Свети Писма
Учење и Завети 134


Поглавје 134

Една објава за верување во врска со владите и законите воопшто, присвоена преку едногласна одлука на генерално собрание на Црквата одржано во Киртланд, Охајо, 17 Август, 1835. Многу Светци се собрале заедно да ги земат во предвид предложените содржини на првото издание на Учење и Завети. Во тоа време, оваа објава беше дадена на следниов вовед: „За нашето верување во поглед на земните влади и закони воопшто може да не е погрешно протолкувано ниту неразбрано, ние сме размислувале соодветно за сегашноста, при затворање на овој том, нашето мислење во врска со истото.“

1–4, Владите треба да ги сочуваат слободата на совест и обожавање; 5–8, Сите луѓе треба да ги одржуваат нивните влади и да ги го почитуваат и му се покоруваат на законот; 9–10, Религиозните здруженија не треба да практикуваат граѓански моќи; 11–12, Луѓето се оправдани при бранење на самите себеси и нивниот имот.

1 Ние веруваме дека владите беа воспоставени од Бог за корист на човекот; и дека тој ги смета луѓето за одговорни за нивните дела во врска со нив, и при донесување на закони и нивно спроведување, за доброто и безбедноста на општеството.

2 Ние веуваме дека ниту една влада не може да постои во мир, освен ако таквите закони се урамени и се сметаат за непрекршливи кои ќе му обезбедат на секој индивидуалец слободно практикување на совест, правото и контрола на имот, и заштита на живот.

3 Ние веруваме дека сите влади неопходно бараат граѓански службеници и судии да го спроведат законот на истите; и тие кои ќе го спроведат законот со еднаквост и правда треба да бидат барани и задржани преку гласот на народот ако е република, или волја на суверен владетел.

4 Ние веруваме дека религијата е воспоставена од Бог; и дека луѓето му се подложни на Него, и само на Него, за такво практикување, освен ако нивните религиозни мислења ги поттикнат нив да ги прекршат правата и слободите на другите; но ние не веруваме дека човечкиот закон има право да се меша во одржување на правила на обожавање да ја врзе совеста на луѓето, ниту да диктира форми на јавно или приватно посветување; дека граѓанскиот судија треба да го спречи криминалот, но никогаш не може да ја контролира совеста; треба да ги казни виновните, но никогаш да не ја потисне слободата на душата.

5 Ние веруваме дека сите луѓе се врзани да ги поддржат и одржат сооодветните влади во кои тие живеат, додека се заштитени во нивните наследни и неотуѓени права преку законот на такви влади; и дека побуна и бунт се непримени за секој граѓанин кој е така заштитен, и треба да се казни соодветно; и дека сите влади имаат право да спроведат такви закони според нивните пресуди кои најдобро се проценети да обезбедат јавен интерес; истовремено, како и да е, одржувајќи ја слободата на совеста света.

6 Ние веруваме дека секој човек треба да биде почестен во неговата позиција, владетели и судии како такви, кои се поставени за заштита на невините и казна на виновните; и тоа на законите за кои сите луѓе треба да покажат почит и покорност, бидејќи без нив мир и хармонија би биле заменети со анархија и терор; човечките закони кои се воспоставени за изразување на целта за регулирање на сопствени интереси како индивидуалци и нации, помеѓу човек и човек; и божествени закони дадени од небесата, кои препишуваат правила на духовна грижа, за вера и обожавање, и двете бараат одговорност од човек до Неговиот Создавач.

7 Ние веруваме дека владетели, држави, и влади имаат право, и се врзани да спроведат закони за заштита на сите граѓани при слободното изразување на нивното религиозно верување; но ние не веруваме дека имаат право со правда да ги лишат граѓаните од оваа привилегија, или да им ги забранат нивните мислења, се додека обѕир и почит се покажуваат кон законите и таквите религиозни мислења не оправдуваат побуна ниту заговор.

8 Ние веруваме дека извршувањето на криминал треба да биде казнето според природата на прекршокот; дека убиство, предавство, грабеж, кражба, и кршење на јавниот мир, во сите погледи, треба да биде казнето според нивната криминалност и нивната склоност за зло помеѓу луѓето, преку законите на владата во кои прекршокот е извршен; и за јавниот мир и смиреност сите луѓе треба да истапат напред и да ја користат нивната способност да ги казнат прекршувачите на добрите закони.

9 Ние не веруваме дека е праведно да се меша религиозното влијание со граѓанската влада, каде што едно религиозно општество е негувано а друго е забрането во неговите духовни привилегии, и индивидуални права на неговите членови, како граѓани, кои им се забранети.

10 Ние веруваме дека сите религиозни општества имаат право да се справат со нивните членови за несогласно однесување, според правилата и регулациите на такви општества; во случај кога таквите постапки се за здружување и добра позиција; но ние не веруваме дека било какво религиозно општество има власт да ги тестира луѓето на право на имот, или живот, да ги одземе од нив добрата на овој свет, или да ги загрози нивните животи или тело, или да нанесе било каква физичка казна врз нив. Тие можат само да ги отстранат од нивното општество и да ги повлечат од нивното здружение.

11 Ние веруваме дека луѓето треба да апелираат до граѓанскиот закон за компензација за сите грешки и жалби, каде што лична злоупотреба е нанесена или правото на имот, или карактер е загрозено, додека постојат такви закони ќе го штитат истото; но ние веруваме дека сите луѓе се оправдани при одбрана на самите себеси, нивните пријатели, и имот, и владата, од незаконските напади и упаѓања на сите лица во времиња на потреба, каде што непосредено апелирање не може да се спроведе со законите, и дозволената помош.

12 Ние веруваме дека е праведно да го проповедаме евангелието на нациите на земјата, и да ги предупредиме праведните да се спасат себеси од распадливоста на светот; но не веруваме дека е правилно да се мешаме со робови, ниту да им го проповедаме евангелието, ниту да ги крштаваме спротивно на волјата на нивните господари, ниту да им се мешаме или влијаеме на нив најмалку за да предизвикаме да бидат незадоволни со нивните ситуации во животот, притоа загрозувајќи ги животите на луѓето; таквата вмешаноста веруваме дека е незаконска и неправедна, и опасна по мирот на секоја влада дозволувајќи човечките битија да бидат држени во ропство.