Свети Писма
Мосија 14


Глава 14

Исаија зборува месијански—Понижувањето и страдањата на Месијата се истакнати—Тој ја дава Неговата душа како принос за грев и посредува за престапниците—Спореди Исаија 53. Околу 148 п.н.е.

1 Да, зарем Исаија не вели: Кој верува во нашето проповедање, и на кого му е откриена Господовата рака?

2 Зашто Тој ќе порасне пред Него како нежно растение, и како корен од сува почва; Тој нема форма ниту привлечност; и кога ќе го видиме Него нема убавина поради која ние би го сакале Него.

3 Тој е презиран и одбиен од луѓето; човек со тага, и запознаен со жалењето; и ги криевме како да се нашите лица од Него; Тој беше презиран, и не го ценевме Него.

4 Сигурно Тој ги поднесе нашите жалења, и ги носеше нашите таги; сепак сметавме Тој да биде погоден, удрен од Бог, и истрадан.

5 Но Тој беше ранет поради нашите престапи, Тој беше помодрен поради нашите беззаконија; казната за нашиот мир беше врз Него; и со Неговите рани ние сме исцелени.

6 Сите ние, како овци, застранивме; завртивме по неговиот сопствен пат; и Господ му ги положи на Него беззаконијата на сите нас.

7 Тој беше угнетуван, и Тој беше мачен, сепак Тој не ја отвори својата уста; Тој беше доведен како јагне на колеж, и како овцата пред нејзините бербери што е нема, така Тој не ја отвори Неговата уста.

8 Тој беше одведен од затвор и од судење; и кој ќе го објави Неговото поколение? Бидејќи Тој беше отсечен од земјата на живите; поради престапите на мојот народ Тој беше удрен.

9 И Тој беше во Негов погреб со пакосните, и со богатите при Неговата смрт; бидејќи Тој не беше направил зло, ниту имаше некаква измама во Неговата уста.

10 Сепак го задоволуваше Господ да го помодрува Него; Тој го остави Него да жали; кога Ти ќе ја дадеш Неговата душа како понуда за грев Тој ќе го види Неговото потомство, Тој ќе ги продолжи Неговите денови, и задоволството на Господ ќе напредува во Неговата рака.

11 Тој ќе го види патењето на Неговата душа, и ќе биде задоволен; преку Неговото знаење Мојот праведен слуга ќе оправда многу; бидејќи Тој ќе ги поднесе нивните беззаконија.

12 Затоа ќе му поделам Него дел со големите, и Тој ќе го подели пленот со силните; бидејќи Тој ја излеа Неговата душа во смрт; и Тој беше вброен помеѓу престапниците; и Тој ги поднесе гревовите на многу, и направи посредништво за престапниците.