Свети Писма
3 Нефи 30


Глава 30

На Неевреите од последните денови им е заповедано да се покајат, да дојдат кај Христос, и да бидат вброени со Израеловиот дом. Околу 34–35 н.е.

1 Послушајте, О вие Неевреи, и слушнете ги зборовите на Исус Христос, Синот на Живиот Бог, што Тој ми заповеда да зборувам во врска со вас, зашто, ете Тој ми заповеда да напишам, велејќи:

2 Завртете се, сите вие Неевреи, од вашите пакосни начини; и покајте се за вашите злобни дела, за вашите лаги и измами, и за вашите блудства, и за вашите тајни одвратности, и вашите идолопоклонства, и за вашите убиства, и вашите поповштини, и вашите завидливости, и вашите препирања, и од сите ваши пакости и одвратности, и дојдете кај Мене, и бидете крстени во Мое име, за да добиете опростување за вашите гревови, и да бидете исполнети со Светиот Дух, за да бидете вброени во Мојот народ кој е од Израеловиот дом.