Свети Писма
Мосија 7


Глава 7

Амон ја открива земјата Лехи-Нефи каде, Лимхи е цар—Народот на Лимхи е под ропство на Ламанитите—Лимхи ја раскажува нивната историја—Еден пророк (Абинади) сведочеше дека Христос е Бог и Отец на сѐ—Тие што сеат нечистотија жнеат олуја, а оние кои ја положуваат својата вера во Господ ќе бидат избавени. Околу 121 п.н.е.

1 И сега, се случи откако царот Мосија беше имал постојан мир во текот на три години, посака да дознае за народот кој се искачи да престојува во земјата Лехи-Нефи, односно во градот Лехи-Нефи; бидејки неговиот народ ништо не слушна за нив од времето кога ја напуштија земјата Зарахемла; затоа, тие му досадуваа со нивните вознемирувања.

2 И се случи царот Мосија да им дозволи на шеснаесетмина негови силни луѓе да се качат до земјата Лехи-Нефи, за да се распрашаат за браќата свои.

3 И се случи утредента тие да почнат да се качуваат, имајќи го со нив Амон, тој беше јак и моќен маж, и потомок на Зарахемла; а исто беше и нивен водач.

4 И сега, тие не знаеа во кој правец ќе патуват низ пустината за да се искачат до земјата Лехи-Нефи; затоа многу денови скитаа во дивината, дури четириесет денови скитаа.

5 И бидејки четириесет денови беа скитале, дојдоа до еден рид кој е северно од земјата Силом, и таму ги поставија нивните шатори.

6 И Амон зема тројца од неговите браќа, а нивните имиња беа Амаликиј, Елем, и Хем, и тие се спуштија во земјата Нефи.

7 И ете, тие го сретнаа царот на народот кој беше во земјата Нефи, и во земјата Силом; и беа опколени од царевата гарда, и беа одведени и беа врзани и беа фрлени во затвор.

8 И се случи кога беа во затвор два дена, повторно беа однесени пред царот, и нивните окови беа одврзани; и тие застанаа пред царот, и им беше дозволено, односно попрво наредено, да одговорат на прашањата кои тој им ги постави.

9 А тој им рече: Ете, јас сум Лимхи, син Ноев, кој беше син на Зениф, кој излезе од земјата Зарахемла да ја наследи оваа земја, која беше земја на нивните татковци, кој со гласот на народот беше прогласен за цар.

10 А сега, посакувам да ја знам причината поради која бевте толку смели да се приближите до ѕидовите градски, додека јас со моите стражари бев надвор од капијата?

11 И сега, за оваа причина што дозволив да бидете зачувани, како би ве испрашал, инаку би наредил моите стражари да ве убијат. Дозволено ви е да зборувате.

12 И сега, кога Амон виде дека му беше дозволено да зборува, тргна напред и се поклони пред царот; и подигнувајки се повторно тој рече: О цару, денеска многу сум ви благодарен пред Бога што сум уште жив, и што ми е дозволено да зборувам; а ќе се обидам да зборувам со смелост;

13 Зашто сигурен сум дека ако бевте ме познавале нема да дозволите да ги носам овие окови. Зашто јас сум Амон, и наследник сум на Зарахемла, и излегов од земјата Зарахемла да се распрашам за нашите браќа, кои Зениф ги изведе од таа земја.

14 И сега, се случи дека кога Лимхи беше ги слушнал зборовите на Амон, многу се израдува, и рече: Сега со сигурност знам дека браќата мои кои беа во земјата Зарахемла се уште живи. И сега, ќе се радувам; а утре ќе наредам и мојот народ да се радува.

15 Зашто ете, ние сме во ропство на Ламанитите, и сме оданочени со данок кој е тежок да се издржи. И сега, ете, нашите браќа ќе нѐ избават од ропството наше, односно, од рацете на Ламанитите, и ќе бидеме робови нивни; зашто подобро е да сме робови на Нефитите отколку да плаќаме данок на царот на Ламанитите.

16 И сега, царот Лимхи им нареди на неговите стражари да не го држат врзан Амон ниту неговите браќа, туку им нареди да одат до ридот кој беше северно од Силом, и да ги доведат браќата свои во градот, за да можат да јадат, и да пијат, и да се одмораат од напорното патување; бидејќи беа претрпеле многу нешта; беа претрпеле глад, жед, и замор.

17 И сега, се случи утредента царот Лимхи да испрати проглас меѓу целиот свој народ, да се соберат заедно кај храмот, да ги чујат зборовите што тој ќе им ги говори.

18 И се случи дека кога тие беа се собрале заедно, тој им рече вака, говорејќи: О вие, народе мој, дигнете ги главите свои и утешете се; зашто ете, времето е близу, односно, не е далеку, кога нема да бидеме веќе потчинети на нашите непријатели, без оглед на многу борби наши кои беа залудни; сепак, верувам дека останува да се спроведе уште една успешна борба.

19 Затоа, дигнети ги главите свои, и радувајте се, и вербата своја ставете ја во Бог, на тој Бог кој беше Бог на Авраам, на Исак, и на Јаков; а покрај тоа на оној Бог кој ги изведе децата Израелови од земјата Египетска, и нареди да одат во суво преку Црвеното море и ги хранаше со мана за да не страдаат во дивината; и уште многу нешта за нив Тој правеше.

20 И повторно, Тој исти Бог ги изведе нашите татковци од земјата Ерусалимска, и го одржа и зачува Неговиот народ дури до сега; и ете, заради беззаконијата наши и одвратности Тој нѐ доведе нас во ропство.

21 И денеска сите вие сте сведоци, дека Зениф, кој беше поставен за цар на овој народ, бидејќи беше премногу ревносен да ја наследи земјата на своите татковци, Затоа беше измамен од лукавоста и итрината на царот Ламан, кој влезе во преговори со царот Зениф, и му го предаде во своите раце неговиот имот, дел од земјата, односно, градот Лехи-Нефи, и градот Силом; и околната земја—

22 А сето тоа го стори, со единствена намера да го доведе овој народ во потчинетост односно во ропство. И ете, ние сега плаќаме данок на Ламанитскиот цар, половина од нашата пченка, и нашиот јачмен, па дури и разни житарки, и половина од нашите стада и живина; и дури половина од сѐ што имаме односно поседуваме, царот на Ламанитите го бара од нас или ги бара нашите животи.

23 И сега, нели и тоа е тешко да се издржи? И нели е оваа, наша мака, голема? Сега ете, колкава причина имаме да жалиме.

24 Да, ви кажувам, имаме голема причина да се жалиме; зашто ете колку од нашите браќа беа убиени, и нивната крв беше пролеана залудно, сѐ заради беззаконието.

25 Зашто ако овој народ да не беше паднал во престап, Господ немаше да дозволи да ги снајде таа невоља. Но ете, тие не сакаа да ги послушаат Неговите зборови; туку се појавија препирања меѓу нив, и тоа толку големи што пролеваа крв меѓу нив.

26 И пророкот Господов го убија; да, избран човек Божји, кој им зборуваше за злото и одвратноста нивна, и пророкуваше многу за тоа што ќе дојде, да, дури и за доаѓањето Христово.

27 А бидејќи тој им рече дека Христос е Богот, Отецот на сѐ, и рече дека Тој ќе го преземе врз Него ликот на човек, а тоа ќе биде лик по кој е создаден човекот на почетокот; односно со други зборови, им рече дека човекот е создаден по ликот Божји, и дека Бог ќе слезе меѓу децата човечки, и ќе преземе врз Него месо и крв, и ќе оди по земјата—

28 И сега, бидејќи го кажа ова, тие го усмртија; и уште многу нешта му направија што го навлече гневот Божји на нив. Поради тоа, кој се чуди што тие се во ропство, и што имаат тешки маки?

29 Зашто ете, Господ рече: Јас нема да му помогнам на Мојот народ на денот на нивниот престап; туку Јас ќе ги попречам патеките нивни да не напредуваат; а нивните дела ќе бидат како камен за сопнување пред нив.

30 И повторно, Тој кажа: Ако Мојот народ сее нечистотија ќе жнее плевел во олујата; и затоа ќе се отрујат.

31 И повторно Тој кажа: Ако Мојот народ сее нечистотија, ќе жнее источен ветар, кој носи непосредно уништување.

32 И сега, ете, Господовото ветување се исполни, и вие сте удрени и погодени.

33 Но ако се завртите кон Господ со целосна намера на срцето, и ако имате верба во Него, и ако му служите на Него со сета трудољубивост на умот, ако го сторите тоа, Тој, според Неговата сопствена волја и желба, ќе ве избави од ропство.