Свети Писма
Учење и Завети 138


Поглавје 138

Една визија дадена до Претседател Џозеф Ф. Смит во Солт Лејк Сити, Јута, на 3 Октомври, 1918. При неговото отворено обраќање на 89та Полугодишна Генерална Конференција на Црквата, на 4 Октомври, 1918, Претседател Смит објави дека тој беше примил неколку божествени објавувања за време на претходните месеци. Една од тие, во врска со посетата на Спасителот на духовите на мртвите додека Неговото тело беше во гробница, Претседател Смит беше го примил претходниот ден. Беше напишано веднаш после затворањето на конференцијата. На 31 Октомври, 1918, беше поднесено до советниците на Првото Претседателство, Советот на Дванаесетте, и Патријархот, и беше едногласно прифатено од нив.

1–10, Претседател Џозеф Ф. Смит размислува врз пишувањата на Петар и посетата на нашиот Господ во духовниот свет; 11–24, Претседател Смит ги гледаше праведните што се умрени како се собрани во рајот и служењето на Христос помеѓу нив; 25–37, Тој гледа како проповедање на евангелието беше организирано помеѓу духовите; 38–52, Тој го гледа Адам, Ева, и многу од светите пророци во духовниот свет кои ја земаат во предвид нивната духовна состојба пред нивното воскреснување како ропство; 53–60, Праведните мртви од овој ден продолжуваат со нивните трудови во светот на духовите.

1 На трети Октомври, во годината илјада деветстотини и осумнаесеттата, јас седнав во мојата соба размилсувајќи врз светите писма;

2 И одразувајќи се врз големата помирувачка жртва која беше направена од Синот на Бог, за искупување на светот;

3 И големата и прекрасна љубов која се прикажа помеѓу Отецот и Синот при доаѓањето на Искупителот во светот;

4 Дека преку неговото помирување, и послушност на принципите на евангелието, човештвото може да биде спасено.

5 Додека јас бев така вклучен, мојот ум се наврати на пишувањата на апостолот Петар, до примитивните светци распрскани наоколу низ Понтус, Галатија, Кападокија, и други делови на Азија, каде што евангелието беше проповедано после распнувањето на Господ.

6 Јас ја отворив Билбијата и ги прочитав третото и четвртото поглавје од првото послание од Петар, и додека читав јас бев многу импресиониран, повеќе отколку што некогаш сум бил порано, со следните пасуси:

7 „Зашто Христос исто еднаш беше страдал за гревовите, праведност за неправедност, за да може да нè доведе до Бог, бидејќи беше усмртен во телото, но оживеан од Духот:

8 „Преку што тој исто така тргна и проповедаше при духовите во затвор;

9 „Кои понекогаш беа непослушни, кога еднаш макотрпноста на Бог чекаше во деновите на Ное, додека арката се градеше, каде што малкумина, поточно, осум души беа спасени со вода.“ (1 Петар 3:18–20.)

10 „Зашто за оваа цел беше евангелието проповедано исто на тие кои се мртви, за да може да бидат судени според човекот во телото, но да живеат според Бог во духот.“ (1 Петар 4:6.)

11 Додека Јас размислував за овие нешта кои се напишани, очите на моето разбирање беа отворени, и Духот на Господ почиваше врз мене, и јас ги видов војските на мртвите, и мали и големи.

12 И тие беа собрани заедно на едно место како безбројна дружина на духови на праведни, кои биле верни во сведоштвото на Исус додека живееле во смртноста;

13 И тој што понуди жртва слична на големата жртва на Синот на Бог, и беше страдал од мачење во име на Неговиот Искупител.

14 Сите овие беа заминале во смртниот живот, цврсти во надеж на величествено воскреснување, преку благодатта на Бог Отецот и Неговиот Единороден Син, Исус Христос.

15 Јас здогледав дека тие беа исполнети со радост и милост, и беа се радувале заедно бидејќи денот на нивно избавување се ближеше.

16 Тие беа собрани чекајќи го преминувањето на Синот на Бог во духовниот свет, да објави нивно искупување од врските на смртта.

17 Нивната заспана прашина беше повратена при нејзината совршена рамка, коска до неговата коска, и жилите и месото врз нив, духот и телото да бидат обединети и никогаш повеќе да не бидат разделени, за да можат да добијат целина на радост.

18 Додека ова огромно мноштво чекаше и раговараше, радувајќи се на часот на нивно избавување од синџирите на смртта, Синот на Бог се појави, објавувајќи слобода за заробениците кое беа верни;

19 И таму тој им проповедаше на нив за вечното евангелие, учењето за воскреснување и искупување на човештвото од падот, и од индивидуални гревови при услови на покајание.

20 Но при пакосните тој не одеше, и помеѓу непобожните и непокајаните кои беа се извалкале самите себеси во телото, неговиот глас не беше повишен;

21 Ниту бунтовните кои ги одбиле сведоштвата и предупредувањата на древните пророци не го здогледале Неговото присуство, ниту погледнаа во Неговото лице.

22 Каде што овие беа, темината владееше, но помеѓу праведните постоеше мир;

23 И светците се радуваа во нивното искупување, и се поклони на колено и го призна Синот на Бог како нивен Искупител и Избавувач од смртта и синџирите на пеколот.

24 Нивните ликови сјаеја, и зрачењето од присуството на Господ почиваше врз нив, и тие пееја пофалби при Неговото свето име.

25 Јас се чудев, зашто разбрав дека Спасителот помина околу три години во Негова служба помеѓу Евреите и оние од домот на Израел, настојувајќи да ги поучат нив на вечното евангелие и да ги повикаат нив при покајание;

26 А сепак, без оглед на Неговите семоќни дела, и чуда, и прогласување на вистината, и големата моќ и власт, таму постоеја малку кои го послушуваа Неговиот глас, и ќе се радува во Негово присуство, и прима спасение при Негови раце.

27 Но Неговата служба помеѓу оние кои беа мртви беше ограничена за кратко време интервенираше помеѓу распнувањето и Неговото восреснување;

28 И јас се прашував при зборовите на Петар—така што тој кажа дека Синот на Бог проповедаше при духовите во затвор, кој некогаш беа непослушни, кога еднаш макотрпноста на Бог чекаше во деновите на Ное—и како беше возможно за него да проповеда за оние духови и да изведува неопходната работа помеѓу нив за толку кратко време.

29 И како што Јас се прашував, моите очи беа отворени, и моето разбирање се олесна, и јас согледав дека Господ не беше лично помеѓу пакосните и непослушните кои ја беа одбиле вистината, да ги поучува нив;

30 Но ете, од помеѓу праведните, тој организираше неговите сили и назначи гласници, облечени со моќ и власт, и ги овластив нив да одат напред и им ја носат светлината на евангелието на тие кои беа во темнина, дури на сите духови на луѓето; и така беше евангелието проповедано на мртвите.

31 И избраните гласници отидоа да објават прифатлив ден на Господ и прогласат слобода за заробениците кои беа врзани, дури и при сите кои би се покајале за нивните гревови и да го примат евангелието.

32 Така беше евангелието проповедано на оние кои беа умреле во нивните гревови, без знаење за вистината, или во престапот, одбивајќи го пророците.

33 Овие беа поучувани за вера во Бог, покајание од грев, делегирано крштавање за опростување од гревови, дарот на Светиот Дух преку ракоположување,

34 И сите други принципи на евангелието кои беа потребни за нив да знаат со цел да се квалификуваат себеси за да може да им биде судено според луѓето во тело, но да живеат според Бог во духот.

35 И така беше обелоденето помеѓу мртвите, и мали и големи, неправедните а исто и верните, дека искупување беше направено преку жртва на Синот на Бог врз крстот.

36 Така беше обелоденето дека нашиот Искупител го помина неговото време за време на Неговиот престој во светот на духовите, упатувајќи и подготвувајќи се за верните духови на пророците кои беа сведочеле за Него во телото.

37 За тие да може да ја пренесат пораката за искупување при сите мртви, при кои Тој не може да стигне лично, поради нивниот бунт и престап, дека тие преку служењето на Неговите слуги може исто да ги слушнат Неговите зборови.

38 Помеѓу големите и моќните кои беа собрани во ова огромно собрание на праведни беа Таткото Адам, Древниот од Деновите и татко на сите,

39 И нашата величествена Мајка Ева, со многу од нејзините верни ќерки кои беа живееле низ годините и го обожавале вистинскиот и жив Бог.

40 Абел, првиот маченик, беше таму, и неговиот брат Сет, еден од моќните, кој беше во изразена слика како неговиот татко, Адам.

41 Ное, кој даде предупредување за поплавата; Шем, големиот висок свештеник; Авраам, таткото на верните; Исак, Јаков, и Мојсеј, големиот законодавач од Израел;

42 И Исаија, кој објави преку пророштво дека Искупителот беше помазан да ги врзе тие со скршено срце, да објави слобода на заробениците, и отворањето на затворот за оние кои беа врзани, беа исто таму.

43 Згора на тоа, Езекиел, кој беше покажан во визијата на големата долина од суви коски, кои требаше да бидат покриени со месо, да се појават повторно во воскреснување на мртви, живи души;

44 Даниел, кој го предвиде и претскажа воспоставувањето на царството на Бог во подоцнежните дни, никогаш повеќе да биде уништено ниту дадено на други луѓе;

45 Елијас, кој беше со Мојсеј на Планината на Преображение;

46 И Малахија, пророкот кој сведочеше за доаѓањето на Илија—за кого исто Морони говореше на Пророкот Џозеф Смит, објавувајќи дека тој треба да дојде пред воведување на големиот и ужасен ден на Господ—беше исто таму.

47 Пророкот Илија требаше да им влее во срцата на децата ветувања дадени на нивните татковци,

48 Засенувајќи го големото дело кое треба да биде сторено во храмовите на Господ во уредување на целината на времињата, за искупување на мртвите, и запечатување на децата до нивните родители, за целата земја да не биде удрена со клетва и целосно уништена при Негово доаѓање.

49 Сето ова и многу повеќе, дури и пророците кои живееја помеѓу Нефитите и сведочеа за доаѓањето на Синот на Бог, се измешаа со огромното собрание и чекаа нивно избавување.

50 Зашто мртвите беа се угледале на долгото отсуство на нивните духови од нивните тела како едно ропство.

51 Овие Господ ги поучуваше и им даде на нив моќ да истапат напред, после неговото восреснување од мрвите, да влезат во царството на Отецот, таму да бидат крунисани со бесмртност и вечен живот,

52 И да продолжи оттаму со нивната работа како што беше ветено од Господ, и од тие кои земаат од благословите кои беа држени во резерва за нив кои го љубат него.

53 Пророкот Џозеф Смит, и мојот татко, Хајрим Смит, Бригам Јанг, Џон Тејлор, Вилфорд Вудруф, и други одбрани духови кои беа резервирани да се појават во целината на времињата да учествуваат во положување на основите за големото дело во подоцнежните дни,

54 Вклучувајќи го градењето на храмови и изведување на обреди таму за искупување на мртвите, беа исто во светот на духови.

55 Јас набљудував дека тие исто беа помеѓу благородните и големите и оние кои беа одбрани на почетокот да бидат владетели во Црквата на Бог.

56 Дури и пред тие да бидат родени, тие, со многу други, примиле први лекции во светот на духови и беа подготвени да се појават во одредено време на Господ да работат во Неговото лозје за спасение на човечките души.

57 Јас забележав дека верните старешини од ова уредување, кога ќе си заминат од смртниот живот, продолжуваат во нивните напори да го проповедаат евангелието на покајание и искупување, преку жртвата на Единородениот Син на Бог, помеѓу оние кои се во темнина и под ропството на грев на големиот свет на духови на мртвите.

58 Мртвите кои се покајуваат нека бидат искупени, преку послушноста на обредите на домот на Бог,

59 И откако ја платија казната за нивните престапи, и се измиени чисти, ќе примат награда според нивните дела, зашто тие се наследници на спасение.

60 Така беше визијата за искупување на мртвите откриена на мене, и јас сведочам, и јас знам дека овој запис е вистина, преку благословите на Спасителот, Исус Христос, дури и така. Амин.