Свети Писма
Учење и Завети 29


Поглавје 29

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во присуството на шест старешини кај Фајет, Њујорк, Септември 1830. Ова откровение беше дадено неколку дена пред конференцијата, почнувајќи во 26 Септември, 1830.

1–8, Христос ги собира Неговите одбрани; 9–11, Неговото доаѓање го воведува Милениумот; 12–13, Дванаесетте ќе го судат целиот Израел; 14–21, Знаци, чуми, и пустоши ќе претходат на Второто Доаѓање; 22–28, Последното воскреснување и последен суд го следат Милениумот; 29–35, Сите нешта се духовни за Господ; 36–39, Ѓаволот и неговите војски беа исфрлени од небесата да го искушуваат човекот; 40–45, Падот и Помирувањето носат спаснеие; 46–50, Малите деца се искупени преку Помирувањето.

1 Слушнете го гласот на Исус Христос, вашиот Иксупител, Големиот Јас Сум, чија рака на милост помирила за вашите гревови;

2 Кој ќе ги собере неговите луѓе и тоа како што кокошката ги собира нејзините пилиња под нејзините крила, и тоа сите оние кои ќе го слушнат Мојот глас и се понизат себеси пред Мене, и ме повикаат во моќна молитва.

3 Ете, вистина, вистина, Јас ви велам на вас, дека во ова време вашите гревови ви се простени вас, затоа вие ги примате овие нешта; но запомнете да не грешите повеќе, за опасности да не дојдат по вас.

4 Вистина, Јас ви велам дека сте одбрани од светот да го објавувате Моето евангелие со звукот на радување, како со гласот на една труба.

5 Кренете ги вашите срца и бидете среќни, зашто Јас сум во вашата средина, и сум ваш адвокат со Отецот; и неговата добра волја е да ви го даде царството.

6 И, како што е запишано—Било што и да барате со вера, да бидете обединети со молитва според Мојата заповеда, вие ќе добиете.

7 И вие сте повикани да го остварите собирот на Моите одбрани; зашто Моите одбрани го слушаат Мојот глас и не ги стврднуваат нивните срца;

8 Затоа декретот се прошири од Отецот дека тие ќе бидат собрани на едно место врз лицето на оваа земја, за да ги подготват нивните срца и да бидат подготвени во сите нешта против денот кога мачењето и пустошот се излеани врз пакосните.

9 Зашто се ближи часот и наскоро е денот кога земјата е зрела; и сите горди и тие што постапуваат пакосно ќе бидат како слама; и Јас ќе ги запалам нив, кажа Господ на Војските, за пакоста да не биде врз земјата;

10 Зашто часот се ближи, и тоа што беше говорено од Моите апостоли мора да биде исполнето; зашто како што зборуваа тие така ќе се оствари;

11 Зашто Јас ќе се појавам себе од небесата со моќ и голема слава, со сите војски тамошни, и ќе живеам во праведност со луѓе на земјата за илјада години, и пакосните нема да стојат.

12 И повторно, вистина, вистина, Јас ви велам, и излезе со цврст декрет, преку волјата на Отецот, дека Моите апостоли, Дванаесетмината кои беа со Мене во Моето служење во Ерусалим, ќе стојат на Мојата десна страна на денот на Моето доаѓање како еден столб на оган, облечени во облеки на праведност, со круни врз нивните глави, во слава дури и како што сум Јас, да му суди на целиот Израелов дом, и тоа толку колку што ме љубеле многу и ги одржувале Моите заповеди, и никој друго.

13 Зашто една труба ќе се слушне долго и гласно, и тоа како врз Планината Синај, и сета земја ќе се тресе, и тие ќе дојдат напред—да, дури и мртвите кои умреа во Мене, да добијат круна на праведност, и да бидат облечени, и тоа како што сум Јас, да бидат со Мене, за да бидеме едно.

14 Но ете, Јас ви велам на вас дека пред овој голем ден да дојде сонцето ќе биде затемнето, и месечината ќе биде претворана во крв, и ѕвездите ќе паѓаат од небесата, и ќе има поголеми знаци на небесата горе и на земјата долу;

15 И ќе има цимолење и жалење помеѓу мноштвата на луѓето;

16 И ќе има голема градобитна бура испратена да ги унушти посевите на земјата.

17 И ќе се случи, поради пакоста на светот, дека Јас ќе нанесам одмазда врз пакосните, зашто тие нема да се покајуват; зашто чашата на Мојот презир е полна; зашто ете, Мојата крв нема да ги исчисти ако не ме слушаат.

18 Затоа, Јас Господ Бог ќе испратам муви врз лицето на земјата, кои ќе ги заземат тамошните жители, и ќе го јадат нивното месо, и ќе направат црви да дојдат по нив;

19 И нивните јазици ќе бидат замрзнати и нема да изговараат против Мене; и нивното месо ќе падне од нивните коски, и нивните очи од нивните капаци;

20 И ќе се случи дека ѕверовите од шумата и птиците од воздухот ќе ги проголтаат.

21 И големата и одвратна црква, која е блудница на сета земја, ќе биде срушена од проголтувачки оган, според тоа што е кажано преку устата на Езекиел пророкот, кој зборуваше за овие нешта, кои не се случиле туку сигурно мора, како што живеам, зашто одвратности нема да владеат.

22 И повторно, вистина, вистина, Јас ви велам на вас дека кога илјада години ќе завршат, и луѓето повторно почнуваат да го негираат Бог, тогаш ќе ја поштедам земјата но за кратка сезона;

23 И крајот ќе дојде, и небото и земјата ќе бидат обеземени и ќе минат, и ќе има ново небо и нова земја.

24 Зашто старите нешта ќе поминат, и сите нешта ќе станат нови, и тоа небесата и земјата, и тамошната целина, и луѓе и ѕверови, птиците во воздухот, и рибите во морето;

25 И ниту едно влакно, ниту делче, нема да биде изгубено, тоа е занаетот на Мојата рака.

26 Но, ете, вистина, вистина, Јас ви велам, пред земјата да помине, Михаил, Мојот архангел, ќе се огласи со неговата труба, и тогаш сите мртви ќе се разбудат, зашто нивните гробови ќе бидат отворени, и тие ќе дојдат напред—да, и тоа сите.

27 И праведните ќе бидат собрани на Мојата десна страна при вечен живот; и пакосните на Мојата лева страна Јас ќе се срамам да ги имам пред Отецот;

28 Затоа Јас ќе им кажам на нив—Заминете од Мене, вие проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и неговите ангели.

29 И сега, ете, Јас ви велам, никогаш во ниту едно време не сум објавил од Мојата уста дека тие ќе се вратат, зашто каде што сум Јас тие не можат да дојдат, зашто немаат моќ.

30 Но запомнете дека сите Мои пресуда не се дадени при луѓето; и како што зборовите излегле од Мојата уста така ќе бидат исполнети, дека првите ќе бидат последни, и дека последните ќе бидат први во сите нешта што сум создал преку словото на Мојата моќ, која е моќта на Мојот Дух.

31 Зашто преку моќта на Мојот Дух ги создадов Јас нив; да, сите нешта и духовни и привремени—

32 Најпрвин духовно, после привремено, што е почетокот на Моето дело; и пак, најпрвин привремено, и потоа духовно, што е крајот на Моето дело—

33 Говорејќи ви на вас за да можете природно да разберете; но за себе Моите дела немат крај, ниту почеток; но ви е дадено да можете да разберете, зашто сте го побарале тоа од Мене и се согласивте.

34 Затоа, вистина, Јас ви велам на вас дека сите нешта на Мене се духовни, и во ниту едно време не сум ви дал закон кој е привремен; ниту на било кој човек, ниту децата на човекот; ниту Адам, вашиот татко, кого Јас го создадов.

35 Ете, Јас му дадов нему да може тој да биде слободен на самиот себеси; и му дадов заповеди, но ниту една привремена заповед не му дадов на него, зашто Моите заповеди се духовни; тие не се природни ниту привремени; ниту телесни ниту сензуални.

36 И се случи дека Адам, искушуван од ѓаволот—зашто, ете, ѓаволот беше пред Адам, зашто тој се побуни против Мене, велејќи, Дај ми ја твојата чест, која е Мојата моќ; и исто една третина дел од мноштвата на небесата тој ги заврте против Мене поради нивниот слободен избор;

37 И тие беа истерани, и така дојдоа ѓаволот и неговите ангели;

38 И, ете, има место подготвено за нив од почетокот, кое место е пекол.

39 И мора ѓаволот да ги искушува децата на човекот, или не можат да се слободни на самите себеси; зашто ако никогаш немале горчина не би можеле да го знаат слаткото—

40 Затоа, се случи ѓаволот да го искуши Адам, и тој зема од забранетото овошје и ги престапи заповедите така што тој стана подложен на волјата на ѓаволот, зашто се препушти на искушение.

41 Затоа, Јас, Господ Бог, предизвикав тој да биде исфрлен од Градината Еденска, од Мое присуство, поради неговите престапи, зашто тој стана духовно мртов, која е прва смрт, дури и таа иста смрт која е последна смрт, која е духовна, која ќе биде изговорена врз пакосните кога Јас ќе кажам: Заминете, вие проколнати.

42 Но, ете, Јас ви говорам дека Јас, Господ Бог, му дадов на Адам и на неговото потомство, дека тие нема да умрат со привремената смрт, додека Јас, Господ Бог, не испратам ангели да им објават на нив покајание и искупување, преку вера на името на Мојот Единороден Син.

43 И така Јас, Господ Бог, ги назначив на човекот деновите на неговата проба—дека со неговата природна смрт тој може да биде кренат во бесмртност при вечен живот, и тоа како што би верувале други;

44 И тие што не веруваат при вечно проклетсво; зашто тие не можат да бидат искупени од нивниот духовен пад, зашто не се покајуваат;

45 Зашто тие сакаат темнина наместо светлина, и нивните дела се злобни, и тие ги добиваат нивните плати од оној што ќе одберат да го послушаат.

46 Но ете, Јас ви велам, дека тие мали деца се искупени од основањето на светот преку Мојот Единороден;

47 Затоа, тие не можат да грешат, зашто моќта не е дадена на Сатаната да искушува мали деца, додека не станат одговорни пред Мене;

48 Зашто им е дадено како Јас одлучувам, според Моето задоволство, дека големи нешта ќе бидат потребни од рацете на нивните татковци.

49 И, повторно, Јас ви велам, дека кој и да има знаење, зарем не му заповедав да се покае?

50 И тој што нема разбирање, во Мене останува да правам според тоа што е напишано. И сега повеќе не објавувам во ова време. Амин.