Свети Писма
3 Нефи 7


Глава 7

Главниот судија е убиен, владата е уништена, и народот е поделен на племиња—Јаков, анти-Христ, станува цар на таен сојуз—Нефи проповеда покајание и вера во Христос—Ангелите му служат дневно, и тој го крева брат му од мртвите—Многу се покајуваат и се крстени. Околу 30–33 н.е.

1 Сега ете, јас ќе ви покажам дека тие не поставија цар на земјата; туку во истата година, да, триесеттата година, тие го уништија врз судиската столица, да, го убија главниот судија на земјата.

2 И народот беше поделен едни против други; и се поделија едни против други во племиња, секој човек според неговото семејство и неговото колено и пријатели; и така ја уништија владата на земјата.

3 И секое племе назначи поглавар односно водач над нив; и така станаа племиња и водачи на племиња.

4 Сега ете, не постоеше ниту еден човек помеѓу нив кој немаше многу семејство и многу колена и пријатели; затоа нивните племиња станаа прекумерно големи.

5 Сега сето ова беше сторено, и сѐ уште немаше војни помеѓу нив; и сето ова беззаконие го стигна народот бидејќи тие се предадоа на моќта на Сатаната.

6 И прописите на владата беа уништени, поради тајниот сојуз на пријателите и колената на оние кои ги убија пророците.

7 И тие предизвикаа големо препирање во земјата, толку што поправедниот дел од народот речиси целиот стана пакосен; да, постоеја само неколку праведни луѓе околу нив.

8 И така не поминаа шест години од кога поголемиот дел на народот беше се тргнал од неговата праведност, како кучето на својата блујавица, или како свињата која се тркала во тиња.

9 Сега овој тајен сојуз, кој донесе толку големо беззаконие на народот, се собра заедно, и постави на чело човек кого го викаа Јаков;

10 И тие го нарекоа нивен цар; затоа тој стана цар врз пакосната дружина; и беше еден од најглавните кој го крена својот глас против пророците кои сведочеа за Исус.

11 И се случи да не бидат големи во бројот како племињата на народот, кои беа обединети заедно освен што нивните водачи ги поставуваа нивните закони, секој според неговото племе; сепак беа непријатели; без оглед што не беа праведни луѓе, сепак беа обединети во омразата на оние кои влегоа во завет да ја уништат владата.

12 Затоа, Јаков гледајќи дека нивните непријатели беа побројни отколку нив, тој беше цар на дружината, затоа му заповеда на својот народ дека треба да избегаат во најсеверниот дел на земјата, и таму да си изградат царство, додека не им се придружат одметниците, (бидејќи тој им ласкаше дека ќе има многу одметници) и не станат доволно силни да се препираат со племињата на народот; и така направија.

13 И толку брз беше нивниот марш што не можеше да се спречи додека не заминаа надвор од дофат на народот. И така заврши триесеттата година; и такви беа околностите на народот на Нефи.

14 И се случи во триесет и првата година да бидат поделени во племиња, секој човек според своето семејство колено и пријатели; сепак дојдоа до договор дека нема да одат во војна едни со други; но не беа обединети во нивните закони, и видот на нивната влада, бидејќи беа поставени според умот на оние кои беа нивни поглавари и нивни водачи. Но поставија многу строги закони дека едно племе не треба да му згреши на друго, толку што до некоја мера имаа мир во земјата; сепак, нивните срца беа тргнати од Господ нивниот Бог, и ги каменуваа пророците и ги отфрлија од помеѓу нив.

15 И се случи дека Нефи—бидејќи беше посетен од ангели и исто од Господовиот глас, затоа виде ангели, и беше жив сведок, и му беше дадена моќ за да може да знае во врска со службата на Христос, и исто така да биде сведок на нивното брзо враќање од правда во нивната пакост и одвратности;

16 Затоа, бидејќи беше тажен поради тврдината на нивните срца и заслепеноста на нивните умови—тргна помеѓу нив во таа иста година, и започна да сведочи, смело, покајание и опростување од гревовите преку вера во Господ Исус Христос.

17 И тој им служеше многу нешта; и сите тие не можат да бидат запишани, и дел од нив не би бил доволен затоа не се напишани во книгава. А Нефи служеше со моќ и со голема власт.

18 И се случи да му бидат лути на него, и тоа бидејќи тој имаше поголема моќ од нив, бидејќи не беше можно да не му веруваат на неговите зборови, бидејќи толку голема беше неговата вера во Господ Исус Христос што ангелите му служеа дневно.

19 И во името на Исус тој истеруваше ѓаволи и нечисти духови; и дури го крена неговиот брат од мртвите, откако беше каменуван и претрпе смрт од народот.

20 И народот го виде тоа, и сведочеше за тоа, и му беа лути поради неговата моќ; и исто така направи уште многу повеќе чуда, во очите на народот, во името на Исус.

21 И се случи триесет и првата година да помине, и имаше само малку кои беа преобратени кај Господ; но сите оние кои се преобратија навистина му потврдија на народот дека беа посетени од моќта и Духот Божји, кои беа во Исус Христос, во Кого веруваа.

22 И сите што имаа ѓаволи истерани од нив, и беа исцелувани од нивната болест и нивните слабости, навистина му покажаа на народот дека беа обземани од Божјиот Дух, и беа исцелувани; и исто така покажуваа знаци и направија некои чуда помеѓу народот.

23 Така помина триесет и втората година исто така. И Нефи му довикна на народот во почетокот на триесет и третата година; и тој му проповедаше покајание и опростување од гревови.

24 Сега исто така би сакал да се сетите, дека немаше ниту еден што беше доведен до покајание кој не беше крстен со вода.

25 Затоа, мажи одредени од Нефи за оваа служба, за сите такви кои ќе дојдат при нив да бидат крстени со вода, и ова како сведочење и сведоштво пред Бог, и пред народот, дека се покајале и примиле опростување за нивните гревови.

26 И постоеја многу на почетокот на оваа година кои беа крстени на покајание; и така помина поголемиот дел од годината.