Свети Писма
Учење и Завети 115


Поглавје 115

Откровение дадено преку Пророкот Џозеф Смит, на Далечниот Запад, Мисури, 26 Април, 1838, означувајќи ја волјата на Бог во врска со градењето на тоа место и домот на Господ. Ова откровение се обраќа на претседавачките службеници и членови на Црквата.

1–4, Господ ја именува Неговата црква Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни; 5–6, Сион и нејзините колови се места на одбрана и засолниште за Светците; 7–16, Светците се заповедани да изградат дом на Господ на Далечниот Запад; 17–19, Џозеф Смит ги држи клучевите на царството на Бог на земјата.

1 Вистина така ви вели Господ на вас, Мој слуга Џозеф Смит, Јун., и исто Мој слуга Сидни Ригдон, и исто Мој слуга Хајрим Смит, и вашите советници кои се и ќе бидат назначени понатаму;

2 И исто на вас, Мој слуга Едвард Партриџ, и неговите советници;

3 И исто на Моите верни слуги кои се дел на високиот совет на црквата во Сион, зашто така ќе биде наречена, и на сите старешини и луѓе на Мојата Црква на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, распрснати во странство наоколу светот;

4 Зашто така Мојата црква ќе биде наречена во последните денови, дури Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

5 Вистина Јас ви велам на сите вас: Станете и светете, за вашата светлина да биде едно знаме за нациите;

6 И за собирањето заедно врз земјата на Сион, и врз неговите колови, да може да е за одбрана, и за засолниште од бурата, и од бесот кога ќе биде излиено без мешавина врз целата земја.

7 Нека градот, Далечниот Запад, биде еден света и посветена земја при Мене; и ќе биде наречено најсвето, за земјиштето врз кое вие стоите е свето.

8 Затоа, Јас ви заповедам да изградите еден дом при Мене, за собирот на Моите светци, за тие да може да Ме обожаваат.

9 И нека постои почеток на ова дело, и основа, и подготвителна работа, ова следно лето;

10 И нека почетокот биде на четвртиот ден на Јули наредниот; и од тоа време наваму нека Мојот народ работи трудољубиво да изгради дом при Моето име.

11 И една година од овој ден нека повторно ја започнат положувањето на основата на Мојот дом.

12 Така нека работат оттогаш трудољубиво додека не биде завршено, од каменот темелник таму до врвот тамошен, додека нема ништо што останува што не е завршено.

13 Вистина Јас ви велам, не дозволете Мојот слуга Јосиф, ниту Мојот слуга Сидни, ниту Мојот слуга Хајрим, бидат во долг повеќе за градење на домот на Моето име;

14 Но нека еден дом биде изграден според моделот кој Јас ќе им го покажам.

15 И ако Мојот народ не го изгради според моделот која Јас му го покажав на нивното претседалество, Јас нема да го прифатам од нивните раце.

16 Но ако Мојот народ го изгради според моделот кој Јас му го покажав на нивното претседателство, дури и Мојот слуга Џозеф и неговите советнции, тогаш Јас ќе го прифатам од рацете на Мојот народ.

17 И повторно, вистина, Јас ви велам, тоа е Моја волја дека Далечниот Запад треба да биде изграден брзо преку собирот на Моите светци.

18 И исто дека други места треба да бидат назначени за колови во регионите наоколу, како да му се прикажани на Мојот слуга Џозеф Смит, од време на време.

19 Зашто ете, Јас ќе бидам со него, и ќе го осветам пред Мојот народ; зашто на него Јас сум му ги дал клучевите на ова царство и служење. Дури и така. Амин.