Генерална Конференција
Извештај на црковниот оддел за Ревизија, 2023
Генерална Конференција април 2024


Извештај на црковниот оддел за Ревизија, 2023

До Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Почитувани Браќа: Водени од откровение, како што е запишано во поглавје 120 од Учење и Завети, Советот за распределба на десеток—составен од Првото Претседателство, Кворумот на Дванаесетте Апостоли, и Претседавачката Епископија—го овластува трошењето на црковните фондови. Црковните единици исплаќаат средства во согласност со одобрените буџети, политики, и процедури.

Црковната Ревизија, што се состои од овластени стручни лица и е независна од останатите црковни оддели и единици, има одговорност да извршува ревизии со цел да се обезбеди разумна гаранција во врска со примените придонеси, направените трошоци и заштита на имотот на Црквата.

Врз основа на извршените ревизии, Црковната Ревизија е на мислење дека, во сите матерјални аспекти, примените придонеси, направените трошоци, и имот на Црквата за 2023 година, се заведени и администрирани во согласност со Црковно-одобрените буџети, сметководствените практики, и полиси. Црквата ги следи практиките што ги учат нејзините членови како да живеат во рамки на буџетот, да избегнуваат долгови, и да штедат во случај на потреба.

Со почит испратено,

Црковен Оддел за Ревизија

Џаред Б. Ларсон

Генерален Директор