Свети Писма
3 Нефи 13


Глава 13

Исус ги поучува Нефитите на Господовата Молитва—Тие треба да складираат богатства на небесата—На дванаесетте ученици во нивна служба им е заповедано да не размислуваат за привремени нешта—Спореди Матеј 6. Околу 34 н.е.

1 Вистина, вистина, Јас велам дека Јас би сакал да им покажете милост на сиромашните; но внимавајте да не ја покажувате својата милост пред луѓето, за да ве видат; инаку нема да имате награда од вашиот Отец, Кој е на небесата.

2 Затоа, кога ќе давате милостина не трубете пред себе, како што прават лицемерите во синагогите и на улиците, за да имаат слава од луѓето. Вистина ви велам, тие ја добиваат нивната награда.

3 Но ти кога даваш милостина, нека твојата лева рака не знае што прави твојата десна рака;

4 За твоите милостини да бидат тајни; и твојот Отец Кој гледа во тајност, Тој Самиот ќе те награди отворено.

5 И кога се молиш не се прави како лицемерите, зашто тие сакаат да се молат, стоејќи во синагогите и во аглите на улиците, за да бидат видени од луѓето. Вистина Јас ви велам, тие ја добиваат нивната награда.

6 Но ти, кога се молиш, влези во плакарот, и кога си ја затворил вратата, моли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди отворено.

7 Но кога се молиш, не користи суетни повторувања, како безбожниците, бидејќи тие мислат дека ќе бидат слушнати поради многу зборување.

8 Не бидете како нив, бидејќи вашиот Отец знае што ви треба пред да Го прашате Него.

9 Според овој начин молете се: Оче наш, Кој си на небесата, нека се свети името Твое.

10 Нека биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата.

11 И опрости ни ги долговите наши, како што и ние им простуваме на нашите должници.

12 И не воведувај нѐ во искушение, туку избави нѐ од зло.

13 Бидејќи Твое е царството, и моќта, и славата, засекогаш. Амин.

14 Зашто, ако им ги опростите на луѓето нивните престапи вашиот небесен Отец исто ќе ви прости на вас;

15 Но ако не им ги опростите на луѓето нивните престапи ниту вашиот Отец ќе ви ги прости вашите престапи.

16 Згора на тоа, кога постите, не бидете како лицемерите, со тажен изглед, бидејќи тие ги изобличуваат лицата за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина Јас ви велам, тие ја добиваат нивната награда.

17 Но ти, кога постиш, помази ја својата глава, и измиј го своето лице;

18 За да не им изгледаш на луѓето дека постиш, туку на твојот Отецот, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди отворено.

19 Не собирајте за себе богатства на земјата, каде молецот и рѓата ги расипуваат, и крадците се пробиваат и крадат;

20 Туку собирајте за себе богатства на небесата, каде ниту молецот ниту рѓата не ги расипуваат, и каде крадците не се пробиваат ниту крадат.

21 Зашто каде што е вашето богатство, таму е и вашето срце.

22 Светлината на телото е окото; ако, затоа, твоето око е посветено, и целото твое тело ќе биде исполнето со светлина.

23 Но ако твоето око е злобно, целото твое тело ќе биде полно со темнина. Ако, затоа, светлината што е во тебе стане темнина, колку е голема таа темнина!

24 Никој не може да им служи на два господара; бидејќи или ќе го мрази едниот а љуби другиот, или кон едниот ќе се приврзе а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бог и Мамон.

25 И сега се случи кога Исус ги проговори овие зборови, Тој ги погледна дванаесеттемината кои Тој ги одбра, и им кажа: Сетете се на зборовите кои Јас ги кажав. Зашто ете, вие сте тие кои ги одбрав да му служат на овој народ. Затоа Јас ви велам, не мислете на вашиот живот, што ќе јадете, или што ќе пиете; ниту за вашето тело, што ќе облечете. Зарем животот не е повеќе од храната, и телото од облеката?

26 Ете птици на небото, бидејќи тие не сеат, ниту жнеат ниту собираат во амбари; сепак вашиот небесен Отец ги храни. Зарем не сте многу подобри од нив?

27 Кој од вас со загриженост може да додаде еден лакт на својот раст?

28 И зошто се грижите за облеката? Погледнете ги полските лилјани како растат; тие не се мачат, ниту предат;

29 А сепак Јас ви велам, дека дури и Соломон, во сета негова слава, не беше облечен како еден од овие.

30 Заради што, ако Бог ја облекува тревата на полето, која денес постои, а утре е фрлена во печка, така Тој ќе ве облече и вас, ако не сте со малку вера.

31 Затоа, не загрижувајте се, велејќи, Што ќе јадеме? или, Што ќе пиеме? или, во што ќе се облечеме?

32 Зашто вашиот небесен Отец знае дека имате потреба од сите овие нешта.

33 Но прво побарајте го Божјото царство и Неговата праведност, и сите овие нешта ќе ви бидат додадени.

34 Затоа не загрижувајте се за утре, бидејќи утрешниот ден ќе се грижи сама за себе. На секој ден доволно му е неговото зло.