Свети Писма
Учење и Завети 130


Поглавје 130

Предмети на упатство дадени од Џозеф Смит Пророкот, во Рамус, Илиноис, 2 Април, 1843.

1–3, Отецот и Синот може да се појават лично на луѓе; 4–7, Ангели престојуваат во селестијалната свера; 8–9, Селестијанлата земја ќе биде голем Урим и Тумим; 10–11, Еден бел камен им е даден на сите што влегуваат во селестијалниот свет; 12–17, Времето на Второто Доаѓање не е откриено за Пророкот; 18–19, Знаењето стекнато во овој свет се воздигнува со нас во Воскреснувањето; 20–21, Сите благослови дојдат со послушност на законот; 22–23, Отецот и Синот имаат тела од месо и коски.

1 Кога Спасителот ќе се појави ние ќе го гледаме како што Тој е. Ние ќе гледаме дека Тој е еден човек како себеси.

2 И таа иста социјалност која постои меѓу нас овде ќе постои меѓу нас таму, само ќе биде опсипана со вечна слава, која слава ние не ја уживаме сега.

3 Јован 14:23—Појавувањето на Отецот и Синот, во тој стих, е лично појавување; и идејата дека Отецот и Синот живеат во срцето на човекот е стар секташко принцип, и е лажен.

4 Како одговор на прашањето—Зарем не е пресметката на Божјото време, ангелско време, пророчкото време, и човечко време, според планетата на која тие живеат?

5 Ви одговарам, Да. Но не постојат ангели кои послужуваат на оваа земја туку оние кои припаѓаат или припаѓале на неа.

6 Ангелите не живеат на планетата како оваа земја;

7 Туку тие престојуваат во присуство на Бог, на топка како едно море на стекло и оган, каде што сите нешта се за нивна слава и се прикажани, минато, сегашност, и иднина, и се постојано пред Господ.

8 Местото каде што Бог останува е големо Урим и Тумим.

9 Оваа земја, во осветена и бесмртна состојба, ќе биде како кристал и ќе биде како еден Урим и Тумим за жителите кои таму живеат, за сите нешта кои се однесуваат на послабите царства, или сите царства од понизок ред, ќе бидат прикажани на оние кои живеат на тоа; и оваа земја ќе биде Христова.

10 Тогаш белиот камен споменат во Откровение 2:17, ќе стане Урим и Тумим за секој индивидуалец кој ќе го прима, затоа нешта кои се однесуваат на повисок ред на царства ќе бидат обелоденети.

11 И бел камен е даден на сите тие кои доаѓаат во селестијалното царство, каде што едно ново име е напишано, кое ниту еден човек не го знае освен ако не го прими. Новото име е клучен збор.

12 Јас пророкувам, во името на Господ Бог, дека почетокот на тешкотиите кои ќе предизвикаат многу крвопролевање пред доаѓањето на Синот на Човекот ќе биде во Јужна Каролина.

13 Можеби ќе крене преку прашањето за робот. Овој глас ми беше објавен на мене, додека јас се молев искрено на темата, 25ти Декември, 1832.

14 Јас еднаш се молев многу искрено да го дознаам името на претстојниот Син на Човекот, кога го слушнав гласот кој се повторува следното:

15 Џозеф, Мојот син, ако живееш додека имаш осумдесет и пет години, ти ќе го видиш лицето на Синот на Човекот; затоа нека се задоволи, и нека не ме вознемирува повеќе на оваа тема.

16 Јас така бев оставен, без да можам да одлучам дали ова доаѓање посочува на почетокот на милениумот или некој претходен настан, или дали би требало да умрам и така да го видам Неговото лице.

17 Јас верувам дека доаѓањето на Синот на Човекот нема да биде поскоро од тогаш.

18 За било кој принцип на знаење ние потврдуваме при овој живот, ќе се крене на нас во воскреснување.

19 И ако една личност стекне повеќе знаење и интелигенција во овој живот преку неговата трудољубивост и послушност отколку други, тој ќе има толку многу предност во светот што следи.

20 Постои еден закон, неповратно одреден на небесата пред основата на светот, врз која сите благослови се предвидени—

21 И кога ќе стекнеме било каков благослов од Бог, тоа е преку послушност на законот врз кој е предвиден.

22 Отецот има едно тело од месо и коски опипливо како на човекот; Синот исто; но Светиот Дух нема тело од месо и коски, туку лик на Духот. Да не беше така, Светиот Дух не би можел да живее во нас.

23 Еден човек може да го прими Светиот Дух, и може да се спушти врз него а да не живее со него.