Генерална Конференција
Еден запис за Она што го Видов и Слушнав
Генерална Конференција април 2024


Еден запис за Она што го Видов и Слушнав

Никогаш немало подобро време да се биде член на Црквата на Исус Христос.

Откако дипломирав на правниот факултет, мојата сопруга, Марсија и јас, одлучивме да се приклучиме на една адвокатска канцеларија што беше специјализирана за судско право. Кога ја започнував мојата обука на работното место, поголем дел од моето време го поминав во подготовка на сведоци да сведочат на судењето. Брзо сфатив дека фактите се утврдуваат во судницата додека сведоците, кои се под заклетва, сведочат за вистинитоста на она што го виделе и слушнале. Кога сведоците сведочат, нивните зборови се запишуваат и зачувуваат. Важноста на сведоците што заслужуваат доверба секогаш беше во преден план на мојата подготовка.

Не ми требаше многу време за да сфатам дека потполно истите термини што ги користев секој ден, како адвокат, беа истите тие што ги користев и при моите евангелски разговори. „Сведок“ и „сведочење“ се термини што ги користиме кога го споделуваме нашето знаење и чувства за вистинитоста на евангелието на Исус Христос.

Кога бев поддржан за нов Седумдесетти на Област, ги отворав светите писма за да ги дознаам моите должности и прочитав во Учења и завети 107:25, во кој се вели „Седумдесетте се исто така повикани … да бидат посебни сведоци на Незнабошците и на целиот свет“. Како што може да очекувате, ме заинтригира терминот „посебен сведок“. Ми стана јасно дека имав одговорност да го дадам моето сведоштво—да сведочам за името на Исус Христос— каде и да патував по светот.

Постојат многу примери во светите писма за оние кои биле очевидци и кои сведочеле за она што го виделе и слушнале.

Кога древниот пророк Морони го започнува неговиот запис, пишува, „А сега јас, Морони, водам запис за работите што сум ги видел и чул, и го нарекувам Книгата на Мормон.“1

Апостолите на Спасителот Петар и Јован исцелиле некој човек во името на Исус Христос од Назарет.2 Кога им било заповедано да не зборуваат во името на Исус Христос, тие одговориле:

„Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе отколку Бог.

„Зашто ние не можеме а да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле“.3

Уште едно убедливо сведоштво доаѓа од Светите во Книгата на Мормон кои сведочеле за посетата на Спасителот Исус Христос. Слушнете го овој опис на нивното сведоштво „А тие на овој начин оставаат запис: окото никогаш не видело, ниту увото не слушнало толку големи и чудесни работи како овие што ги видовме и чувме како Исус му зборува на Отецот“.4

Браќа и сестри, денес го објавувам моето сведоштво и оставам запис за она што сум го видел и чул за време на мојата света служба како член на Седумдесетте на Господ Исус Христос. Притоа, ви сведочам за возљубениот Небесен Отец и Неговиот благонаклонет Син Исус Христос, кој страдал, умрел, и повторно се издигнал за да понуди вечен живот за Божјите чеда. Јас сведочам за „прекрасното дело и чудо“5 и дека Господ ја подаде Неговата рака уште еднаш, за да го обнови Неговото евнгелие на земјата преку Неговите живи пророци и апостоли.6 Јас сведочам дека, врз основа на она што сум го видел и слушнал, никогаш немало подобро време да се биде член на Црквата на Исус Христос од денес. Го знам ова од сопствено искуство, независно од било кој друг извор, поради она што сум го видел и чул.

За време на мојата последна година од средно училиште, за да дипломирам на семинаријата, морав да ги препознаам 15-те храмови на Црквата. Слика на секој храм стоеше пред нашата училница, и јас морав да знам каде секој од нив е лоциран. Сега, години подоцна, ќе биде огромен предизвик —со 355 активни или најавени храмови—да се идентификува секој од нив. Јас лично видов многу од овие Господови домови и сведочам дека Господ ги нуди Своите благослови и обреди на сѐ повеќе и повеќе Негови чеда низ целиот свет.

Моите пријатели од FamilySearch ме поучија дека над милион нови имиња секојдневно се додаваат на FamilySearch. Ако вчера не сте ги нашле своите роднини, ве поканувам да повторно да ги побарате утре. Кога станува збор за собирање на Израел од другата страна на превезот, никогаш немало подобро време да се биде член на Црквата на Исус Христос од денес.

Додека ги одраснувавме нашите деца во Твин Фалс, Ајдахо, нашето гледиште на Црквата насекаде во светот беше ограничено. Кога бев повикан да бидам Генерален Овластен, Марсија и јас добивме задача да служиме во Областа Пацифик, место на кое никогаш не сум бил. Бевме задоволни што откривме колови од врвот на Нов Зеланд сѐ надолу, со храм кој беше осветен во 1958 година. Тоа беше еден од оние 15 на кои требаше да се сетам на семинаријата. Пронајдовме храмови во секој поголем град во Австралија, со колови низ целиот континент. Имавме задачи во Самоа, каде имаше 25 колови, и Тонга, каде скоро половина од населението се членови на Црквата. Имавме задача на островот Кирибати, каде најдовме два кола. Добивме задача да го посетиме колот Ибеј на Маршаловите острови и Дару во Папаја Нова Гвинеја.

По нашата служба на Пацифичките острови, бевме назначени да служиме на Филипините. На мое изненадување, Црквата на Исус Христос на Филипините порасна над моите очекувања. Сега постојат 125 колови, 23 мисии и 13 функционални или најавени храмови. Сведочам за црква со над 850 000 членови во таа земја. Како сум можел да го пропуштам воспоставувањето на Христовата Црква низ целиот свет?

По три години на Филипините, од мене се побара да служам во Одделот за Мисионери. Задачата ме одведе до мисии низ целиот свет. Мојата визија за Спасителовата Црква ширум светот се прошири експоненцијално. Марсија и јас бевме назначени да ги посетиме мисиите во Азија. Пронајдовме прекрасен кол центар во Сингапур, со зачудувачки верни членови. Ги посетивме членовите и мисионерите во капелата во Кота Кимбалу, Малезија. Се запознавме со мисионерите во Хонк Конг и учествувавме на прекрасната конференција на кол со верните, посветени Светци.

Ова искуство се повтори додека се среќававме со мисионерите и со членовите ширум Европа, Латинска Америка, на Карибите и во Африка. Црквата на Исус Христос доживува огромен раст во Африка.

Очевидец сум на тековното Обновување на евангелието на Исус Христос и исполнување на пророштвото на Џозеф Смит дека „вистината Божја ќе излезе смело, благородно, и независно, сѐ додека не навлезе во секој континент, не го посети секое поднебје, не ја зафати секоја земја, и не прозвучи во секое уво“.7

Нашите прекрасни мисионери кои сега ја покриваат земјината топка бројат 71 000. Работејќи заедно со членовите, тие крштеваат над 20000 луѓе секој месец. Неодамна млади мажи и жени на возраст од 18, 19 и 20 години, со помош на Господ, го создадоа ова моќно чудо на собирање. Ги пронајдовме овие млади мажи и жени во малите села на Ванату и во големите градови како Њујорк, Париз и Лондон. Ги гледав како поучуваат за Спасителот во изолирани конгрегации на Фиџи како и поголеми собири на места како Тексас, Калифорнија и Флорида во Соединетите Држави.

Ќе пронајдете мисионери на секој агол на земјата кои зборуваат на 60 различни јазици исполнувајќи ја Спасителовата голема задача во Матеј 28: „Одете и крштевајте ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух“:8 Ги почитувам минатите и сегашните мисионери на Црквата и ја потсетувам нашата растечка генерација на поканата на Претседателот Расел М. Нелсон да дојдат и да го соберат Израел.9

Денеска сведочам дека со свои очи го видов и со свои уши го слушнав ова интензивно Обновување на Спасителовото евангелие. Јас сум сведок на Божјото дело ширум целиот свет. Никогаш немало подобро време да се биде член на Црквата на Исус Христос отколку денес.

Можеби најинспиративното чудо на Обновувањето што некогаш сум го доживеал сте вие, верните членови на Црквата од секоја земја. Вие, Светците од Подоцнежните Дни, сте опишани од Нефи во Книгата на Мормон, како што го видел и сведочел за нашето време, „И се случи да јас, Нефи, ја видов моќта на Јагнето Божје, како се спушта над светите од црквата на Јагнето, и над заветниот народ на Господ, кој беше раселен по земјата; и тие беа наоружани со праведност и со сила Божја во голема слава“.10

Јас сведочам дека сум го видел со свои очи она што Нефи го виде—вас, заветените Светители од секоја земја, наоружани со праведност и Божја сила. Додека стоев на говорницата во една од овие одлични нации на светот, Господ ми впечати во мојот ум нешто што Царот Бенџамин го поучуваше во Мосија 2 во Книгата на Мормон. Брент, „Би сакал да размислите за благословената и среќна состојба на оние кои ги почитуваат Божјите заповеди. Зашто ете, благословени се тие во сѐ, и временски и духовно“.11

Ви сведочам дека сум го видел ова со свои очи и сум го слушнал со свои уши кога ве запознавав вас, верниците Светци на Бога ширум земјата кои се држат до своите заповеди. Вие сте заветените чеда на Отецот. Вие сте ученици на Исус Христос. Го знаете она што јас го знам бидејќи го добив вашето лично сведоштво за вистинитоста на обновеното евангелие на Исус Христос. Спасителот поучуваше, „Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат: и ушите ваши, бидејќи слушаат“.12

Под водство на Господ и раководењето на Неговите пророци и апостоли, ќе продолжиме да подготвуваме мисионери, да склучуваме и да ги одржуваме светите завети, да ја воспоставуваме Христовата Црква ширум светот, и да ги добиваме благословите што доаѓаат кога ги почитуваме Божјите заповеди. Ние сме обединети. Ние сме Божји чеда. Ние го познаваме и го сакаме Него.

Ви се придружувам на сите вас, мои пријатели, кога неуморно сведочиме дека овие работи се вистина. Оставаме запис за она што сме го виделе и чуле. Вие и јас сме сведоците кои сведочат. Со моќта на ова обединето сведоштво продолжуваме да одиме напред со вера во Господ, Исус Христос и Неговото Евангелие. Го објавувам моето сведоштво дека Исус Христос живее. Тој е наш Спасител и наш Искупител. Во името на Исус Христос, амин.