Свети Писма
3 Нефи 6


Глава 6

Нефитите напредуваат—Гордоста, богатството, и класните разлики се појавуваат—Црквата е раздвоена со раздори—Сатаната го води народот во отворен бунт—Многу пророци повикуваат покајание и се убиени—Нивните убијци заговараат да ја преземат владата. Околу 26–30 н.е.

1 И сега се случи Нефитскиот народ да се вратат сите во нивните сопствени земји во дваесет и шестата година, секој човек, со неговото семејство, неговите стада и крда, неговите коњи и стока, и сите нешта што им припаѓаа на нив.

2 И се случи да не ги јадат сите нивни залихи; затоа земаа со нив сѐ што не проголтаа, од сето нивно жито од секаков вид, и нивното злато, и нивното сребро, и сите нивни скапоцени нешта, и се вратија на нивните сопствени земји и поседи, и на север и на југ, и на земјата на север и на земјата на југ.

3 И тие им одобрија на оние крадци, кои влегоа во завет да го чуваат мирот во земјата, кои посакуваа да останат Ламанити, земји, според нивните броеви, за да можат да имаат, со нивните трудови, со што да се издржуваат; и така воспоставија мир во целата земја.

4 И тие повторно започнаа да напредуваат и да се зголемуваат; и дваесет и шестата и дваесет и седмата година поминаа, и постоеше голем ред во земјата; и ги создадоа нивните закони според еднаквоста и правдата.

5 И сега не постоеше ништо во целата земја да ги спречи луѓето да напредуваат постојано, освен ако не паднат во престап.

6 И сега тоа беше Гидгидони, и судијата Лаконеус, и оние кои беа назначени за водачи, кои го воспоставија овој голем мир во земјата.

7 И се случи да има многу градови кои одново беа изградени, и многу стари градови беа поправени.

8 И имаше многу изградени патишта, и многу улици направени, кои водеа од град до град, и од земја до земја, и од место до место.

9 И така помина дваесет и осмата година, и народот имаше постојан мир.

10 Но се случи во дваесет и деветтата година да започне да има оспорување помеѓу народот; и некои беа кренати во гордост и фалење поради нивните прекумерно големи богатства, да, и тоа до големи прогонувања;

11 Бидејќи во земјата постоеја многу трговци, и исто така многу адвокати, и многу службеници.

12 И народот започна да се разликува според класите според нивните богатства и нивните шанси за учење; да, некои беа неуки поради нивната сиромаштија, а други добија големо учење поради нивните богатства.

13 Некои беа кренати во гордост, а други беа прекумерно понизни; некои се возвратија карање со карање додека други добиваа карање и прогонување и секаков вид на неволји, и повеќе не се вртеа да се бунтуваат, туку беа понизни и покајнички пред Бог.

14 И така стана голема нееднаквост во целата земја, толку што црквата започна да се руши; да, толку што во триесеттата година црквата беше поделена во целата земја освен кај неколку Ламанити кои беа преобратени во вистинската вера; и тие не си заминуваа од неа, бидејќи беа цврсти, и постојани, и непоколебливи, спремни со сета трудољубивост да ги одржуваат Господовите заповеди.

15 Сега причината за ова беззаконие на народот беше ова—Сатаната имаше голема моќ, во наведување на народот да прават секаков вид на беззаконие, и да ги крева во гордост, искушувајќи ги да бараат моќ, и власт, и богатства, и суетните нешта на светот.

16 И така Сатаната ги водеше срцата на народот да прават секаков вид на беззаконие; затоа тие уживаа во мир само неколку години.

17 И така, на почетокот на триесеттата година—луѓето беа предадени долго време за да бидат одведени од искушенијата на ѓаволот каде и да сакаше да ги носи, и да прават било какво беззаконие кое тој го посакуваше—и така на почетокот на оваа, триесетта година, беа во состојба на ужасна пакост.

18 Сега тие не згрешија несвесно, бидејќи ја знаеја Божјата волја за нив, бидејќи им беше поучена; затоа тие намерно се побунија против Бог.

19 И сега тоа се случи во деновите на Лаконеус, синот на Лаконеус, бидејќи Лаконеус ја пополни столицата на татко му и го владееше народот таа година.

20 И започна да има луѓе инспирирани од небото и испратени, стоејќи помеѓу народот во целата земја, проповедајќи и сведочејќи смело за гревовите и беззаконието на народот, и сведочејќи им во врска со искупувањето кое Господ ќе го направи за Неговиот народ, односно со други зборови, воскреснувањето на Христос; и смело сведочеа за Неговата смрт и страдања.

21 Сега постоеја многу луѓе кои беа премногу лути поради оние кои сведочеа за овие нешта; а оние кои беа лути беа воглавно главни судии, и тие кои беа високи свештеници и адвокати; да, сите тие кои беа адвокати беа лути со оние кои сведочеа за овие нешта.

22 Сега немаше ниту адвокат ниту судија ниту висок свештеник кој имаше моќ да осуди било кој на смрт освен ако нивната пресуда не беше потпишана од управникот на земјата.

23 Сега постоеја многу од тие кои сведочеа за нештата што се однесуваа на Христос и кои сведочеа смело, кои беа одведени и усмртени тајно од судиите, за знаењето на нивната смрт да не стигна до управникот на земјата до после нивната смрт.

24 Сега ете, ова беше спротивно на законите на земјата, за некој човек да биде усмртен, освен ако немаа овластување од управникот на земјата—

25 Затоа во земјата Зарахемла стигна жалба, до управникот на земјата, против овие судии кои ги осудија пророците на Господ на смрт, не според законот.

26 Сега се случи да бидат земени и доведени пред судијата, да бидат судени за злосторството што го направиле, според законот кој беше утврден од народот.

27 Сега се случи тие судии да имаат многу пријатели и колена; и остатокот, да, и тоа речиси сите судии и високи свештеници, се собраа заедно, и се обединија со колената на оние судии кои требаше да бидат судени според законот.

28 И тие влегоа во завет еден со друг, да, и тоа во завет што им беше даден од минатото, кој завет беше даден и послужен од ѓаволот, да се здружи против сета праведност.

29 Затоа се здружија против Господовиот народ, и влегоа во завет да ги уништат, и да ги избават оние кои беа виновни за убиство од дофат на правдата, која за малку ќе беше послужена според законот.

30 И тие му пркосеа на законот и на правата на нивната земја; и се заветија еден со друг да го уништат управникот, и да воспостават цар врз земјата, за земјата повеќе да не биде слободна туку да се подлежи на цареви.