Свети Писма
Учење и Завети 72


Поглавје 72

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 4 Декември, 1831. Неколку старешини се беа собрале да научат за нивната должност и да бидат поучени во врска со учењата на Црквата. Овој дел е компилација на три откровенија примени на ист ден. Стихови 1 до 8 го обелоденат повикот на Невел К. Витни како еден епископ. Тој беше повикан и одреден, по што стиховите 9 до 23 беа добиени, давајќи дополнителни информации за должностите на епиксопот. Оттука, стиховите 24 до 26 беа дадени, давајќи упатства во врска со собирањето на Сион.

1–8, Старешините треба да дадат извештај за нивното управување при епископот; 9–15, Епископот го одржува скалдиштето и се грижи за сиромавите и загрозените; 16–26, Епископите треба да ја потврдат достојноста на старешините.

1 Послушајте, и слушнете го гласот на Господ, О вие кои сте се собрале саебеси, кои сте високи свештеници од Мојата црква, на кои царството и моќта беа дадени.

2 Зашто вистина кажа Господ, целисходно е во Мене за еден епископ да ви биде назначен на вас, или од вас, при црквата во овој дел на лозјето на Господ.

3 И вистина во ова нешто вие сте правеле мудро, зашто е потребно од Господ, во рацете на секој управник, да даде еден извештај за неговото управување, и во време и во вечност.

4 Зашто тој што е верен и мудар во време се смета за достоен да ги наследи мензите подготвени за него од Мојот Отец.

5 Вистина, Јас ви велам, старешините на црквата во овој дел од Моето лозје ќе дадат извештај за нивното управување при епископот, кој ќе биде назначен од Мене во овој дел на Моето лозје.

6 Овие нешта ќе бидат запишани во записот, да му бидат предадени на епископот во Сион.

7 И должноста на епиксопот ќе биде позната преку заповедите кои биле дадени, и гласот на конференцијата.

8 И еве, вистина Јас ти велам на тебе Невел К. Витни е човекот кој ќе биде назначен и одреден при оваа моќ. Ова е волја на Господ вашиот Бог, вашиот Искупител. Дури и така. Амин.

9 Словото на Господ, како додаток на законот кој беше даден, обелоденувајќи за должностите на епископот кој беше одреден при црквата во овој дел на лозјето, кој е навистина ова—

10 Да го одржува Господовото складиште; да добие фондови во овој дел на лозјето.

11 Да се земе извештај за старешините како претходно беше заповедано; и да послужува според нивните желби, кои ќе платат за тоа што го добиваат, доколку имаат да платат.

12 За ова исто така да биде посветено за доброто на црквата, за сиромавите и загризените.

13 И тој што нема со што да плати, еден извештај ќе биде земен и предаден на епископот во Сион, кој ќе го плати долгот од тоа што Господ ќе стави во неговите раце.

14 И работите на верните кои работат за духовни нешта, за послужување на евангелието и нештата на царството при црквата, и при светот, ќе одговара за долгот на епископот на Сион;

15 Така произлегува од црквата, зашто според законот секој човек кој доаѓа во Сион мора да ги положи сите нешта пред епсикопот на Сион.

16 И сега, вистина Јас ви велам, дека како што секој старешина во овој дел на лозјето мора да даде извештај за неговото управување при епископот во овој дел на лозјето—

17 Еден доказ од судијата или епископот во овој дел на лозјето, при епиксопот на Сион, предизвика секој човек да биде прифатлив, и ги одговара сите нешта, за наследство, и да биде прифатен како мудар управник и како верен работник;

18 Во спротивно тој нема да биде прифатен од епископ на Сион.

19 И сега, вистина, Јас ви велам, нека секој старешина кој ќе му даде извештај на епископот за црквата во овој дел на лозјето биде препорачан од црквата односно црквите, во кои работи, за тој да може да се направи себеси и свои извештаи прифатни во сите нешта.

20 И повторно, нека Моите слуги кои се назначени како управници врз литературни грижи на Мојата црква имаат право на помош врз епископот или епиксопите во сите нешта—

21 За откровенијата да може да бидат објавени, и да одат при краиштата на земјата; за и тие исто да стекнат фондови кои ќе бидат за корист на црквата во сите нешта;

22 За и тие исто да можат да се направат себеси прифатни во сите нешта, и да бидат сметани како мудри управници.

23 И сега, ете, ова ќе биде пример за сите распространети гранки на Мојата црква, во што и да е земја во која ќе бидат воспоставени. И сега Јас ставам крај на Моето говорење. Амин.

24 Неколку зборови покрај законите на царството, со почит за членовите на црквата—тие што се назначени од Светиот Дух да одат горе во Сион, и тие кои се привилегирани да одат горе во Сион—

25 Нека му однесат на епископот една потврда од тројца старешини на црквата, или потврда од епископот;

26 Во спротивно тој што ќе оди при земјата Сион нема да биде сметан како мудар управник. Ова е исто еден пример. Амин.