Свети Писма
3 Нефи 22


Глава 22

Во последните денови, Сион и неговите колови ќе бидат воспоставени, и Израел ќе биде собран во милост и нежност—Тие ќе триумфираат—Спореди Исаија 54. Околу 34 н.е.

1 И тогаш тоа што е напишано ќе се случи: Пеј, О неплодна, ти што не раѓаш; бликни во пеење, и повикај гласно, не си трпела породилни маки; бидејќи повеќе се децата на пустошот отколку децата на венчаната жена, кажа Господ.

2 Зголеми го местото на својот шатор, и нека ги испружат завесите на своето живеалиште; не штеди, издолжи ги своите јажиња и зацврсти ги своите колови;

3 Зашто ќе се распрснеш на десната рака и на лево, и твоето потомство ќе го наследат Неевреите и ќе ги направи пустите градови да бидат населени.

4 Не плаши се, зашто нема да бидеш засрамена; ниту биди понижена, зашто нема да бидеш исмеана, зашто ќе го заборавиш срамот на твојата младост, и нема да се сеќаваш на прекорот на твојата младост, и нема повеќе да се сеќаваш на прекорот на твоето вдовство.

5 Зашто твојот создавач, твојот сопруг, Господ на Војските е Неговото име; и твојот Искупител, Светиот на Израел—Тој ќе биде наречен Бог на целата земја.

6 Зашто Господ те повика како напуштена жена и тажна во духот, и млада жена, кога беше одбиена, кажа твојот Бог.

7 За мал момент Јас те напуштив, но со голема милост Јас ќе те соберам.

8 Со мал бес Јас го скрив Моето лице од тебе за момент, но со вечна љубезност Јас ќе ти се смилувам, кажа Господ твојот Искупител.

9 Зашто ова е како водите на Ное кај Мене, бидејќи Јас како што се заколнав дека водите на Ное повеќе нема да ја потопуваат земјата, така Јас се заколнав дека Јас повеќе нема да ти бидам гневен на тебе.

10 Зашто планините ќе се разделат и ридовите ќе се поместат, но Мојата љубезност нема да се тргне од тебе, ниту ќе се поништи заветот на Мојот мир, вели Господ Кој има милост за тебе.

11 О ти погодена, мачена од невреме, и неутешена! Ете, Јас ќе ги положам твоите камења со блескави бои, и ќе ги поставам твоите основи од сафири.

12 И Јас ќе ги направам твоите прозори од агати, и твоите порти од рубини, и сите твои граници од скапоцени камења.

13 И сите твои деца ќе бидат поучувани од Господ; и голем ќе биде мирот на твоите деца.

14 Ти ќе бидеш воспоставена во праведност; ќе бидеш далеку од угнетување бидејќи нема да се плашиш, и од ужас бидејќи нема да се приближи до тебе.

15 Ете, тие сигурно ќе се собираат против тебе, не од Мене; кој и да ги собере против тебе ќе падне за твое добро.

16 Ете, Јас го создадов ковачот кој ги распалува јаглените во огнот, и кој носи инструмент за неговото дело; и Јас го создадов пакосникот да уништува.

17 Ниедно оружје што е направено против тебе нема да влијае; и ќе го осудиш секој јазик што ќе се бунтува против тебе на пресуда. Тоа е наследството на Господовите слуги, и нивната праведност е од Мене, кажа Господ.