Свети Писма
Мосија 6


Глава 6

Царот Венијамин ги запишува имињата на луѓето и назначува свештеници за да ги учат—Мосија владее како праведен цар. Околу 124–121 п.н.е.

1 И сега, царот Венијамин мислеше дека беше целисходно, откако заврши да му говори на народот, дека треба да ги земе имињата на сите оние кои беа влегле во завет со Бог за да ги одржуваат Неговите заповеди.

2 И се случи да нема ниту една душа, освен на малите деца, која не беше влегла во завет и не беше го земала врз себе Христовото име.

3 И повторно, се случи кога царот Венијамин беше ставил крај на сите овие нешта, и беше го осветил неговиот син Мосија да биде владетел и цар над неговиот народ, и беше му ги дал сите должности во врска со царството, и исто така беше назначил свештеници за да ги учат луѓето, за да можат да ги слушнат и да ги знаат заповедите на Бог и да ги наведе на сеќавањето на заклетвата која ја беа положиле, тој ги ослободи мноштвата, а тие се вратија, секој еден, со своите семејства, во нивните сопствени куќи.

4 И Мосија започна да владее на местото на татко му. И тој започна да владее во својата триесетта година, правејќи вкупно, околу четиристотини седумдесет и шест години од времето кога Лехи го напушти Ерусалим.

5 А царот Венијамин живееше три години и умре.

6 И се случи царот Мосија да чекори по Господовите патишта, и ги набљудуваше Неговите пресуди и Неговите одредби, и ги одржуваше Неговите заповеди за сѐ што Тој му заповедаше.

7 И царот Мосија ги натера неговите луѓе да ја обработуваат земјата. И тој исто така, самиот, ја обработуваше земјата, за да не му стане товар на неговиот народ, за да прави според тоа што татко му беше го правел во сѐ. И немаше никакви препирања помеѓу целиот негов народ за време од три години.