Свети Писма
Учење и Завети 1


Учење и Завети

Поглавје 1

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, 1 Ноември, 1831, за време на специјална конференција на старешини на Црквата, одржана во Хајрим, Охајо. Многу откровенија биле примени од Господ пред ова време, и компилацијата на овие за испечатување во форма на книга беше една од главните теми обработени на конференцијата. Ова поглавје се состои од предговорот на Господ за учењата, заветите, и заповедите дадени во ова уредување.

1–7, Гласот на предупредување е за сите народи; 8–16, Отпадништво и пакост претходат на Второто Доаѓање; 17–23, Џозеф Смит е повикан да ги обнови на земјата Господвите вистини и моќи; 24–33, Книгата на Мормон е изведена и вистинската Црква е воспоставена; 34–36, Мир ќе биде одземен од земјата; 37–39, Проучувајте ги овие заповеди.

1 Послушајте, О вие народе на Мојата црква, кажува гласот на оној кој живее високо, и чии очи се врз сите народи; да, вистина ви велам: Послушајте вие народе од далеку; и вие кои сте врз островите ма морето, слушајте заедно.

2 Зашто навистина гласот на Господ е врз сите луѓе, и не постои никој кој ќе избега; и не постои око кое нема да гледа, ниту уво кое нема да слуша, ниту срце кое нема да биде пробено.

3 И бунтовните ќе бидат прободени со многу тага; зашто нивните беззаконија ќе бидат говорени врз врвовите на куќите, и нивните тајни дела ќе бидат откриени.

4 И гласот на предупредување ќе биде врз сите луѓе, преку устата на Моите ученици, кои Јас сум ги одбрал во овие последни денови.

5 И тие ќе одат напред и никој нема да ги попречи, зашто јас Господ им заповедав на нив.

6 Ете, ова е Моја власт, и власта на Моите слуги, и Мојот предговор при книгата на Моите заповеди, кои Јас им ги дадов да ги испечатат при вас, О жители на земјата.

7 Затоа, плашете се и треперете, О вие народе, зашто тоа што Јас Господ го прогласив во нив ќе биде исполнето.

8 И вистина Јас ви велам на вас, дека тие кои истапат, носејќи ги овие вести на жителите на земјата, на нив им е дадена моќ за запечатување и на земјата и на небесата, на тие што не веруваат и бунтовните;

9 Да, вистина, да ги запечатат во денот кога бесот на Бог ќе биде излеан врз пакосните без мерка—

10 На денот кога Господ ќе дојде да им наплати на сите луѓе според негвото дело, и измери засекој човек според мерката која ја измерил за неговиот сограѓанин човек.

11 Затоа гласот на Господ е на краиштата на земјата, за сите кои ќе слушнат да можат да слушнат:

12 Подгответе се, подгответе се за тоа што следува, зашто Господ е близу;

13 И лутината на Господ е разпалена, и неговиот меч е измиен на небесата, и ќе падне врз жителите на земјата.

14 И раката на Господ ќе биде откриена; и денот доаѓа кога тие кои одбијат да го слушнат гласот на Господ, ниту гласот на Неговите слуги, ниту да обрнат внимание на зборовите на пророците и апостолите, ќе бидат отсечени од помеѓу луѓето;

15 Зашто тие застранија од Моите обреди, и го прекршиле Мојот вечен завет;

16 Тие не бараат Господ да ја воспостави Неговата праведност, туку секој човек да чекори на негов сопствен начин, и по слика на неговиот сопствен бог, чиј лик е како сличноста на светот, и чиј суштина е како на идол, кој станува стара и ќе загине во Вавилон, дури и Вавилон големиот, кој ќе падне.

17 Затоа, Јас Господ, знаејќи ја катастрофата која ќе дојде врз жителите на земјата, го повикав Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., и му зборев на него од небесата, и му дадов заповеди;

18 И исто така дадов заповеди на други, за да ги објават овие нешта на светот; и сето ова за да се исполни, кое беше напишано од прорците—

19 Слабите нешта на светот ќе се појават и ќе ги скршат моќните и силните, за човек да не се советува со неговиот сограѓанин, ниту доверува во раката на телото—

20 Туку за секој човек да може да говори во името на Бог Господ, дури и Спасителот на светот;

21 За верата исто така да може да се зголеми на земјата;

22 За Мојот вечен завет да може да биде воспоставен;

23 За целината на Моето евангелие да може да биде прогласено преку слабите и едноставните на краиштата на светот, и пред цареви и владетели.

24 Ете, Јас сум Бог и сум го кажал тоа; овие заповеди се од Мене, и им беа дадени на Моите слуги во нивната слабост, според форма на нивниот јазик, за да може тие да дојдат до разбирање.

25 И онолку колку што грешеле може да се открие.

26 И онолку колку што бараа мудрост можат да бидат упатени;

27 И онолку колку што грешеле може да бидат прекорени, за тие да можат да се покајат;

28 И онолку колку што беа понизни можат да бидат зацврстени, и благословени од високо, и да примат знаење од време на време.

29 И откако го примиле записот на Нефитите, да, дури и Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., ќе има моќ да ја преведе преку милоста на Бог, преку моќта на Бог, Книгата на Мормон.

30 И исто така оние на кои овие заповеди им беа дадени, ќе имаат моќ да ја постават основата на оваа црква, и да ја изнесат од замагленост и од темнина, единствената вистинска и жива црква врз лицето на целата земја, со која Јас, Господ, сум многу задоволен, зборувајќи ѝ на црквата колективно а не поединечно—

31 Зашто Јас Господ не можам да гледам врз грев со најмал степен на дозвола;

32 Сепак, оној кој се покајува и ги одржува заповедите на Господ ќе му биде простено;

33 И оној кој не се покајува, од него ќе биде одземено дури и светлината која тој ја примил; зашто Мојот Дух нема секогаш да се стреми со човек, кажа Господ на Војските.

34 И повторно, вистина Јас ви велам на вас, О жители на земјата: Јас Господ сум спремен да ги направам овие нешта познати при сето човештво;

35 Зашто Јас не сум пристрасен кон личности, и сакам сите луѓе да знаат дека денот брзо доаѓа; уште не е часот, но се ближи наскоро, кога мирот ќе биде одземен од земјата, и ѓаволот ќе има моќ врз неговата сопствена област.

36 И исто така Господ ќе има моќ врз Неговите светци, и ќе владее во нивното место, и ќе се симне во суд врз Идумеа, односно светот.

37 Пребарајте ги овие заповеди, зашто тие се вистинити и верни, и пророштвата и ветувањата кои се во нив сите ќе бидат исполнети.

38 Тоа што Јас Господ го говорев, Јас го говорев, и Јас не се извинувам; и иако небесата и земјата минуваат, Моето слово нема да помине, туку сѐ ќе биде исполнето, било според Мојот сопствен глас или преку гласот на Моите слуги, тоа е истото.

39 Зашто ете, и гледајте, Господ е Бог, и Духот сведочи, и сведоштвото е вистинско, и вистината стои секогаш и засекогаш. Амин.