи народот се покаја за нивните беззаконија и идолопоклонства Господ ги поштеди, и повторно започнаа да напредуваат во земјата. И се случи Шул да роди синови и ќерки на стари години.

27 И повеќе немаше војни во деновите на Шул; и тој ги запомни големите нешта кои Господ ги направи за неговите татковци пренесувајќи ги низ големата длабочина во ветената земја; каде спроведе праведна пресуда сите негови денови.