Свети Писма
Мосија 29


Глава 29

Мосија предлага судии да бидат одбрани наместо цар—Неправедните цареви го водат својот народ во грев—Алма помладиот е одбран за главен судија преку гласот на народот—Тој е исто така високиот свештеник над Црквата—Алма постариот и Мосија умираат. Околу 92–91 п.н.е.

1 Сега кога Мосија беше го направил ова, тој испрати низ целата земја, помеѓу целиот народ, посакувајќи да ја знае нивната волја во поглед на тоа кој треба да биде нивен цар.

2 И се случи гласот на народот да стигне, велејќи: Ние посакуваме Арон твојот син да биде наш цар и наш владетел.

3 Сега Арон беше заминал во земјата Нефи, затоа царот не можеше да му го додели царството на него; ниту Арон ќе го земеше царството; ниту било кои од синовите на Мосија не беа спремни да го преземат царството.

4 Затоа царот Мосија повторно испрати помеѓу народот; да, дури и пишан збор испрати помеѓу народот. И ова беа зборовите кои беа запишани, велејќи:

5 Ете, О вие народе мој, односно мои браќа, бидејќи ве ценам како такви, би сакал да ја земете во предвид причината поради која сте повикани да ја разгледате—бидејќи посакувате да имате цар.

6 Сега би објавувам дека оној кому царството праведно му припаѓа се откажа, и нема да го преземе царството.

7 И сега ако треба да постои некој друг назначен на негово место, ете се плашам дека ќе избувнат препирања помеѓу вас. И кој знае можеби мојот син, на кому му припаѓа царството, би можел да се налути и да повлече со него дел од овој народ со него, што би предизвикало војни и препирања помеѓу вас, што би било причина за пролевање на многу крв и за искривување на Господовиот пат, да, и ќе ги уништи душите на многу луѓе.

8 Сега ви велам да бидеме мудри и да ги земеме во предвид овие нешта, бидејќи немаме право да го уништиме мојот син, ниту имаме право да уништиме друг ако треба да биде назначен на негово место.

9 А ако мојот син повторно се заврти кон неговата гордост и суетните нешта, тој би се откажал од нештата кои ги кажа, и ќе го бара правото на неговото царство, што би предизвикало тој и исто овој народ да извршат многу грев.

10 И сега да бидеме мудри и да ги очекуваме овие нешта, и да го направиме тоа што ќе донесе мир на овој народ.

11 Затоа јас ќе ви бидам цар до остатокот од моите денови; сепак, да назначиме судии, да му судат на овој народ според нашиот закон; и одново ќе ги уредиме работите на овој народ, бидејќи ќе назначиме мудри луѓе да бидат судии, што би му суделе на овој народ според Божјите заповеди.

12 Сега подобро е човек да е суден од Господ отколку од човек, бидејќи пресудите на Бог се секогаш праведни, но човечките пресуди не се секогаш праведни.

13 Затоа, ако беше можно да имате праведни луѓе да ви бидат цареви, кои би ги воспоставиле законите на Бог, и кои би го суделе овој народ според Неговите заповеди, да, ако би можеле да имате луѓе за ваши цареви кои би правеле дури како што мојот татко Венијамин правел за овој народ—Јас ви велам, ако ова секогаш би можело да биде случајот тогаш би било целисходно секогаш да имате цареви да владеат над вас.

14 И дури јас се трудев со сета моќ и способности кои ги поседував, да ве поучам на Божјите заповеди, и да воспоставам мир низ земјата, за да нема војни ниту препирања, ниту крадење, ниту ограбување, ниту убивање, ниту било каков вид на беззаконие;

15 И кој и да извршил беззаконие, него го казнив според злосторството кое го сторил, според законот кој ни е даден од нашите татковци.

16 Сега ви велам, бидејќи не се сите луѓе праведни не е целисходно да имате цар или цареви да владеат над вас.

17 Зашто ете, колку беззаконие предизвикано од еден пакосен цар, да, и колку големо уништување!

18 Да, сетете се на царот Ное, неговата пакост и неговите одвратности, и исто така пакоста и одвратностите на неговиот народ. Ете колку големо уништување ги стигна; и исто така поради нивните беззаконија беа доведени во ропство.

19 И да не беше за посредништвото на нивниот премудар Создавач, и тоа поради нивното искрено покајание, тие неизбежно ќе останеа во ропство до сега.

20 Но ете, Тој ги избави бидејќи тие се понизија пред Него; и бидејќи силно му довикуваа на Него а Тој ги избави од ропство; и така Господ делува со Неговата моќ во сите случаи помеѓу човечките деца, испружувајќи ја раката на милоста кон оние кои ја потпираат нивната вера во Него.

21 И ете, сега ви велам, не можете да отстраните неправеден цар освен преку многу препирање, и пролевањето на многу крв.

22 Зашто ете, тој ги има неговите пријатели во беззаконие, и ги држи неговите стражари околу него; и ги крши законите на оние кои владееле во праведност пред него; и ги гази под неговите нозе Божјите заповеди;

23 И тој донесува закони, и ги испраќа помеѓу неговиот народ, да, закони според начинот на неговата сопствена пакост; и тие што не ги почитуваат неговите закони, тој наредува да бидат уништени; и кои и да се побунат против него, тој ќе ги испрати неговите војски против нив во војна, и ако може, ќе ги уништи; и така неправеден цар ги искриви патиштата на сета праведност.

24 И сега ете ви велам, не е целисходно такви одвратности да ве стигнат.

25 Затоа, одберете според гласот на народот, судии, за да може да ви биде судено според законите кои ви беа дадени од нашите татковци, кои се правилни и кои им беа дадени од раката на Господ.

26 Сега не е вообичаено гласот на народот да посакува нешто спротивно од тоа што е правилно; но вообичаено е за помалиот дел од народот да посакува нешто што не е праведно; затоа почитувајте го ова и направете го ваш закон—да ја вршите работата според гласот на народот.

27 И ако дојде време гласот на народот да одбере беззаконие, тогаш е време пресудите на Бог да ве стигнат; да, тогаш е време Тој да ве посети со многу уништување дури како што Тој претходно ја посети оваа земја.

28 И сега ако имате судии, и тие не ве судат според законот кој беше даден, можете да наредите да бидат судени од повисок судија.

29 Ако вашите повисоки судии не донесуваат праведни пресуди, ќе наредите дел од вашите помали судии да се соберат заедно, и тие ќе ги судат вашите повисоки судии, според гласот на народот.

30 И ви заповедам да ги направите овие нешта со Господов страв; и ви заповедам да ги сторите овие нешта, и да немате цар; дека ако овој народ извршува гревови и беззаконија одговорноста ќе падне на нивните сопствени глави.

31 Зашто ете ви велам, гревовите на многу луѓе беа предизвикани од беззаконијата на нивните цареви; затоа нивните беззаконија паѓаат врз главите на нивните цареви.

32 И сега посакувам повеќе да не постои оваа нееднаквост во оваа земја, особено помеѓу овој мој народ, туку посакувам оваа земја да биде земја на слободата, и секој човек да може да ужива во неговите права и привилегии, толку долго колку што Господ смета дека е соодветно да можеме да живееме и да ја наследиме земјата, да, и тоа дури и сѐ додека некој од нашето потомство останува на лицето на земјата.

33 И уште многу нешта царот Мосија им напиша, откривајќи им ги сите испити и неволји на еден праведен цар, да, сите маки на душата за нивниот народ, и исто така сите мрморења на народот за нивниот цар; и тој им го објасни сето ова.

34 И тој им кажа дека овие нешта не треба да се случат; туку дека товарот треба да падне врз целиот народ, дека секој човек може да го носи својот дел.

35 И исто така им ги откри сите недостатоци под кои се трудеа, имајќи неправеден цар да владее врз нив;

36 Да, сите негови беззаконија и одвратности, и сите војни, и препирања, и крвопролевање, и крадењето, и ограбувањето, и извршувањето на блудства, и секаков вид на беззаконија кои не можат да бидат избројани—говорејќи им дека овие нешта не треба да се случат, дека беа изразено спротивни од Божјите заповеди.

37 И сега се случи, откако царот Мосија беше ги испратил овие нешта помеѓу неговиот народ тие беа убедени за вистината на неговите зборови.

38 Затоа тие се откажаа од своите желби за цар, и станаа премногу вознемирени дека секој човек треба да има еднаква шанса низ целата земја; да, и секој човек изрази спремност да одговара за своите сопствени гревови.

39 Затоа, се случи да се соберат заедно во групи низ земјата, да го дадат својот глас во врска со тоа кои да им бидат судии, да им судат според законот кој им беше даден; и беа премногу радосни поради слободата која им беше доделена.

40 И нивната љубов кон Мосија се зголеми; да, го ценеа повеќе од секој друг човек; бидејќи не го гледаа како тиранин кој бараше добивка, да, за оние пари кои ја корумпираа душата; бидејќи не бараше богатства од нив, ниту беше се воодушевувал од крвопролевањето; туку беше воспоставил мир во земјата, и беше му овозможил на неговиот народ да биде избавен од секаков вид на ропство; затоа го ценеа, да, премногу неизмерно.

41 И се случи тие да назначат судии да владеат врз нив, или да ги судат според законот; и ова го направија низ целата земја.

42 И се случи Алма да биде назначен за прв главен судија, тој исто беше високиот свештеник, неговиот татко му ја додели службата на него, и му ја даде должноста во врска со сите работи на црквата.

43 И сега се случи Алма да чекори по Господовите патеки, и ги одржуваше Неговите заповеди, и донесуваше праведни пресуди; и постоеше постојан мир низ земјата.

44 И така започна владеењето на судиите низ целата земја Зарахемла, помеѓу целиот народ кој беше наречен Нефитите; и Алма беше првиот и главен судија.

45 И сега се случи неговиот татко да умре, имајќи осумдесет и две години, живеејќи да ги исполни Божјите заповеди.

46 И се случи Мосија исто така да умре, во триесет и третата година од неговото владеење, имајќи шеесет и три години; во целина, петстотини и девет години од времето кога Лехи го напушти Ерусалим.

47 И така заврши владеењето на царевите врз народот на Нефи; и така завршија деновите на Алма, кој беше основач на нивната црква.