Генерална Конференција
Светлосни столбови и зраци
Генерална Конференција април 2024


Светлосни столбови и зраци

И ние можеме да имаме сопствен светлосен столб—по еден зрак за одреден временски интервал.

Мојата порака е до оние кои се загрижени за своите сведоштва затоа што немале оптоварувачки духовни искуства. Се молам за да можам да добијам малку мир и уверување.

Обновувањето на Евангелието на Исус Христос започнува со експлозија на светлина и вистина! Tинејџер од северниот дел на Њујорк со многу обично име Џозеф Смит, влегува во една шума со дрва за да игра. Загрижен е за својата душа и својот углед пред Бога. Бара прошка за своите гревови. И не знае на која црква да и се придружи. Има потреба од разјаснување и мир—има потреба од светлина и знаење.1

Кога Џозеф клекнува за да се помоли и „ги жртвува желбите на [своето] срце на Бога“, го обвива густа темнина. Нешто злобно, угнетувачко и многу реално се обидува да го сопре—да му го врзе јазикот за да не може да зборува. Силите на темнината толку зачестуваат што Џозеф смета дека ќе умре. Но тој „ја користи[] сета [своја] сила за да го повика Бога и да [ го] избави од моќта на овој непријател што [го] зграпчи [него]“. И потоа, „токму тогаш, кога [Џозеф] е подготвен да падне во очај и да се предаде на уништување“, кога веќе не знае дали може да издржи повеќе, величествен сјај ја исполнува шумичката, растурајќи ја темнината и непријателот на неговата душа.2

„Столб на светлина“ посветол од сонцето постепено се спушта врз него. Едно лице се појави, а потоа друго.3 Нивната „светлина и слава не можат да се опишат“. Првиот, нашиот Небесен Отец, го кажува неговото име, “покажувајќи кон другиот—[Џозеф!] Ова е Мојот Возљубен Син. Него Послушај го!4

И со овој огромен излив на светлина и вистина, започна Обновата. Вистинска поплава на божествено откровение и благослови ќе следат: ново свето писмо, обновени свештенски клучеви, апостоли и пророци, обреди и завети, и повторно воспоставување на Господовата вистинска и жива Црква, што еден ден ќе ја исполни земјата со светлина и сведоштво за Исус Христос и Неговото обновено евангелие.

Сето ова и многу повеќе, започна со очајна молитва на едно момче и светлосен столб.

Ние исто така имаме наши сопствени очајни потреби. И ние треба да се ослободиме од духовната конфузија и световна темнина. Имаме потреба да знаеме за себе.5 Тоа една причина поради која Претседателот Расел М. Нелсон нѐ покани да „се потопиме [самите себе] во славната светлина на Обновата“.6

Една од големите вистини за Обновувањето е дека небесата се отворени—дека и ние можеме да добиваме светлина и знаење од висините. Сведочам дека тоа е вистина.

Но мора да бидеме претпазливи за духовната замка. Понекогаш вернците од Црквата стануваат обесхрабрени па дури и се оддалечуваат бидејќи немале оптоварувачки духовни искуства—бидејќи не го доживеале сопствениот светлосен столб. Претседателот Спенсер В. Кимбал предупреди „Секогаш очекувајќи го спактакуларното, многумина целосно ќе го пропуштат постојаниот проток на размена на откровенија“.7

Претседателот Џозеф Ф. Смит исто така потсети дека „Господ ми ги сокри чудесата [кога бев млад], и ми ја покажа вистината, малку по малку, прописи по пропис, малку овде малку онде“.8

Ова е типичен Господов урнек, браќа и сестри. Наместо да ни испрати светлосен столб, Господ ни испраќа по еден зрак светлина, потоа друг и друг.

Овие зраци светлина постојано се излеваат врз нас. Светите писма поучуваат дека Исус Христос „е светлината и … живот на светот“,9 дека Неговиот „Дух дава светлина на секој маж [и жена] што доаѓа на светот“,10 и дека Неговата светлина „ги исполни[ува] просторите свемирски“ давајќи „живот на сѐ“.11 Светлината на Христос е буквално насекаде околу нас.

Ако сме го примиле дарот на Светиот Дух и се трудиме да ја практикуваме нашата вера, да се покаеме и да ги почитуваме нашите завети, тогаш сме достојни постојано да ги примиме овие божествени зраци. Според зборовите што се паметат на Старешина Дејвид А. Беднар, „ние живееме во откровение“.12

А сепак, секој од нас е различен. Нема двајца луѓе кои ја доживуваат Божјата светлина на потполно ист начин. Одвојте време да размислите за тоа како ја доживувате светлината и Духот на Господ.

Можеби сте ги доживеале овие изливи на светлина и сведоштво како „мир [ненавестив] во твојот ум во врска со [таа] работа“ што ве загрижува.13

Или како импресија—мал, тивок глас—што се сместува „во твојот ум и во твоето срце“14 и ве поттикнува да направите нешто добро, на пример да помогнете некому.

Можеби ве поучувале во црква—или во камп за млади—и сте почувствувале силна желба да го следите Исус Христос и да останете верни.15 Можеби сте стоеле и сте споделувале сведоштво за кое сте се надевале дека е вистина, а потоа сте почувствувале дека е.

Или можеби сте се молеле, и почувствувавте радосно уверување дека Бога ве сака.16

Можеби сте слушнале дека некој дава сведоштво за Исус Христос, што го трогна вашето срце и ве исполни со надеж.17

Можеби додека сте читале од Книгата на Мормон некој стих ви проговори во душата, како Бог да го поставил таму само за вас—и потоа сваќате дека Тој навистина го сторил тоа.18

Можеби сте ја почувствувале Божјата љубов додека сте им служеле на другите.19

Или можеби имате потешкотии да го почувствувате Духот во моментот поради депресија или анксиозност, но го имате скапоцениот дар и вера да погледнете наназад и да ги препознаете минатите „благи милости Господови“.20

Мојата поента е дека има многу начини да се добијат небесните зраци на сведоштвото. Тоа се само неколку, секако. Можеби не се толку драматични, но сите тие формираат дел од нашите сведоштва.

Браќа и сестри, не сум видел столб светлина, но како и вие, сум доживеал многу божествени зраци. Во текот на годините, се обидував да ги сочувам ваквите искуства. Открив дека додека го правам тоа, препознавам и се сеќавам на дури повеќе од нив. Еве неколку примери од мојот сопствен живот. Можеби за некого не се толку впечатливи, но за мене се драгоцени.

Се сеќавам дека бев гласен тинејџер на едно крштевање. Непосредно пред да почне средбата, почувствував како Духот ме натера да седнам и да бидам понизен. Седнав и останав тивок до крај на средбата.

Пред мојата мисија, се плашев дека моето сведоштво не е доволно силно. Никој во моето семејство никогаш не служел мисија, и не знаев дали можам да го направам тоа. Се сеќавам дека проучував и очајно се молев за да добијам посигурно сведоштво за Исус Христос. Потоа, еден ден додека пледирав со Небесниот Отец, почувствував моќно чувство на светлина и топлина. И знаев. Едноставно знаев.

Се сеќавам дека се разбудив една ноќ години подоцна со чувство на „чиста интелегенција“ кое ми кажуваше дека ќе бидам повикан да служам во кворумот старешини.21. Две недели подоцна бев повикан.

Се сеќавам на една генералната конференција на која еден сакан член на Кворумот на Дванаесет Апостоли кажа сѐ од збор до збор од сведоштвото што му го кажав на еден пријател што се надевав дека ќе го слушнам.

Се сеќавав дека клечев со илјадници браќа да се молам за еден почитуван пријател кој лежеше без свест на вентилатор во една мала болница откако неговото срце престана да работи. Кога ги обединивме срцата за да пледираме за неговиот живот, тој се разбуди и го повлече вентилаторот од неговото грло. Тој денес служи како претседател на кол.

И се сеќавам како се разбудив со силни духовни чувства по еден луциден сон на драг пријател и ментор кој прерано почина, оставајќи огромна дупка во мојот живот. Беше насмеан и радосен. Знаев дека тој беше ок.

Ова се некои од моите зраци. Вие имате свои сопствени искуства—свои сопствени изливи на сведоштво исполнето со светлина. Кога ги препознаваме, се сеќаваме и ги собираме овие зраци „заедно во едно“,22 нешто прекрасно и моќно почнува да се случува. „Светлината се држи до светлината“—„вистината ја прегрнува вистината“.23 Реалноста и моќта на еден зрак сведоштво се зајакнува и се комбинира со друга, и потоа друга, и друга. Малку по малку, перцепција по перцепција, овде зрак и таму зрак—еден мал, скапоцен духовен момент по друг—во нас расте јадрото на духовни искуства исполнети со светлина. Можеби ниту еден зрак не е доволно силен или доволно светол за да формира целосно сведоштво, но зедно тие можат да станат светлината што темнината на сомнежот не може да ја надмине.

„О тогаш, зарем ова не е вистинско?“ Прашува Алма. „Ви велам, да, зошто тоа е светлина“.24

„Она што е од Бога е светлина“ нѐ поучува Господ, „и оној кој добива светлина, и продолжува во Бога, добива повеќе светлина; и таа светлина станува сѐ посветла сѐ до совршениот ден.“25

Тоа значи, браќа и сестри, дека со време и со „голема трудољубивост“,26 и ние можеме да имаме сопствен светлосен столб—по еден зрак за одереден временски интервал. И во средината на тој столб, и ние ќе најдеме грижлив Небесен Отец, кој нѐ повикува по име, насочувајќи нѐ кон нашиот Спасител, Исус Христос, и поканувајќи нѐ „Него Слушајте Го!“.

Давам сведоштво за Исус Христос, дека Тој е светлината и животот на целиот свет—на вашиот и мој личен свет.

Сведочам дека Тој е вистинскиот и жив Син на вистинскиот и жив Бог и дека Тој стои на чело на оваа вистинска и жива Црква, водена и управувана од Неговите вистински и живи пророци и апостоли.

За да ја препознаеме и добиеме Неговата славна светлина и потоа да Го избереме Него над темнината на светот—секогаш и засекогаш. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Џозеф Смит—Историја 1:10–13.

  2. Види Џозеф Смит—Историја 1:14–16.

  3. Види Joseph Smith, Journal, Nov. 9–11, 1835, 24, josephsmithpapers.org.

  4. Џозеф Смит—Историја 1:17.

  5. Види Џозеф Смит—Историја 1:20. Кога Џозеф се вратил дома по Првата визија, мајка му го прашала дали е ОК. Тој одговорил, „Јас сум доволно добро. … Сам дојдов до сознание дека Пресвитеријанството не е вистина (додаден акцент).

  6. Russell M. Nelson, “Closing Remarks,” Liahona, Nov. 2019, 122.

  7. Spencer W. Kimball, in Conference Report, Munich Germany Area Conference, 1973, 77; quoted in Graham W. Doxey, “The Voice Is Still Small,” Ensign, Nov. 1991, 25.

  8. Teachings of Presidents of the Church: Joseph F. Smith (1998), 201: „Кога јас како дете почнував со служба, често излегував и барав од Господ да ми покаже некоја чудесна работа, за да можам да добијам сведоштво. Но Господ не ми ги покажа чудесата, туку ми ја покажа вистината, малку по малку, заповед по заповед, малку овде малку онде, сѐ додека не ме натера да ја сознаам вистината од круната на главата до подножјето на стопалата, и додека сомнежот и стравот не беа целосно исчистени од мене. Тој не мораше да ми испрати ангел од небесата за да го направи ова, ниту пак мораше да зборува со трубата на некој архангел. Со шепотењето на тивкиот мал глас на Духот на живиот Бог, тој ми го даде сведоштвото што го поседувам. И преку овој принцип и моќ тој ќе им даде на сите деца човечки знаење за вистината што ќе остане со нив, и тоа ќе ги натера да ја знаат вистината, како што Бог ја знае, и да ја вршат волјата на Отецот како што Христос го прави тоа“.

  9. Мосија 16:9.

  10. Учења и Завети 84:46; види и Јован 1:9.

  11. Учења и Завети 88:12–13.

  12. David A. Bednar, The Spirit of Revelation (2021), 7.(?!)

  13. Учења и Завети 6:23.

  14. Учења и Завети 8:2; види и Хеламан 5:30.

  15. Види Мосија 5:2; Учења и Завети 11:12.

  16. Види 2 Нефи 4:21; Хеламан 5:44.

  17. Господ ја идентификува способноста да се верува во сведоштвото на другите како духовен дар (види Учењата и заветите 46:13–14).

  18. Современото откровение поучува дека зборовите од светото писмо „ви се дадени од мојот Дух,, … и да ја нема мојата моќ, ни би ги имале; затоа, можете да сведочите дека сте го слушнале мојот глас, и ги знаете моите зборови“ (Учења и Завети 18:35–36).

  19. Види Мосија 2:17; Морони 7:45–48.

  20. 1 Нефи 1:20. Старешина Герит В. Гонг зборуваше за „да гледаме со очи за да видиме и да се радуваме на Господовите бројни нежни милости во нашите животи” (“Ministering,” Liahona, May 2023, 18) и како „Господовата рака во нашите животи честопати е најјасна во ретроспектива” (“Always Remember Him,” Liahona, May 2016, 108). Дарбата на благодарно препознавање и признавање на Господовата рака во нашите животи, дури и ако не сме ја препознале или почувствувале во моментов, е моќна. Светите писма често зборуваат за духовната моќ на сеќавањето (види Хеламан 5:9–12; Учењата и Заветите 20:77, 79), што може да биде претходник на откровението (види Морони 10:3–4).

  21. Џозеф Смит поучуваше: „Едно лице може да има корист со тоа што ќе го забележи првото навестување на духот на откровение; на пример, кога чувствувате дека чиста интелегенција тече во вас, тоа може да доведе до ненадејни удари на идеи, така што кога ќе ги согледате, може да откриете дека ќе се исполнат истиот ден или наскоро; (н.пр.) работите што во мислите ви ги презентира Духот Божји, ќе се остварат; и на тој начин со учење и со разбирање на Духот Божји, вие можете да прераснете во принцип на откровение, сѐ додека не станете усовршени во Исус Христос” (Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith [2007], 132).

  22. Ефесјаните 1:10.

  23. Учења и завети 88:40: „Зашто интелегенцијата се прилепува на интелегенцијата; мудроста прима мудрост; вистината прегрнува вистина; доблеста ја сака доблеста; светлината се прилепува за светлина“.

  24. Алма 32:35. Алма нагласи дека овие искуства исполнети со светлина, иако често мали, се реални во секоја смисла на зборот. Нивната реалност станува дури и помоќна кога се комбинираат заедно за да формираат моќна целина.

  25. Учења и Завети 50:24.

  26. Алма 32:41.