Генерална Конференција
Зборовите Значат
Генерална Конференција април 2024


Зборовите Значат

Зборовите поставуваат тон. Тие ги кажуваат нашите мисли, чувства, искуства, за добро односно лошо.

Браќа, сестри, и пријатели низ светот, јас сум почестен да се обратам на оваа огромна публика, многу од кои се членови на Црквата и многу од кои се пријатели и нови слушатели на овој конференциски пренос. Добредојдовте!

Овие пораки споделени од оваа бина се соопштени со зборови. Тие се кажани на англиски и преведени на речиси сто различно јазици. Секогаш основата е иста. Зборови. И зборовите значат многу. Да го повторам тоа пак. Зборовите значат!

Тое се темелник на тоа како се поврзуваме; тие претставуваат наши верувања, морали, и перспективи. Понекогаш ние кажуваме зборови, а честопати слушаме. Зборовите поставуваат тон. Тие ги кажуваат нашите мисли, чувства, искуства, за добро односно лошо.

За несреќа, зборовите може да бидат безмислени, избрзани, и штетни. Штом се кажани, не можеме да ги повлечеме. Тие може да ранат, казнат, пресечат, и дури да доведат до деструктивни дејствија. Тие може да ни тежат.

Од друга страна, збровите може да прослават победа, да се надежни и охрабрувачки. Тие може да не поттикнат да преразмислиме, да го рестартираме, и пренасочиме нашиот правец. Зборовите може да ги отворат нашите умови кон вистината.

Затоа, првин и најпрвин, Господовите зборови значат.

Во Книгата на Мормон, пророкот Алма и неговиот народ во древна Америка се соочиле со најразлични војувања со оние кои беа го непочитувале словото на Бог, стврднувале нивните срца, и ја корумпирале нивната култура. Верните можеа да се борат, но Алма советуваше: „И сега, како што е проповедањето на словото имаше намера да го води народот да прават тоа што беше праведно—да, тоа имаше помоќен ефект врз умовите на народот отколку мечот, или било што, што се беше случило при нив—затоа Алма помисли дека беше целисходно за тие да ја пробаат доблеста на словото на Бог.“1

Тоа „словото на Бог“ ги надминува сите други изразувања. Така беше од создавањето на земјата кога Господ говореше: „Нека има светлина: и се појави светлина.“2

Од Спасителот дојдоа овие осигурувања во Новиот Завет: „Небесата и земјата ќе поминат, но моите слова нема да имаат крај.“3

И ова: „Доколку еден човек ме љуби, тој ќе ги одржува моите слова: и Мојот Отец ќе го љуби него, и ние ќе дојдеме при него, и ќе го створиме нашиот дом со него.4

Од мајката на Исус дојде ова понизно сведоштво: „Ете го слугата на Господ; нека ми биде според твоето слово.“5

Верувајќи и послушувајќи го словото на Бог ние ќе се приближиме поблиску до Него. Претседател Расел М. Нелсон вети, „Ако ги проучувате Неговите слова, вашата способност да бидете повеќе како Него ќе се зголеми.“6

Зарем сите ние не сакаме да бидеме како што химната вели, „поблагословени и свети—повеќе, Спасителу, како тебе“?7

И замислувам млад Џозеф Смит на неговите колена како го слушаат словото на Неговиот Небесен Отец: „[Џозеф,] Ова е Мојот Возљубен Син. Слушајте го!”8

Ние “го слушаме Него“ при зборовите во светите писма, но дали само ќе ги оставиме на страница, или дали препознаваме кога Тој ни говори на нас. Дали се менуваме?

Ние „Го Слушаме Него” со лично откровение и поттикнувања на Светиот Дух, како одговор на молитвата, и тие моменти кога само Исус Христос, преку моќта на Неговото Помирување, може да ги крене нашите товари, да ни додели прошка и мир, и да не профати нас „во рацете на неговата љубов.“9

Второ, словата на пророците значат.

Пророците свдедочат за божественоста на Исус Христос. Тие поучуваат за Неговото евангелие и ја покажуваат Неговата љубов за сите.10 Јас сведочам дека нашиот жив Пророк, Претседател Расел М. Нелсон, слуша и ги говори зборовите на Господ.

Претседател Нелсон знае како со зброовите. Тој кажа, „Држете се на заветениот пат,“11 „Соберете го Израел,“12 „Нека Бог Преовлада,”13 „Изградете мостови на разбирање,“14 „Заблагодарете Се,“15 „Зголемете ја верата во Исус Христос,“16 „Преземете ја контролата врз вашето сведоштво,“17 и „Станете миротворец.”18

Најново е тоа што побара од нас да „Размислуваме Селестијално.“ „Кога сте соочени со дилема,“ тој кажа „размислувајте селестијално! Кога ќе бидете истестирани од искушение, размислувајте селестијално! Кога животот или саканите ве изневерат, размислувајте селестијално! Кога некој предвреме почине, размислувајте селестијално.Кога животните притисоци ве обземаат, размислувајте селестијално! … Додека размислувате селестијално, вашето срце постепено ќе се смени, … Вие можете да ги видите вашите предизвици и спротивставеност во ново светло, … [и] вашата вера ќе се зголеми.“19

„Ние мислиме селестијално, ние гледаме нешта како што се и навистина ќе бидат.“20 Во овој свет натоварен со конфузија и препирање, на сите ни треба таа перспектива.

Старешина Џорџ Алберт Смит, долго пред да стане претседател во Црквата, зборуваше за поддржување на пророкот и послушување на неговите зборови. Ток кажа: „Обврската која ја правиме кога ја креваме нашата рака … Е најсветата. … Тоа значи … Дека ќе стоиме зад него; ќе се молиме за него; … И ќе се стремиме да ги изведеме нашите инструкции додека Господ не упатува.“21 Со други зборови, ние тридољубиво ќе делуваме врз словата на пророкот.

Како еден од 15 пророци, јасновидци, и откровители кои се поддржани вчера од нашата Црква, јас сакам да споделам со вас едно од моите искуства поддржувајќи го пророкот и профаќајќи ги неговите зборови. Тоа беше за мене повеќе како пророкот Јаков, кој раскажуваше, „Јас бев го слушнал гласот на Господ говорејќи ми мене со самото слово.“22

Слика
Старешина и сестра Расбанд во Тајланд.

Минатиот Октомври мојата жена, Мелани, и јас бевме во Бангок, Таиланд, додека се подготвувавме јас се подготвував да го посветам 185-от Црковен храм.23 За мене, задачата беше и нереална и понизувачка. Ова беше првиот храм на југоисточниот Азиски полуостров.24 Тоа беше господски изведено—шесткатна, структуa со девет кули, „соодветно урамнета“25 да биде домот на Господ. Неколку месеци јас бев размислувал запосветувањето. Тоа што беше се зацртало во мојата душа и ум беше дека земјата и храмот беа нишани во рацете на пророци и апостоли. Претседател Томас. С. Монсон беше го објавил храмот26 и Претседателот Нелсон посветувањето.27

Слика
Храмот во Бангкок Тајланд.

Јас бев подготвил посветувачка молитва неколку месеци порано. Тие свети зборови беа преведени на 12 јазици. Бевме спремни. Или така мислев.

Ноќта пред посветувачката молитва јас се разбудив од сонот со несмирено итно чувство за посветувачката молитва. Јас се обидов да го одвојам поттикнувањето, мислејќи дека молитвата беше на место. Но Духот не ме остави на мира. Јас почувствував одредени зборови недостасуваа, и преку божествен план ми се појавија во откровение, и јас ги внесов тие зборови во мојата молитва кон крајот: „Да размислуваме селестијално, дозволуваќи му на Духот да преовлада во нашите животи, и да се стремиме да бидеме миротворци секогаш.“28 Господ ме постетуваше да ги послушам зборовите на живите пророци: „Размислувајте селестијално,“ „нека Духот надвладее,„ „стремете се да бидете миротворци.“ Зборовите на пророците значат на Господ и на нас.

Трето, и толку важно, се нашите сопствени збророви. Верувајте, во нашиот свет исполнет со29 стикери, нашите зборови значат.

Нашите зборови може да бидат поддржувачки или лути, радосни или злобни, сожаливи или фрлени настрана. Во жештината на моментот, зборовите може да печат и да тонат длабоко во нашата душа—и да останат таму. Нашите зборови на интернет, пишување пораки, социјални медиуми, или твитови имаат живот сами по себе. Затоа внимавајте што велите и како го велите тоа. Во нашите фамилии, особено со сопрузите, сопругите, децата, нашите слова може да не зближат или да создадат несогласувања помеѓу нас.

Дозволете да предложам три едноставни фрази кои можеме да ги користиме да го исфрлиме бодежот од потешкотиите и разликите, да се кренеме, и да се осигураме едни со други.

„Ви благодарам.“

„Жал ми е.“

И „Јас ве љубам.“

Не ги зачувувајте овие понизни фрази за специјален настан или катастрофа. Користете ги често и искрено, бидејќи тие покажуваат почит едни кон други Говорот е евтин, не го следете тој модел.

Можеме да кажеме „благодариме“ на лифт, на паркингот, на пазар, во канцеларија, во ред, или со нашите соседи и пријатели. Можеме да кажеме „извини“ кога ќе згрешиме, ќе пропуштиме средба, заборавиме роденден, или гледаме некој друг во болка. Можеме да кажеме „Те љубам“ и тие зборови носат порака „Јас мислам на тебе,“ „Јас се грижам за тебе,“ „Јас сум тука за тебе,“ или „Ти си ми се.“

Дозволете да споделам личен пример. Сопрузи, послушајте. Сестри, ова ќе ви помогне на вас исто. Пред моите целовремени задачи во Црквата, јас патував широко за мојата компанија. Ме немаше за еден добар период во далечните делови на светот. На крајот на мојот ден, јас секогаш го повикував домот. Кога мојата сопруга Мелани, ја крена слушалката и јас одговарав, нашите разговори секогаш водеа до изразување на „Те сакам.“ Секој ден, тие зборови служеа како сидро на мојата душа и моето однесувањ; тие беа заштита моја од злобни нешта. „Мелание, јас те сакам“ говореше за скапоцената доверба помеѓу нас.

Претседател Томас С. Монсон порано говореше, „Постојат стапал за стоење, раце за фат, умови за охрабрување, срца за инспирирање, и души за спасување.“30 Велејќи „благодарам,“ „извини,“ „јас те љубам“ ќе биде сосема доволно.

Браќа и сестри, зборовите значат.

Јас ветувам дека ако ние „се гоштеваме со зборовите на Христос“31 кои водат со спасение, зборовите на нашите пророци ќе не водат и охрабрат, и нашите зброви кои говорат за тоа кои сме и што сметаме за драго, моќите на небесата ќе се истурат врз нас. „Зборовите на Христос ќе ви ги кажат сите нешта кои треба да ги правите.“32 Ние сме Негови деца и Тој е наш Бог, и Тој очекува од нас да збориме со „јазикот на ангели“33 преку моќта на Светиот Дух.34

Го сакам Господ Исус Христос. Тој е според зборовите во Стариот Завет Исаија, „Прекрасен, Советник, Семоќниот Бог, Вечниот Отец, Кнезот на Мирот.“35 И апостолот Јован разјасни, Христос Самиот е “Словото.”36

За ова сведочам како апостол повикан на Господовата божествена служба и повикан да стојам како специјален сведок за Него. Во името на Господ Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Алма 31:5.

  2. Битие 1:3.

  3. Матеј 24:35.

  4. Јован 14:23.

  5. Лука 01:38.

  6. Russell M. Nelson, “I Studied More Than 2,200 Scriptures about the Savior in Six Weeks: Here Is a Little of What I Learned,” Inspiration (blog), Feb. 28, 2017, ChurchofJesusChrist.org.

  7. „Повеќе Светост Дај Ми,“ Химни, број. 131.

  8. Џозеф Смит—Историја 1:17.

  9. Пророкор Лехи опишува „рацете на неговата љубов“ во неговата објава до неговите синови: „Но ете, Господ ја искупи мојата душа од пеколот; јас ја здолгледав неговата слава, и јас сум опркруќен околу вечноста во рацете на неговата љубов.“ (2 Nephi 1:15).

  10. Претседател Расел М. Нелсон кажа, „Пророците сведочат за Исус Христос—за Неговата божественост и Неговото земно служење“ („Поддржување на Пророците,“ Лиахона, Ное. 2014, 74).

  11. Расел М. Нелсон, „Додека Одиме Напред Заедно,“ Лиахона, Апр. 2018, 7.

  12. Расел М. Нелсон, “Надеж на Израел” (светска молитвена сесија за млади, 3 јуни, 2018), Евангелска Библиотека.

  13. Расел М. Нелсон, „Дозволете Бог да Надвладее“, Лиахона, Ное. 2020, 92.

  14. Расел М. Нелсон, „President Nelson Shares Social Post about Racism and Calls for Respect for Human Dignity,“ Newsroom, June 1, 2020, newsroom.ChurchofJesusChrist.org.

  15. Расел М. Нелсон, „Претседател Нелсон не Поканува Да #GiveThanks,” Црковни Вести, Ное. 20, 2020.

  16. Расел М. Нелсон, “Надминете го Светот и Пронајдете Одмор,” Лиахона, Ное. 2022, 98.

  17. Расел М. Нелсон, „Избори за Вечноста“ (светска сесија за млади возрасни членови, Мај 15, 2022), Евангелска Библиотека.

  18. Расел М. Нелсон, “Peacemakers Needed,” Лиахона, May 2023, 99; see also facebook.com/reel/277880588051925.

  19. Расел М. Нелсон, „Мисли Селестијално,“ Лиахона, Ное. 2023, 118.

  20. Јаков 4:13.

  21. Teachings of Presidents of the Church: George Albert Smith (2011), 64.

  22. Јаков 7:5

  23. Храмот во Бангок Тајланд беше посветен на 22 Октомври, 2023.

  24. Храмската област достигнува нејзини граници, протегајќи се од Камбоџа до Пакистан, Непал до Индонезија.

  25. Ефесјаните 2:21.

  26. Види Томас С. Монсон, “Благословите на Храмот,” Лиахона, Мај 2015, 91.

  27. Види “News for Temples in Five Nations,” Newsroom, Mar. 27, 2023, newsroom.ChurchofJesusChrist.org.

  28. Види dedicatory prayer for the Bangkok Thailand Temple, temples.ChurchofJesusChrist.org.

  29. Еден смајли, често едно мало жолто лице, е пиктограм вметнат во електронска порака да пренесе чувство, изразување, односно идеа.

  30. Thomas S. Monson, “To the Rescue,” Liahona, July 2001, 57.

  31. 2 Нефи 32:3.

  32. 2 Нефи 32:3.

  33. 2 Нефи 32:2.

  34. Нефи напиша, „Зашто кога еден човек зборува преку моќта на Светиот Дух моќта на Светиот Дух ги носи при срцата на човечките деца“ (2 Нефи 33:1).

  35. Исаија 9:6.

  36. Јован 1:1.