Генерална Конференција
Заветна Увереност преку Исус Христос
Генерална Конференција април 2024


Заветна Увереност преку Исус Христос

Кога влегуваме во Господовиот дом, тргнуваме на свето патување на учење како да станеме посвети и да стекнеме повисоко ниво на посветеност на Христа од просечниот верник.

Мои сакани браќа и сестри, се молам за да бидеме духовно обновени од инспиративните пораки на нашите водачи овој викенд и се радувам на она што јас сакам да го наречам „заветна самоувереност преку Исус Христос“. Ова самоувереност е тивко, но сигурно уверување за добивање благослови што Бог им ги ветува на оние кои се држат до своите завети а тоа е толку неопходно среде тешките околности на денешницата.

Изградбата на нови домови на Господ низ целиот свет, под инспиративното водство на Претседателот Расел М. Нелсон, донесе огромна радост меѓу членовите на Црквата и е важен симбол за експанзијата на Господовото царство.

Додека се навраќав на моето искуство кое влеваше страхопочит, за време на свеченото осветување на Храмот Федер Ривер, во Калифорнија минатиот октомври, се прашував дали понекогаш не се губиме во возбудата да создадеме нови храмови во нашите градови и населени места и дали ја занемаруваме посветата цел на светите завети склучени во храмот.

Впишана на предната страна на секој храм е свечената изјава: „Светиња Господова“.1 Овие инспиративни зборови се јасна покана, дека кога влегуваме во Господовиот дом, се впуштаме во свето патување на учење, како да станеме посвети и да стекнеме повисоко ниво на посветеност на Христа од просечниот верник. Кога склучуваме завети во светост пред Бога и се обврзуваме да го следиме Спасителот, добиваме сила да ги промениме нашите срца, да го обновиме нашиот дух, и да ја продлабочиме нашата врска со Него. Таков потфат носи сатисфакција за нашите души и создава света врска со Бога и Исус Христос, кој ветува дека можеме да го наследиме дарот за вечен живот.2 Резултатот на ова свето патување е тоа што стекнуваме посвета и поголема самодоверба во нашите завети склучени преку Исус Христос за живеење на нашиот ден-за-ден живот.

Ваквото уверување е врвот на нашата божествена врска со Бога и може да ни помогне да ја зголемиме нашата посветеност и благодарност за Исус Христос и Неговата помирувачка жртва. Ја зајакнува нашата способност да сакаме и да им служиме на другите, и ги зајакнува нашите души да живеат во безбожен свет што е сѐ помрачен и обесхрабрувачки Таа ни дава сила да го надминеме семето на сомнеж и очај, страв и фрустрација, тага и безнадежност, штo непријателот се обидува да ги внесе длабоко во нашите срца, особено кога животот е тежок, искушенијата се долги, или околностите се тешки. Стих од библијата нуди добар совет за секој од нас кога се соочуваме со силните ветришта на денешните световни предизвици: „Затоа не напуштајте ја вашата слобода“.3

Почитувани браќа и сестри, оние кои стекнуваат вистинска доверба во заветите склучени во Господовиот дом преку Исус Христос поседуваат една од најмоќните сили до кои можеме да пристапиме во овој живот.

Додека ја проучуваме Книгата на Мормон во прирачникот Дојдете, следете Ме оваа година, сведоци сме на тоа како Нефи прекрасно ја илустритра моќта на овој вид на доверба во заветот преку неговата лојалност при соочувањето со неуспесите и предизвиците, при обидот да ги земе плочите како што Господ му заповедал. Нефи, и покрај тоа што бил многу тажен поради стравот и недостатокот на вера на Ламан и Лемуел, останал самоуверен дека Господ ним ќе им ги даде плочите. Им кажал на своите браќа, „Како што живее Господ и како што живееме ние, нема да слеземе кај нашиот татко во дивината сѐ додека не го извршиме она што ни заповеда Господ“.4. Поради неговата доверба во Господовите ветувања, Нефи успеал да го постигне она што му било заповедано да го направи.5 Подоцна, во својата визија, Нефи го забележал влијанието на овој тип на доверба, пишувајќи, „Јас Нефи, ја забележав моќта на Јагнето Божје, како слегува на светците на Црквата на јагнето, и врз заветениот народ на Господ, … и тие беа наоружани со праведност и со моќ Божја, во голема слава“.6

Од прва рака видов како Господовите грижливи ветувања и моќ надоаѓаат во животите на Божјите чеда, зајакнувајќи ги, за да може да се соочат со животните околности. Пред некој ден, мојата сопруга се врати дома по служење во храмот и ми раскажа колку многу била трогната од она што го доживеала таму. Кога влегла во Господовиот дом, видела човек во инвалидска количка кој се движел многу бавно и жена која одела со големи потешкотии користејќи бастун, и обајцата храбро доаѓаат за да му се восхитуваат на Господ во неговиот дом. Кога мојата сопруга влетала во областа за иницијални обреди, видела една мила сестра, која нема една рака и имала само дел од другата– како величествено и небесно ги извршува сите задачи што ќе и бидат доделени.

Додека мојата сопруга и јас разговаравме за ова доживување, заклучивме дека само чиста и од срце почувствувана доверба во вечните ветувања, што Бог ги дава преку светите завети склучени со Него во Неговиот дом, би можеле да бидат причината овие прекрасни Христови ученици да го напуштат својот дом тој многу студен ден, и покрај нивните лични животни околности.

Почитувани мои пријатели, доколку постои едно нешто што можеме да го поседуваме—и нешто што би можеле да им го пренесеме на нашите деца и внуци, што би им помогнало на секој од нив во тестовите и искушенијата што доаѓаат—тоа би било доверба во заветите склучени преку Исус Христос. Добивањето на ваква божествена придобивка ќе им помогне да живеат како што Господ им ветил на Своите верни следбеници: „Моите ученици ќе стојат на свети места, и нема да се поколебаат”.7

Како да стекнеме ваква доверба преку Исус Христос? Таа доаѓа со понизност, насочување на нашите животи на Спасителот, живеење според принципите на евангелието на Исус Христос, добивање на обредите за спасение и егзалтација, и почитување на заветите што сме ги склучиле со Бога во Неговиот свет дом.

Во неговите завршни зборови за време на генералната конференција во октомври 2019, нашиот почитуван пророк нѐ потсети на еден важен чекор за стекнување заветна самодоверба, велејќи: „Индивидуалната достојност за влез во Господовиот дом бара многу лична духовна подготовка. … Индивидуалната достојност бара целосно преобраќање на умот и срцето да наликуваат што повеќе на Господовите, да се биде чесен граѓанин, да се биде подобар пример и да се биде посвета личност“.8 Затоа, кога го менуваме начинот на кој се подготвуваме за влез во храмот, го менуваме и нашето искуство во храмот, кое пак ќе ги промени нашите животи надвор од храмот. „Тогаш твојата доверба ќе зајакне во присуство Божје; а учењата на свештеството ќе капат врз твојата душа како росата небесна“.9

Еден епископ кој го познавам го нарекува најстариот клас во Основно, клас за „храмска подготовка“ наместо Основно. Во јануари, во неговата канцеларија дојдоа во посета членовите на класот и нивните предавачи, каде разговараа за тоа како да се подготвуваат за влез во храмот во текот на целата година. Епископот одвои време за да ги прочита важечките прашања за интервју за добивање храмска препорака, што потоа беа вклучени во лекциите за Основно. Тој ги повика децата да се подготвуваат за кога ќе дојдат во канцеларијата на епископот за една година, да бидат самоуверени, да имаат доверба во заветот, подготвени да ја добијат храмска препорака и да влезат во Господовиот дом. Оваа година епископот пронајде четири девојчиња кои биле толку возбудени, подготвени и самоуверени што ќе одат во храмот, што сакаа епископот да им ги отпечати нивните храмски препораки на Новогодишната Ноќ, во 12:01 по полноќ.

Подготовките не се само за оние кои го посетуваат храмот за прв пат. Сите ние треба постојано да се подготвуваме за одење во Господовиот дом. Еден кол што го добро го познавам го присвои мотото „насочен кон домот, црковно поддржан, поврзан со храмот“. Поврзан10 е интересен збор што значи насочен , но тој исто така значи и прицврстен на или обезбеден од, решен, одлучен, уверен. Затоа, тоа што сме поврзани со храмот нѐ врзува со Спасителот, ни ја дава правилната насока и стабилност, истовремено обезбедувајќи да имаме самодоверба преку Исус Христос. Затоа, секој од нас треба намерно да ја зајакнува ваквата поврзаност со тоа што ќе го закаже следниот состанок со Господ во Неговиот свет дом, без разлика дали храмот е блиску или далеку.11

Нашиот почитуван пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, нѐ потсети на овие суштински принципи, велејќи: „Храмот е центарот за зајакнување на нашата вера и духовна храброст бидејќи Спасителот и Неговата доктрина се самото срце на храмот. Сѐ што сме научиле во храмот, преку поука и преку Духот, го зголемува нашето разбирање за Исус Христос. Неговите основни обреди нѐ врзуваат за Него преку светите свештенички завети. Потоа, додека се држиме до нашите завети, Тој нѐ дарува со Неговата исцелувачка, зајакнувачка сила. И ох, колку само ќе ни е потребна Неговата сила во деновите што претстојат“.12

Спасителот силно посакува да бидеме подготвени да разбереме, со голема јасност, како точно да постапуваме кога склучуваме завети со нашиот Небесен Отец во Негово име. Тој сака да бидеме подготвени да ги искусиме привилегиите, ветувањата и одговорностите; да бидеме подготвени за прифаќање на духовните согледувања и будења што ќе ни бидат потребни во овој живот. Знам дека кога Господ ќе забележи барем и мала искра на жеба или треперење на праведен напор во нашата подготвеност да ги насочиме нашите животи на Него, и на обредите и заветите што ги склучуваме во Неговиот дом, Тој ќе нѐ благослови, на Негов совршен начин, со чудата и нежната благодатност што ни е потребна.

Господовиот дом е местото каде можеме да бидеме преобразени на повисоки и посвети начини. Затоа, кога ќе излеземе од храмот, преобразени со нашата надеж во ветувањата од заветите, наоружани со сила од висините, го земаме храмот со нас во нашите домови и животи. Ве уверувам дека да се има духот на Господовиот дом во нас нѐ менува, целосно.

Од храмот знаеме, исто така, дека ако сакаме Духот на Господ да биде незауздан во нашите животи, ние едноставно не можеме и не смееме да имаме нељубезни чувства кон никого. Оставајќи место во нашите срца или мисли за нељубезни чувства или мисли ќе произведе нељубезни зборови и постапки, без разлика дали е тоа на социјалните медиуми или во нашите домови, предизвикувајќи Духот на Господ да се повлече од нашите срца. Затоа, ве молам не ја отфрлајте самодовербата, туку, дозволете и да зајакне.

Тековното и забрзувано градење на храмовите ќе продолжи да нѐ одушевува, инспирира и да нѐ благословува. Сепак многу поважно, кога ја менуваме нашата подготовка за влез во храмот, ќе го промениме и нашето храмско искуство, што ќе ги трансформира нашите животи надвор од храмот. Нека оваа трансформација нѐ исполни со самодоверба во нашите свети завети склучени со Бога преку Исус Христос. Бог живее, Исус е нашиот Спасител, и ова е Неговата обновена Црква на земјата. Со почит ги објавувам овие вистини во светото име на нашиот Спасител, Исус Христос, амин.